ЛДП: Конечно се стави крај на „луксузот" економски директори на клиниките

Иницијативата на ЛДП прифатена, конечно се стави крај на „луксузот" економски директори на Клиниките.

Либерално-Демократска Партија ја поздравува одлуката на министерот за здравство Фатмир Меџити со која се прифаќа предлогот на ЛДП од јануари наредната година да функционира еден Клинички центар, со еден генерален директор, со што би се укинале организациските (економски) директори на одделните клиники.

- Иницијативата на ЛДП прифатена, конечно се стави крај на „луксузот" економски директори на Клиниките. Со измените треба да се овозможи рационално трошење на средствата на граѓаните и пренамена на средствата. Затоа предлагаме веднаш да се измени одредбата од член 105 со која е предвидено именување на двајца директори и тоа организациски и медицински директор, велат од партијата.

Од партијата порачуваат дека потребно е итно решавање на натрупаните проблеми во здравството преку измени во Законите за здравствена заштита и здравствено осигурување со цел обезбедување на квалитетна здравствена заштита на сите граѓани во земјава, а во јавните здравствени установи да се воспостават квалитетни менаџерски тимови раководени од еден директор со што во голема мера ќе се заштедат средства кои може да се пренаменат.

Либерално-демократска партија

Здравко Чолиќ го слави својот 72 роденден: Енергијата не соодвествува со годините

Здравко Чолиќ денеска го слави својот 72 роденден.

Иако е во осмата деценија, неговата енергија не соодветствува со изводот на родените, како што покажа на неодамнешниот концерт во Тузла.

Роден е во Сараево во скромно семејство, а со децении е една од најголемите музички ѕвезди на овие простори.

Иако жените лудуваа по Чола, тој никогаш не го привлече вниманието на јавноста со љубовните врски.

Тој веќе подолго време е во брак со Александра која не се појавува со него во јавност, а имаат две ќерки.

Украина: Секогаш знаеме каде се Путин и Пригожин, ги следиме во реално време

Воената разузнавачка служба на Украина во реално време го следи местото каде се наоѓаат Владимир Путин и основачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави портпаролот на службата.

Андриј Јусов рече дека „и покрај сите обиди и напори да се сокријат овие информации“ и наводната употреба на „различни технологии, вклучително и употребата на двојници“, Русија не успева да ги скрие локациите на Путин и Пригожин.

Што се однесува до нивното место на живеење, се разбира дека знаеме каде се тие во секое време“, изјави Јусов за Киев пост. „Путин е чуван, тој е добро чувана личност. Пригожин не е таков и тој се однесува можеби најслободно меѓу рускиот естаблишмент. Сите овие информации ни се познати нам и на нашите партнери и често се следат во реално време“, додава тој.

Тој вели дека во моментов Украина нема желба или намера да го убие ниту Пригожин, ниту Путин. „Во однос на приоритетните цели, сите воени злосторници мора да бидат казнети“, рече тој.

„Како цивилизирана земја, Украина е заинтересирана казнувањето на воените злосторници во рамките на меѓународното право пред меѓународен суд. Во овој контекст, приоритет број еден за Украина и Централната разузнавачка агенција е навистина да го доведат Путин до Хаг на судење пред овој суд“, заклучи тој, пренесе Индекс.хр.

„WhatsApp“ тестира интересна опција за „Android“

„WhatsApp“ е во фаза на тестирање на функцијата за споделување екран, која црпи инспирација од платформите „Zoom“ и „Microsoft Teams“.

Според веб-страницата „WABetaInfo“, функцијата ја снима и прикажува содржината на екранот на корисникот што се споделува со лицето на другиот крај на видеоповикот.

Оваа опција се прикажува како нова икона на телефонот со стрелка која покажува настрана од уредот. По притискање на новото копче, се појавува порака со која го прашува корисникот дали сака да започне да снима или прикажува содржина на „WhatsApp“.

Пораката е придружена со известување дека „WhatsApp“ ќе има пристап до која било лозинка, фотографија или детали за плаќање прикажани на овој начин. Ако корисникот се согласува со ова, тој може да кликнете на „ Start now “. Споделувањето екран може да се прекине во секое време.

Споделувањето екран моментално е достапно само за избрани тестери на „Android“, но би требало да стане достапно за повеќе корисници во наредните недели.

притисни ентер