Леа Френсис - згодната Британка се соблече за Zoo

Леа Френсис е 25 годишна Британка која не се срами да покаже што има, и тоа добро да го наплати.

Во гаелријата погледнете ги фотографиите на Леа за магазинот Zoo.

Бочварски: Развојот на општините да продолжи согласно Законот за урбанистичко планирање

Во однос на ова прашање Уставен суд донесе своја  одлука во врска со мораториумот што е укинат како одлука на Општина Центар. Постоечкиот Закон  за урбанистичко планирање нуди одредени можности.

Важно е растот и развојот на општините да продолжи согласно сите можности и процедури што ги нуди Законот за урбанистичко и просторно планирање, порача денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, по вчерашната одлука на Уставниот суд за укинување на мораториумот за градење во Општина Центар.

Одговарајќи на новинарско прашање за комуникацијата помеѓу ресорното Министерство и Општина Центар, Бочварски истакна дека постоечкиот Закон за урбанистичко планирање нуди одредени можности. Доколку одредени урбанистички планови што ја загрозуваат животната средина и растот на општината, појасни, таа треба да поднесе елаборат со којшто ќе гарантира дека имаме одредени нарушувања на урбаното планирање и потоа да се разгледува во Министерството за транспорт и врски.

-Во однос на ова прашање Уставен суд донесе своја одлука во врска со мораториумот што е укинат како одлука на Општина Центар. Постоечкиот Закон за урбанистичко планирање нуди одредени можности. Ние разговараме со Општина Центар, тие ги бараат одговорите на овие прашања од нас, но најважно од се е дека доколку имаат одредена потреба на одредени урбанистички планови што ја загразовуваат животната средина, растот на општината итн, тие треба да поднесат елаборат со којшто ќе гарантираат дека имаме одредени нарушувања на урбаното живеење, планирање, итн, и потоа да се разгледува во Министерството за транспорт и врски, рече Бочварски.

Важно е, дополни, дека ДУП-овите кои се донесени и изгласани од Советот на општината се во сила заради тоа што истата таа општина некогаш ги изгласала. – Така што, може Општина Центар како матична општина, тоа се нивни урбанистички планови, да разработува свои планови и стратегии како ќе работат понатаму. Важно е растот и развојот на општините да продолжи и да продолжи комуникацијата согласно сите можности и процедури што ги нуди Законот за урбанистичко и просторно планирање, наведе Бочварски.

Уставниот суд, како што стои во соопштението објавено на нивната веб страница, на вчерашната седница ја укина Одлуката за начинот на применување на деталните урбани­стички планови, бр.08-1859/2 од 27.03.2019 година, донесена од Советот на Општина Центар („Службен гласник на Општина Центар" бр.6/2019 од 28.03. 2019 година) и го стави вон сила Решението за запирање на извршу­вањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на актот, означен во точката 1 од оваа одлука.

Санкциониран возач кој се движел со 182 км на час во близина на Дебреше

Сообраќајци фатиле на радар автомобил чиј возач возел со брзина од 182 километри на час по автопатот „Мајка Тереза" во близина на натпатникот за гостиварското село Дебреше. 

На овој дел од сообраќајницата, максималната дозволена брзина е 80 км на час, со што возачот ја надминал за 102 км/ч.

Голфот со скопски регистерски ознаки бил запрен, а на возачот му била напишана глоба од 400 евра. За прекршокот, времено му е одземена и возачката дозвола.

Од СВР Тетово информираат дека во текот на вчерашниот ден спровеле акциска контрола за пречекорување на брзина.

– Вчера (3 март) од 9 до 14 часот, на поширокото гостиварско подрачје, односно на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на Дебрешки натпатник, спроведена е локална акциска контрола за брзина со која се движат возилата надвор од населено место Откриени и законски санкционирани биле вкупно 30 прекршоци. Шест од прекршоците биле пречекорувања на брзината за повеќе од 70 километри на час, а 24 пречекорувања биле за 50 до 70 километри на час. При контролата, исто така, санкционирани се и 2 други видови прекршоци, навдуваат од СВР Тетово.

Прекин на сообраќајот на патниот правец А1 Кичево – Охрид поради минирање

Сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани, ќе биде во прекин денеска помеѓу 12:00 и 15:00 часот во времетраење од 15 до 20 минути, информираат од АМСМ.

Прекинот е поради изведување на градежни работи на пат – минирање.

притисни ентер