Ле Поен: Кукавичлукот на Франција на Балканот

 Во уреднички коментар за угледниот француски весник „Ле Поен", новинарот Лук де Бароше ја нарекува „кукавичлук" француската блокада на Македонија и Албанија минатата недела во Брисел.

– Во миг кога Соединетите Американски Држави на Доналд Трамп ги предаваат Курдите, Франција го пушта Балкан низ вода. Непосредните последици се помалку драматични, но откажувањето е слично. Под влијание на Париз, Европа предаде дел од себе на штетното влијание на Кина, Русија и Турција. Жално е да се види, како во Сирија, откажување на Западот, пораз на демократијата и на европските вредност, пишува Бароше.

Посочува дека францускиот претседател ставил вето на 18 октомври во Брисел и покрај позитивното гласање на Европскиот Парламент и согласноста на речиси сите земји членки на предлогот на Комисијата да отвори преговори со Северна Македонија и Албанија.

– Пораката што се испраќа на тој начин до балканските земји е спорна: без разлика дали се реформирате, дали ги прифаќате нашите вредности, Франција не ве сака во Унијата. Точно е дека Албанија е спорен случај. Северна Македонија, пак, е примерен ученик. Таа не престана да се реформира. Влезе во ефикасна борба против корупцијата. Избра проевропска влада. И отиде дотаму да го промени своето име! Преку договор со Атина, која смета дека има право исто колку Скопје на античкото македонско наследство, поранешната југословенска република Македонија отсега се нарекува С. Македонија. На некој начин тоа е како Германија да ја натера Франција да го смени своето име затоа што Франките биле германско племе. Можеме да замислиме колку ова барање било тешко да се прифати за македонскиот народ. Со тоа што не ја награди оваа реформска храброст, Европа го погази сопствениот збор, се наведува во коментарот.

Според Бароше, предавството на ова ветување ги потхранува националистичките сили и корумпираните мрежи и го ослабува проевропскиот табор, а Европската унија ризикува да го изгуви својот кредибилитет и влијание.

– За да го оправда своето вето, претседателот Макрон се повика на потребата за ЕУ прво да го подобри сопственото функционирање и процесот на пристапување пред да се прошири. Неговите намери се за поздравување, иако во нив можеме да видиме лицемерие од страна на земја која, од отфрлањето на референдумот во 2005, е една од првите што блокира секаков напредок во Европа. ЕУ може и треба да се реформира. Но, тоа не ја спречува истовремено да преговара со Македонија. Спротивставувањето на проширувањето и продлабочувањето е проверен начин да не се стори ни едното, ни другото, потхранувајќи ја и понатаму спиралата на европскиот пораз. Реалноста е дека Франција нема доверба во проширувањето откако ЕУ започна пристапни преговори со Турција во 2005. ЕУ треба да има храброст да ги прекине овие преговори со земја која навлезе во автократија. Но, местото на Балканот е во Европа. А лидерството, за еден претседател на Републиката, се состои исто така во способноста да му го објасни тоа на својот народ, го завршува својот коментар Лук де Бароше./МИА.

Во Росоман и Демир Капија стартуваше гласањето за претседателските избори

Во Росоман и Демир Капија стартуваше гласањето за претседателските избори, од општинските изборни комисии информираа дека навремено се отворени сите избирачки места.  

Вкупно 113 болни и изнемоштени лица од Росоман и Демир Капија и петмина од затвор, беа пријавени за гласање во текот на вчерашниот ден, согласно на законот.

- Во единствениот избирачки список, се запишани 3.289 лица од општина Росоман со право на глас. Од нив, 51 болно и изнемоштено лице, како и двајца од затвор, беа пријавени за гласање за вчера, појасни претседателот на општинската изборна комисија, Александар Чадамов, за МИА.

Во Демир Капија, како што соопшти претседателот на ОИК, Благој Јовановски, 62 болни и немоќни лица, како и тројца од затвор, имаа законска можност да гласаат во текот на вчерашниот ден. Инаку, во Демир Капија се регистрирани вкупно 3.216 гласачи.

Навреме отворени гласачките места во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

 Навреме се отворени гласачките места во Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираа денеска општинските изборни комисии.

Елизабета Стојковска, претседателка ОИК Куманово соопшти дека сите избирачки места навреме се отворени. Во Куманово, право на глас имаат 93.364 гласачи, кои гласаат на 167 избирачки места

- Гласањето почна навреме и во Липково, информираше претседателката на ОИК, Ајше Демири. Во оваа општина право на глас имаат 25.998 избирачи кои гласаат на 36 места.

Претседателот на ОИК Старо Нагоричане, Марјан Даиловски, рече дека навреме се отворени гласачките места. Во Старо Нагоричане право на глас имаат има 3.043 гласачи, кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ќе ги опслужуваат 36 избирачки одбори.

Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште

Пратениците во американската сојузна држава Тенеси вчера усвоија закон со кој на наставниците во државата ќе им се овозможи да носат скриени пиштоли на училиште, додека демонстранти од галеријата гласно протестираа против тоа.

Нацрт-законот беше одобрен со 68 гласа „за“ наспроти 28 гласови против во Претставничкиот дом на Тенеси, во кој доминираат републиканците. Државниот Сенат го усвои законот претходно овој месец.

Тенеси има жестока дебата за законите за оружје по минатогодишното пукање во училиште во Нешвил во кое загинаа три деца и тројца возрасни членови на персоналот.

Некои од демократите во Претставничкиот дом помогнаа во организацијата на протестите во главниот град, што доведе до нивно кратко протерување од законодавниот дом минатата година.

Околу половина од сите американски држави им дозволуваат на наставниците или другите вработени во училиштата да носат огнено оружје во просторот на училиштето, наведува Правниот центар Гифордс, група за безбедност на оружје. Според законот на Тенеси, секое лице кое сака да носи скриен пиштол на училиште мора да заврши најмалку 40 часа обука во училишната полиција. Трошоците за обуката заедно со огненото оружје се на товар на поединецот.

Според предлог-законот, идентитетот на наставникот или членот на персоналот што носи оружје нема да биде јавен. Директорите на училиштата мора да дадат одобрение за лицето да носи оружје, а началниците на локалната полиција мора да бидат информирани за идентитетот на носителот. /МИА

притисни ентер