Лашкоска: Владата на Заев ги излажа УНЕСКО, експертите и охриѓани

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека предлог законот за заштитата на охридското подрачје е различен од тој што бил ставен на јавна расправа. 

Вметната била одредба со која одлуките во советот ќе треба да се носат со Бадинтер, што според партијата, е класично политизирање.

Скандалозниот однос на Владата предводена од Заев кон Охрид и Охридскиот регион добива свои уште поскандалозни продолженија.

Предлог законското решение за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион кое што е доставено во Собранието, деновиве можевме да видиме и слушнеме дека не е тоа на кое што било работено изминатиот период со граѓанските организации запознати со проблемот. Ова значи дека јавните расправи на оваа тема кои што биле правени биле буквално фрлени во корпа заедно со сите експертски мислења кои биле изнесени.

Ова само го покажува односот на Власта кон експертската јавност.

Дополнително, можевме да слушнеме и видиме оти Владата тоа што го презентирала пред комитетот на УНЕСКО во Баку не соодествува со тоа кое што сега како предлог законско решение го нуди.

Владата на Заев со ова ги излажа и експерите и Унеско и сите граѓани на Охрид и Република Македонија.

Да потсетиме, спротивно на сите насоки оваа Влада вметнува одредби со кои новиот Совет треба да одлучува со бадентер што е спротивно на Уставот, а згора на тоа во Советот да членува и еден надворешен претставник на предлог на министерот за политички систем и односи меѓу заедниците.

Класично политизирање на една тема која треба експерти да ја уредуваат.

Да потенцирам, ова не го говори само ВМРО-ДПМНЕ, туку ова го говорат медиумите, експертите и претставниците на невладините организации.

Почитувани,

Заев покажа дека приоритет му е политичкиот пазар наместо угледот на државата, граѓаните и градот Охрид. Тој на политички пазар е подготвен да стави и културните и природните богатства на Охрид и Македонија само да се зачува на власт.

Затоа бараме итно да се повлече ова предлог законско решение од собраниска процедура. Закон за Охрид и охридскиот регион има во сила и обврските кои ги имаат надлежните органи и институции и по овој закон можеа да си ги завршат и лани, и пред неколку месеци, но кога веќе ништо не реализирале, им препорачуваме тоа да почнат да го прават уште од денес. Без политизирање неопходно е да се отпочне со превземање на соодветни мерки со цел да се спречи губењето на статусот на градот во УНЕСКО.

Ако не се отпочне веднаш ќе стане очигледно дека и Охрид и Македонија имаат една и единствена дивоградба која го уништува угледот на државата. Тоа е владата на Зоран Заев, која мора што поскоро да се сруши на избори за да се врати достоинството и на Охриѓани и на сите граѓани на Македонија.

Баерн го вброи Емери во кандидатите за тренерската позиција

Актуелниот бундеслигашки шампион Баерн Минхен размислува за следната сезона на тренерското место да го донесе предводникот на Астон Вила, Унаи Емери.

Според „TZ“ тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо е главна цел на клубот од Минхен, но поради силниот интерес за Шпанецот од Ливерпул, кој на крајот на сезоната ќе го напушти Јирген Клоп, германскиот клуб размислува за други опции.

Претходно беше објавено дека Баерн размислува и за Роберто Де Зерби од Брајтон, како и за селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман.

Во февруари, Баерн најави заминување на главниот тренер Томас Тухел од клубот на крајот на сезоната 2023/24.

Џафери – Коцевски: Ефикасност од институциите за фер избори

 Претседателот на техничката Влада Талат Џафери денеска се сретна со јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Коцевски.

Средбата се реализираше на барање на премиерот Џафери, согласно законската надлежност на Владата за организирање фер и демократски избори, соопшти владината прес-служба.

Џафери на состанокот ја истакна недвосмислената определба на Владата за реализација на избори коишто ќе ја одразат реалната волја на граѓаните. Притоа, посочи дека активностите на Владата се одвиваат според законските надлежности, а лично тој и претставниците на Владата се водат од наратив за позитивна клима во предизборието.

Од страна на јавниот обвинител Коцевски беше поздравена оваа иницијатива на премиерот Џафери, која е во насока на координирање на активностите за успешно спроведување на изборите, со поддршка од сите институции кои се дел од овој процес. Коцевски изрази целосна поддршка за активностите за препознавање индиции и пресретнување на евентуални дела спротивни на заложбите за спроведување законски и фер изборни процеси.

Заеднички е констатирано дека двојните избори во државава се од исклучителна важност во рамки на очекувањата за напредок на Република Македонија во евроинтеграцискиот процес. И во таа насока е потенцирана улогата на сите надлежни институции и потребата од ефикасно дејствување, со цел спроведување фер и демократски изборни процеси. Нагласено беше очекувањето од двете страни, дека сите учесници во изборите го согледуваат својот дел од одговорноста и ќе придонесат во поттикнувањето и одржувањето атмосфера на конструктивност, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Во Торонто промоција на книги на Крисанта Јанкула од Мала Преспа

 Во организација на литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада, одржана е промоција на  три книги на наставничката по македонски јазик Крисанта Јанкула од Горна Горица, Мала Преспа, Албанија, јави весникот „Македониум“.

Станува збор за „Записи од мојот крај“, „Преспа под Албанија, Божја убавина“ и „Поезија и проза од мојот крај“.

Според весникот, промоцијата побудила голем интерес и внимание од македонската заедница во Торонто.

- Не можам да го опишам големо задоволство што сум меѓу Македонците во Канада. Горда сум што во текот на целиот мој работен век, но и сега со целото мое битие се залагам за заштита на мајчиниот македонски јазик, идентитет и традиции, рече таа на промоцијата.

Додаде дека записите од Преспа почнала да ги собира со цел традициите на Македонците да останат во наследство на другите генерации.

- Во мојата работа, голема помош имав и од моите ученици, кои помогнаа во прибирањето на метеријалот со изкази на нивните дедовци и баби, посочи таа.

Се до пензионирањето, Јанкула, наставник по македонски јазик, била во деветтолетката „Отпорот на Горичаните“ во Долна Горица, каде во одреден период била и директор.

притисни ентер