Лавров го посочи западот за виновник за проблемите на Балканот

Огромен медиумски интерес во Скопје предизвика прес конференцијата на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров која траеше речиси час и половина.

Над 100 новинари, сниматели и фотографи од европските медиуми и дваесетина плус кои пристигнаа со руската делегација – огромен медиумски интерес во Скопје предизвика прес конференцијата на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров која траеше речиси час и половина.. Во десетиците прашања фокусот беше војната во Украина, па во неколку наврати Лавров им забележа на новинарите дека не се работело за војна, упатувајќи низа критики до западот..

Оцени дека нема причини да се слави 30 годишнината на ОБСЕ затоа што, како што рече Лавров, организацијата е деградирана на сите полиња, а говорите на западните министри на Самитот во Скопје се доказ дека тие не ја научиле лекцијата. Според него тенденциозна била и кратката посета на Блинкен пред почеток на самитот, пред тој да пристигне во Македонија.

-Побегна мојот колега, државниот секретар на САД Блинкен, јас не побегнав никаде. На овој настан не присуствуваа ниту украинскиот министер, ниту министрите на Полска и балтичките земји. Како што разбрав, заминаа и Блинкен и Борел. Зошто се случува ова? Тие веројатно мислат дека со тоа ја нагласуваат нивната намера да се изолира Русија. И мислам дека тие се едноставно кукавици, се плашат од каков било искрен разговор со фактите во рака.- Сергеј Лавров – министер за надворешни работи на Русија.

Лавров беше прашан и за коментар околу македонско-бугарските односи.. Рече дека не е експерт за конкретниот проблем, но оцени дека зад секој Балкански проблем повторно стои Западот кој според него ги „подбуцнувал“ народите едни против други.

-Не само за односите меѓу Бугарија и Македонија, туку за сите балкански земји, би рекол дека коренот на сите балкански проблеми лежи во однесувањето на западните сили, особено за државите од поранешните југословенски држави. Иако сум тука два дена, ги гледам луѓето на улица и гледам топлина и гостопримство. Чувството е заемно. - Сергеј Лавров – министер за надворешни работи на Русија.

На острите критики и обвинувања од Лавров експресно реагираше амбасадорот на САД во ОБСЕ Карпентер, кој кажа дека шефот на руската дипломатија ја префрла вината на погрешна адреса.

-Видете, никој не сака да седи на амсата со министерот Лавров и да слуша лаги, дезинформации и пропаганда, значи да се држите подалеку од масата мислам дека е чин кој има многу смисла доколку не сте некој кој е мазохист. Мислам дека министерот за надворешни работи Лавров, со цела должна почит, има тенденција да префрла вина на други. Ја има усовршено таа уметност. Всушност мислам дека треба да погледне и да се преиспита за руското влијание во разни демократски земји, вклучително и на Западен Балкан каде е многу изразено, би било соодветно за него.- Михаел Карпентер - амбасадор на САД во ОБСЕ.

По прес конференцијата, руската делегација си замина од Скопје.

Самитот во Скопје беше првиот настан по почетокот на војната на кој присуствуваа и Лавров и Блинкен, но тие не само што не се сретнаа, туку и целосно се разминаа, што според дел од дипломатите што учествуваа на состанокот, беше оценето како пропуштена шасна да се разговора за крај на војната во Украина.

Украина планира советувалишта за бегалците кои сакаат да се вратат дома

 Украина сака да ги зголеми напорите да ги убеди бегалците во Германија да се вратат, а украинската влада планира советувалишта за бегалците кои сакаат да се вратат во Украина, изјави денеска украинскиот вицепремиер, Олексеј Чернишов.

-Голем број бегалци во Германија сериозно планираат да се вратат во Украина и ние мора да им помогнеме во тоа, изјави Олексеј Чернишов за германските медиуми.

Чернишов, кој го предводи новоформираното Министерство за враќање на бегалците, минатата недела беше во Берлин подготвувајќи се да изгради центри каде што украинските бегалци во Германија би можеле да добијат совети и помош при враќањето во Украина.

Тој објасни дека Украина страда од недостиг од војници, како и од работна сила во важни сектори. „Ситуацијата е особено критична во енергетскиот сектор, воената индустрија и градежништвото“, рече Чернишов.

Тој им рече на регрутите дека ќе бидат ослободени од воена служба доколку се стават на располагање на еден од секторите со дефицит. „Секој што работи во електраната нема да биде регрутиран. Тоа е загарантирано“, изјави украинскиот вицепремиер.

Според него, центрите ќе даваат поддршка и за оние кои не сакаат да се вратат во Украина, а се невработени во Германија.

Од почетокот на руската агресија врз оваа земја во Германија пристигнале 1,1 милион бегалци од Украина.

Неодамна во Германија се засили дебатата за нивниот статус. Водечката Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ постојано бараше да се намали државната помош за украинските бегалци.

Наполи во финални преговори за Гарначо

 Директорите на Наполи наскоро ќе се сретнат со своите колеги од Манчестер Јунајтед за трансферот на Алехандро Гарначо, пишува „Кориере дело Спорт“.

„Црвените ѓаволи“ ќе патуваат во Италија, каде што ќе преговараат за Патрик Доргу од Лече.

Според изданието, деновиве ќе има вести за договорот со Гарначо.

Наполи веќе понуди околу 50 милиони евра за Аргентинецот и се верува дека конечната понуда би можела да достигне 60 милиони. Се шпекулира дека од Манчестер Јунајтед бараат 80 милиони евра.

Гарначо (20) веќе ги договорил личните услови со Италијанците и се чека само одлуката на „црвените ѓаволи“.

Аргентинецот се гледа како наследник на Хвича Кварацхелија, кој се пресели во ПСЖ.

Охриѓани доследни на традицијата, со музика, топла ракија, плашици одбележан Денот на рибарите

Богојавленските празници во Охрид се меѓу најпочитуваните денови од православниот календар. 

И оваа година охриѓани се собраа на Сараиште за со песна, топла ракија, пржени плашици да го прослават празникот Собор на Свети Јовен Крстител, низ народот познат и како Денот на рибарите, како потсетување на традицијата на капење на рибарите на денот кога се означувал крајот на мрестот на пастрмката и почетокот на сезоната на стопански риболов.

Со оглед на забраната за риболов во поново време Денот на рибарите се одбележува со капење на православните верници од градот, секогаш предводени од тајфата на оној што ќе го фати Чесниот крст. Оваа, како и пред три години, тоа беше дружината на Мартин Гоџоски.

Организацијата на манифестацијата и за Денот на рибарите веќе неколку години е на Локалната самоуправа заедно со Дебарско-кичевската епархија, а во насока на нејзино збогатување што ги придонеле за што поголема масовност и посетеност на гости во градот за празникот Богојавленски водосвет.

Инаку, празнувањето на Богојавленскиот водосвет во Охрид е една од најмасовните црковно-верски манифестации во овој дел од православието, како според бројот посетители на чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро, така и по бројот верници и гости кои влегуваат во студените езерски води за да го фатат Светиот крст.

притисни ентер