Лефков: Пет дена власта бега од одговори и одговорност за низа пропусти на системот

Пет дена од катастрофата со автобусот на Беса Транс во кој загинаа 45 граѓани на Македонија, власта нема конкретни одговори, а камо ли пак одговорност.

Власта не кажува како е можно конкретниот автобус во кој загинаа 45 лица, без лиценца за меѓународен транспорт да ја напушти државата? Тоа е исто како човек без соодветен документ да ја помине границата и да отиде во друга држава. Патем да биде уште посомнително е како овој автобус од Беса Транс поминал во 2020 и 2021 година вкупно 135 пати по нашите гранични премини.

Како е возможно Царинската управа на кобното патување овој автобус и останатите три од конвојот да не ги евидентирале во системот? Тука има и уште една контрадикторност. Министерот Бочварски тврди дека според неговите информации во конвојот патувал само еден автобус на Беса транс, а другите три биле изнајмени, а директорката на Царина Кутиров посочува дека сите автобуси биле од една иста компанија? Ако сите автобуси биле од една иста компанија, тогаш како може на толку далечно патување да се испратат четири автобуси, од кој еден не ни имал лиценца, а компанијата да има пријавено само четири возачи?

За какво владеење на правото можеме да зборуваме кога надлежниот Државен инспекторат за транспорт воден од Руфат Хусеини, поранешен градоначалник на Зајас, не може да влезе во Беса транс и тоа да го правда дека немало кој да им отвори?

Како е возможно министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да забранува прашања за оваа несреќа во која животите ги изгубија 45 лица и како се' да е нормално да држи пресови за буџетот?

Овде веќе се работи за низа пропусти во системот, сомнежи за злоупотреби, криминал и корупција.

Додека директорката на царина крева раменици, додека Бочварски се препелка во лаги, додека директорот на инспекторатот Хусеини не може да отвори една вратa, додека Спасовски бега од прашања, граѓаните бараат се повеќе одговори и одговорност. Ова е веќе безобразно однесување на власта. Сите овие гореспоменати да имаа грам морал ќе поднесеа веќе оставка.

Беса транс не можела да вози на диво без заштита од врвот на власта. Кој ќарувал од овој криминал? Кој ќарувал од заштитата на системот на мафијата?

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори и одговорност од власта, но и итни вонредни мерки со цел да се превенира за да не се случат слични катастрофи.

Да ги повториме мерките кои ги предлагаме:

1. Вонреден технички преглед на сите патнички автобуси и средства за јавен траспорт на патници на трошок на државата. Да се провери во какви услови се превезуваат луѓето.

2. Вонредна контрола на станиците за технички преглед, во поглед на условите и начинот на работа.

3. Истрага за тоа како поминал автобусот на граница без да е впишан во регистарот на автобуси. Неприфатливо е префрлањето на одговорност царина-полиција-инспекторат.

4. Јавно објавување на регистарот на автобуси и негов најнов апдејт.

5. Во иднина сите автобуси постари од 8 години наместо 2 задолжителни технички прегледи годишно да имаат најмалку 3, а автобусите постари од 12 години да имаат 4.

Дополнителните мерки, надвор од редовните мерки, да бидат на товар на државата. Само вака ќе бидеме сигурни дека сме направиле нешто да ги заштитиме животите на патниците во јавниот превоз и безбедноста во сообраќајот. Неодговорноста на власта ја видовме на дело и во оваа трагедија и во случајот со тетовскaта болница и за жал таа чини човечки животи, но барем да извлечеме поука и да спречиме нови катастрофи.

Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

САД ќе ја повлечат својата војска од Нигер

Повеќе од 1.000 американски војници ќе го напуштат Нигер во наредните месеци, објави Њујорк Тајмс.

Американски извори потврдиле дека веќе е постигнат договор за тоа меѓу заменик државниот секретар на САД Курт Кемпбел и раководството на Нигер, пренесува БТА.

Американската војска во Нигер е стационирана во две бази, вклучувајќи ја и базата за беспилотни летала позната како авиоабаза 201, изградена во близина на Агадез во централниот дел на Нигер.

Од 2018 година, базата се користи против милитантите од Исламската држава и Џамаат Нусрат ал-Ислам вал Муслимин, исламистичка организација поврзана со Ал Каеда, во регионот Сахел.

Армијата на Нигер ја презеде власта со државен удар минатата година. Пред пучот, Нигер беше клучен безбедносен партнер на САД и Франција. Но, новите власти во Нигер им се придружија на хунтите во соседните Мали и Буркина Фасо и ги прекинаа воените договори со своите некогашни западни сојузници како Вашингтон и Париз, напуштајќи го регионалниот политички и економски блок ECOWAS. Тие, исто така, започнаа поблиски врски со Русија.

Во наредните денови треба да се разговара за тоа како ќе се одвива повлекување на американските војници војници од Нигер. /МИА

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

притисни ентер