Лефков: Оставки на Спасовски и Бочварски и вонредна контрола на сите автобуси и технички прегле

Оставки на Спасовски и Бочварски и вонредна контрола на сите автобуси и технички прегледи во државата, во иднина регистарот на лиценци јавно да се објави

Најнапред дозволете од мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш да изразиме огромно жалење и сочувство за трагичната несреќа во која го загубија животот 45 патници од Македонија.

Сосема свесно цели три дена, додека траеа прогласените денови на жалост, не излегувавме со оценки во јавноста, со цел истите да не бидат сфатени како внесување на политика во целиот овој процес. Ние ќе продолжиме така и да се однесуваме, но воедно нема да премолчиме за очигледните пропусти, недоречености и барањето на одговорност за страшната несреќа.

Вистината е дека трагичната несреќа меѓу другото е последица и на немањето на функционален систем за превенција на вакви несреќи, корумпираноста на истиот и злоупотребите кои се прават со знаење на челните луѓе на одговорните министерства.

Доколку не се извлечат поуки од една страшна несреќа, како што беше на пример несреќата во Ласкарци, каде 16 луѓе ги загубија животот, се случува уште една друга несреќа како што е горењето на модуларната болница во Тетово каде животот го загубија 14 други наши сограѓани. Немањето на функционален систем не доведе до уште една трагична несреќа во Бугарија со 45 нови жртви.

Доста се губат животи поради неспособноста и корумпираноста на власта.

Овие три дена сме сведоци на префрлањето на одговорност од МВР на Инспекторатот за транспорт воден од Руфат Хусеини кој доаѓа од Зајас, па тој Инспекторат до Царината, за да на крај одговорноста спадне на некаков службеник од царината што значи дека и овој пат одговорност нема да има.

Автобусот не бил регистриран во регистарот за возила за превоз што отвора сомнеж за минувањето на граница.

Секоја несреќа или криминал во државава, Владата дозволува да заврши со одговорност на некој службеник.

Затоа денес предлагаме владата и институциите да превземат вонредни мерки. Чекањето нема да ги реши проблемите, ниту префрлањето на одговорност на институциите.

Затоа предлагаме.

1. Вонреден технички преглед на сите патнички автобуси и средства за јавен траспорт на патници на трошок на државата. Да се провери во какви услови се превезуваат луѓето.

2. Вонредна контрола на станиците за технички преглед, во поглед на условите и начинот на работа.

3. Истрага за тоа како поминал автобусот на граница без да е впишан во регистарот на автобуси. Неприфатливо е префрлањето на одговорност царина—полиција-инспекторат.

4. Јавно објавување на регистарот на автобуси и негов најнов апдејт.

5. Во иднина сите автобуси постари од 8 години наместо 2 задолжителни технички прегледи годишно да имаат најмалку 3, а автобусите постари од 12 години да имаат 4.

И на крај, преседаните пишуваа правила во нашата држава. Каде е моралната одговорност на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Зошто овие луѓе барем не понудија оставка поради морални причини. Очигледно не е само Филипче е со образ ѓон, туку цела влада е таква. Најмалку нешто што може да го направат е оставки на Спасовски и Бочварски од морални причини.

Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Почнува кампањата за парламентарните избори

Во екот на кампањата за претседателските избори, од денеска официјално стартува и кампањата за парламентарните избори. Двете кампањи ќе се одвиваат паралелно во текот на следните денови.

Пред Собранието е Јана Јосифоска, Јана од каде тргнуваат изборните каравани на партиите?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот народ

Денеска започнува првиот ден од изворната кампања за парламентарните избори. Денеска од тука, паркот во Ѓорче Петров сум заедно со Бојан Стојаноски и Габриела Калкова кои се на нашата листа за кандидати за пратеници.

Од тука сакаме да ги повикаме сите граѓани, не само од Ѓорче Петров, туку од целата ИЕ 2 да ни се приклучат.

Да ни се приклучат во оваа наша кампања, бидејќи ќе ја тераме секој ден една позитивна слика за Македонија ќе понудиме за граѓаните многу проекти и ќе понудиме подобар стандард за сите.

Ни ќе започнеме позитивно, како и секогаш.

Јас како носител во ИЕ 2 од секогаш кажувам дека на народот му треба надеж, му требаат промени, но му треба и позитива да види дека сме различни.

Доста беа црнила, доста беа црни сценарија во последниве седум години.

Видовме дека овие што се на власт ниту работат, ниту мислат добро за Македонија.

Затоа ние во нашата програма предвидуваме многу проекти.

Предвидуваме зголемени пензии уште во првата година за сите пензионери линеарно, но исто така повисоки плати, подобра здравствен систем, подобро образование, се разбира сите дечиња да имаат учебник и се она што секој еден граѓанин го засега.

Но, за да направиме историска победа ни треба поддршка од целиот македонски народ!

Таа победа би била победа за сите граѓани!

Треба Македонија да биде повторно твоја, да биде повторно на сите граѓани!

Затоа ги повикуваме сите ад се приклучат, бидејќи Македонија е во нивни раце!

Промените се во рацете на сите граѓани!

Промените стартуваат од тука, од Ѓорче Петров и насекаде во Македонија!, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.

ДУИ симулираше седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието

Со Ода на радоста отпеана на албански јазик Европскиот фронт ја започна камапњата за парламентарните избори. 

Преку симулација на конститутивна собраниска седница по изборите на 8-ми мај на која лидерот на итегративците Ахмети беше во улога на собраниски спикер, иако ораганизаторите немаа обезбедно елекронско галсање - со кревање на зелен картон наводните пратеници едногалсно го избраа Зијади Села за собраниски претседател. Поздравувајќи го громогалсен аплазу потсетија дека Села за малку ќе го загубел животот при изборот на Талат Џафери за собраниски претседател, а сега Џафери го гласа Села за прв човек на Собранието.

„Предлогот Зијадин Села да биде избран за претседател на Собранието на Македонија го ставам на гласање, кој е за.. констатирам дека Зијадин Села е избран за претседател на Собарнието’-– Али Ахмети, носител на листа во ИЕ6 .

„Почитувани пратеници благодарам за довербата. Продлжуваме со следните точки на дневниот ред“-– Зиајдин Села, носител на листа во ИЕ5 .

На дневен ред на симулираната седницата глатко поминаа и уставните измени и со максимални 120 галасови Бугарите влегоа во Преамбулата на македонскиот Устав. Усвоена беше и иницијативата за избор на претседател во Собранието со 2/3 мнозинство и со Бадентер.

„Констатирам дека со 120 гласа „за“ овие уставни измени на Северна Македонија се усвојуваат. Честитам и многу успеси„-– Зиајдин Села, носител на листа во ИЕ5 .

„ Држава која несамоволно одлучува за малите заедници кои немаат можност да бидат рамноправни, како постулат тоа го имавме предвид, затоа едногласно ја поддржуваме измената на Уставот, поддржуваме по пет години актуелниот претседател да покрене иницијатива шефот на државата да биде избран во Собранието, бидејќи тоа е директен одраз на застапеноста на граѓаните во највисокото законодавно тело“.-– Али Ахмети, носител на листа во ИЕ6 .

Симуалцијата беше заокружена со инаугураниција на престедателот Бујар Османи, кој по дадената свечена заклетва им се обрати на пратениците порачувајќи им дека со неговиот избор се срушиле и последните бариери за што граѓаните не можеле ниту да сонуваат.

притисни ентер