Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги закочи измените за недела неработен ден

ВМРО-ДПМНЕ преку своите коалициски партнери се обидува да ги закочи измените за недела неработен ден.

По налог на Христијан Мицкоски, неговите коалициони партнери Алијанса и Алтернатива, овде во Собранието се обидуваат да закочат уште едни важни законски измени.

Претседателот на Комисијата за труд и социјална политика од редовите на Алијанса-Алтернатива, Хусни Исмаили, упорно не закажува седница на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за работни односи, со кои недела станува ден за одмор за сите работници.

Овие измени на сила треба да стапат на први октомври, а денеска на десет дена пред тоj датум, опозицијата во Собранието се обидува да ги спречи тие измени.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, секогаш кога во Собранието треба да се носат закони кои се во корист на граѓаните, оваа партија на секој начин се обидува да ги блокира и закочи.

Овој пат тоа очигледно го прави преку своите коалициски партнери.

Ваквиот лицемерен и неодговорен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните е одамна прочитан и препознаен.

ВМРО-ДПМНЕ не може да понуди ништо освен лажни вести, деструкции и блокади, ВМРО-ДПМНЕ не знае ништо друго освен да работи на штета на граѓаните.

Затоа на изборите ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и нивните коалициски партнери ги очекува нов силен пораз од граѓаните.

Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ

Франција ги замрзнува цените на гасот до крајот на идната година

Франција ги замрзна цените на гасот за домаќинства до крајот на следната година, изјави францускиот премиер Жан Катекс, појаснувајќи дека ваквата одлука е донесена по наглото зголемување на цените на енергенсите.

Дополнително, домаќинствата со ниски примања во Франција ќе добијат „премија за инфлација” од 100 евра.

„Веруваме дека ова зголемување на цената ќе биде привремено, но не можеме да дозволиме да го попречи економското закрепнување” по пандемијата на коронавирусот“, нагласува Катекс. Тој истакна дека експертите веќе ја предупредиле француската влада дека „цените ќе се намалат побавно отколку што се очекувало.

МЗ: Вкупно се аплицирани 1.574.184 дози вакцини

Ревакцинирани 46% од полнолетните граѓани во државата.

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.933 дози вакцини, од кои 483 се аплицирани како прва доза, 1.150 се ревакцинирани, а 3.300 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 21 октомври вкупно се вакцинирани 800.718 граѓани, ревакцинирани се 767.800 а трета доза примиле 5.666 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Шилегов: Скопје е жртва на ГУП од 2012 на Вмро-Дпмне, да не дозволиме да го носат и во 2022

Според Шилегов, носењето на нов ГУП е вистинска можност градот да се врати онаму каде што треба.

Во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција по повод отпочнување на асфалтирањето на булеварот „Киро Глигоров“ во општина Гази Баба, градоначалникот Петре Шилегов истакна дека хаосот во урбанистичкото планирање, урбанистичките девијации и нарушувањето на јавниот простор и животната средина кои се случуваат во Скопје се резултат на генералниот урбанистички план донесен во 2012 година од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Скопје е жртва на генералниот урбанистички план донесен од партијата на госпоѓа Арсовска во 2012 година. Ако дозволиме повторно таа структура да го донесе генералниот урбанистички план, ќе продолжиме да живееме во хаос“, изјави Шилегов.

Тој додаде дека е важно пред вториот круг на локалните избори да се соочат и концептите за облагородување и хуманизација на јавниот простор, а кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ јасно да го изнесе својот став за целосната дислокација на тешката индустрија од градот Скопје, како што е предвидено во новиот генерален урбанистички план.

Според Шилегов, носењето на нов ГУП е вистинска можност градот да се врати онаму каде што треба.

притисни ентер