Ледена бура предизвика колапс во САД – откажани летови и тешки сообраќајки

 Зимското невреме, проследено со ледена бура,  вчера парализира поголем дел од САД, предизвикувајќи откажување на повеќе од 1.700 летови низ земјата.

Зимското невреме, проследено со ледена бура, вчера парализира поголем дел од САД, предизвикувајќи откажување на повеќе од 1.700 летови низ земјата, запирање на сообраќајот на меѓудржавниот автопат низ Арканзас и предизвикувајќи сериозни сообраќајни несреќи во Тексас, сојузна држава што не е навикната на мраз.

Додека ледената бура вчера се движеше кон исток, од западен Тексас сè до западна Вирџинија беа издадени предупредувања за опасност од невреме. И во текот на денешниот ден се очекуваат неколку серии мешани врнежи, вклучувајќи и замрзнат дожд и лапавица, што значи дека некои региони би можеле да бидат погодени од невремето повеќе пати предупреди Федералната метеоролошка служба.

Повеќе сообраќајни несреќи беа пријавени во Остин, Тексас, со најмалку една жртва, регистрира противпожарната служба во Остин. Во округот Тревис, Тексас, кој го опфаќа Остин, полицијата на секои три минути добивала повици за несреќи, соопштија локалните власти.

Само вчераутро во Тексас биле пријавени околу 7.000 прекини на електричната енергија,а тоа се должело на мраз на далноводите или соборени дрвја.

Флота од возила за итна помош беше испратена на дури 1.600 и патишта под мраз.

Во Арканзас, републиканската гувернерка Сара Хакаби Сандерс. вчера прогласи вонредна состојба поради ледената бура и кажа дека лошите услови на патиштата ја запреле утринската испорака на намирници до продавниците.

Училиштата и колеџите во Тексас, Оклахома и Арканзас најавија дека ќе бидат затворени, а наставата ќе се изведува онлајн.

Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите

Москва не бара конфронтација со американските вазали во Источна Европа, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Неколку западни функционери се обидоа да соберат поддршка за поголема помош за Украина тврдејќи дека Москва нема да запре доколку Киев биде поразен на бојното поле. Путин се осврна на овие тврдења за време на посетата на воздухопловната база Торжок во Тверската област.

- Тоа е бесмислица, рече рускиот претседател, укажувајќи на нееднаквоста во трошоците за одбрана на Русија и буџетите на војската на НАТО.

- Тврдењата дека по Украина ќе ја нападнеме Европа – тоа е целосна бесмислица и заплашување на сопственото население само за да извлечат пари од нив, рече Путин.

„Американските сателити“ во Источна Европа немаат причина за страв, додаде Путин. Според него, разговорот за потенцијален руски напад врз Полска, Чешка или балтичките земји е само пропаганда на владите кои настојуваат да ги исплашат своите граѓани „да извлечат дополнителни трошоци од народот, за да ги натераат да го носат овој товар на своите плеќи“.

- НАТО се шири кон руските граници, а не обратно, рече Путин, додавајќи дека Русија само „го штити својот народ на неговите историски територии“.

- Тие дојдоа точно до нашите граници. Дали ние отидовме преку океанот до границите на САД? Не, тие ни се доближуваат и многу блиску се приближија, рече тој.

Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето

Ние немаме намера да рехабилитираме никој. Ќе се постапува кон сите согласно законот. Но она што сакаме да го рехабилитираме  е токму Македонија, да се обидеме да ја трансформираме во стабилна и просперитетна држава.

„Ние немаме намера да рехабилитираме никој. Ќе се постапува кон сите согласно законот. Но она што сакаме да го рехабилитираме е токму Македонија, да се обидеме да ја трансформираме во стабилна и просперитетна држава која што ќе почива на едни самоодржливи политики“, рече претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и негоов

кандидат за претседател на државата за подкастот на Плус Инфо, Максим Димитриевски. Тој додаде дека целта е да се зголеми бруто домашниот производ за да имаме економски стабилна и просперитетна држава.

„Казнивоста да биде поеднаква кон сите и граѓаните сите да бидат од прв ред, а не само оние коишто се членови, симпатизери, поддржувачи, лојалисти на големите политички субјекти коишто во оваа држава се менувааат повеќе од 30 години, а за граѓаните од ден на ден е се полошо“.

Одговарајќи на прашањето зошто влегува во трката за претседател наместо комотно да биде носител на листа во Изборната единица 2 , каде што е суверен Димитриевски одговори: „Видете за да направите крупни промени во општеството потребни се и крупни чекори. Токму еден од таквите чекори е и мојата кандидатура за за претседателскатаа битка, бидејќи сметам дека самите промени нема да дојдат сами од себе. Потребно е нешто ново да им се понуди на

граѓаните. Сметам дека како човек којшто Куманово го научи како да менаџира со прилично признанени резултати, а и дополнително моментот кадешто видов дека имаме моќ за обединување на луѓе коишто биле и во редовите на СДСМ и во редовите на ВМРО, дојдов до заклучок дека можеме да го направиме тоа и на нацинално ниво. А нам во Македонија ни е

потребно национално помирување. Потребно е помирување во секое семејство“.

Запрашан како би постапил кога би бил на функцијата претседател доколку дојде закон кој е проблематичен, Димитриевски рече: „Токму тој мандат којшто го дава законот, Уставот, претседателот да може да го врати законот пред законодавниот дом е прилично сериозен инструмент во рацете на Претседателот за Собранието, како највисок орган во државната власт, бидејќи ние сме парламентарна демократија, согласно Уставот, ги преиспита своите одлуки. Вие во тој случај застанувате на страната на граѓаните“ и дополни дека со измената на Кривичниот закон се видела скриената соработка помеѓу власта и

опозицијата. „Сметам, додаде Димитиевски дека најмалку што можеше Пендаровски требаше тој ист закон да го врати на повторно разгледување и со тоа да укаже на Парлментот дека не само што не се согласува со тоа, туку тој како претставник, суверен претставник на граѓаните, не се согласува со истиот во нивно име. А тоа како ќе одлучи по втор пат парламентот е уште повисоко ниво на политичка одговорност доколку останувате на таквите ставови коишто првично ги имате зацртано“.

На констатацијата дека досега во земјава повеќе пати се нудела трета опција која не се покажала во најдобро светло и која е разликата што се нуди со ЗНАМ, Диитриевски потенцира дека одат сами на избори и немаат намера да влезат во власта по секоја цена.

„Првично ЗНАМ нема намера да стане јазиче на вагата, туку има намера да стане фактор на стабилизација на Македонија. Со тоа што верувам дека ќе добиеме огромна поддршка на следните паламентарни избори, којашто ЗНАМ ќе го позиционира како фактор на стабилност во следната влада. Но видете, кога вие сте слаби од внатре, кога во државата постои разногласие по сите национални прашања, кога постои огромна поделеност помеѓу политичкит субјекти, високо ниво на личнен антагонизам којшто реално постои во македонската политика, тогаш вие во очите на јавноста, кога ве набљудуваат од надвор изгледате многу слаб, порозен. Значи потребно е да се постигне високо ниво на единство, а тоа се постигнува со број на претставници во парламентот којшто го формираат мнозинството“, рече тој.

Димитриевски посочи дека ние сме членка на НАТО, а стратешка определба е да бидеме членки на Европската унија и додаде: „Но во Европската унија треба да влеземе сами на своето, како стабилна држава, држава без корупција и криминал, со нулта корупција, со една развојна компонента на самоодржливост, при тоа не распорадвајќи ги националните и стратешки ресурси со коишто располагаме во моментов. А тие Господ ни ги дал. Едно е сонцето, друго е плодната почва и третото се водите“.

Одговарајќи на прашањето како Македонија ќе стане економски просперитетна држава Димитриевски рече дека од искуството што го има во Куманово тоа е многу просто и многу едноставно. „Првично ја сузбивате корупцијата, владеење на правото. Право еднакво за сите, со обврски коишто ќќе ги имаат сите согласно законот. Ги намалувате непродуктивните трошоци, ги зголемувате сопствените приходи и доаѓате до финансиска стабилност. Тоа што го применувате на локално

ниво, ќе го примените и на централно ниво. За да се постигнат резултати потребно е многу работа,посветеност, луѓето да се идеолошки мотивирани и да си ја сакаат државата“.

Во однос на црните листи и како гледа на тоа, Димитриевски одговори: „Сето она што ќе излеззе во јавноста за било кој политичар и е легитимно од аспект на една суверена држава, како САД, да излезе и да каже дека за тоа и тоа лице постојат одредени докази,тоа потоа треба и да биде аргументирано, во спротивно ве става во состојба да добиете

анатемизација како личност, поединец за којшто не постојат соодветни докази. Не верувам дека САД би направиле такви пропусти како држава“.

Во однос на владеењето на правото и борбата за правда Димитривски посочи дека бил дел на Шарената револуција и додаде: „Јас до ден денеска верувам во тие идеи за коишто ние се залагавме и боревме. Точно е нема правда нема мир. Немаше правда и немаше мир ни тогаш, а нема ни денеска. Јас тоа директно го чувствувам на моја кожа со

монтираниот случај во Куманово за којшто ќе си дојде епилог. Бидејќи правдата е бавна , но доаѓа.Исто така ќе излезе вистината и во овој случај.

Во однос на казнивоста и неказнивоста и владеењето на правото тој посочи: „Ајде да направиме една анализа, дали ни до ден денеска,после 20 години власт во оваа држава имаме еден висок функционер на ДУИ којшто бил изведен пред лицето на правдата.Нема таков случај. Што значи ДУИ си ги користи неговите партнери во власта како обичен привезок за

реализирање на неговите цели. 2000 година по воениот кофликт буквално со калашњиков влегоа во парламентот, добија на трендот тогашен, по фијаското во Охрид и потпишувањето на Охридскиот рамковвен договор. Дополнително се инсталираа на сите ниво на извршната власт, направија комплетна политизација на системот и денеска од ден на ден ги гледаме

како ја запоседнуваат најбрутално независната судска и обвинителска власт . До каде ќе оди тоа. До создавање на приватно судство“.

На крајот од гостувањето во подкастот на Плус Инфо, Димитриевски потенцира дека: „Ние сме мал народ, но многу голем во срце. И најголемиот проблем бил во историјата да сфатиме дека треба да бидеме свои на своето, сигурни во себе и да генерераме и создаваме нови лидери, бидејќи моменталната политичка понуда на тој план е потрошена. На Македонија и се потребни нови лидери коишто ќе ја поведат во нови победи и нова стабилизација“.

ЗНАМ

ЦУК: Два пожара на отворено во последното деноноќие, 1 853 повици на 112

Во последното деноноќие регистрирани се два пожара на отворено. Пожарникарите од ТППЕ Валандово вчера од 12.45 до 15.45 часот гаснале запалена депонија во валандовското село Јосифово. 

Пожарникарите од ТППЕ Свети Николе вчера од 13.25 до 17.35 часот гаснале запалена ниска вегетација во близина на село Преод во Општина Свети Николе.

Како што информираат утрово од Центарот за управување со кризи, двете интервенции биле извршени со екипи од по тројца пожарникари и едно противпожарно возило.

Во изминатото деноноќие имало една помала интервенција на запален оџак на улица „Младинска“ бр. 236 во Струмица.

Согласно препораките на пожарникарите, оџаците е потребно редовно да се чистат. ЦУК апелира да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив.

Во последното деноноќие имало вкупно 1 853 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 46,52, а 53,48 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 70,44 отсто, кон итната медицинска помош 26,32, а кон пожарникарите 2,43 отсто од реалните повици кон 112.

притисни ентер