Лашкоска: СДСМ повторно ги заборави работниците од Еурокомпозит

 СДСМ повторно ги заборави работниците од Еурокомпозит, ВМРО-ДПМНЕ предложи амандман за исплата на нивните плати и здравствено осигурување.

За СДСМ човечките животи и судбини воопшто не се важни.

СДСМ на чело со премиерот во заминување Зоран Заев, повторно по којзнае кој пат ги излажаа и ги заборавија вработените во прилепскиот Еурокомпозит.

Пари за исплата на неисплатените плати и придонеси на овие работници, повторно и во буџетот за 2021 година, СДСМ одлучи да нема. Уште едно лажно ветување и поигрување со судбината на вработените во прилепски Еурокомпозит.

СДСМ уште еднаш ги остави овие луѓе на цедило. Ги остави без плати, но замислете, во услови на пандемија и тешка секојдневна борба со Ковид 19, ги остави и без здравствено осигурување. Срамно, безобразно и лицемерно однесување на СДСМ.

СДСМ има пари за набавка на нови возила и нов мебел за министерствата, има и за бадеми и ф’стаци и други луксузирања, но нема за исплата на плати и здравствено осигурување за вработените во Еурокомпозит. Очигледно за СДСМ и Зоран Заев, дадените ветувања, дадениот збор или законите, немаат апсолутно никаква важност и тежина.

Токму затоа, ВМРО-ДПМНЕ преку амандман на буџетот за 2021 година предложи веднаш и без никакви изговори, да се обезбедат средства во висина од 172 милиони и 480 илјади денари со цел конечно да се реши овој горлив проблем на вработените во прилепскиот Еурокомпозит.

За мене како пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој доаѓа од Прилеп, но и за целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, решавањето на овој проблем, со оглед на важноста и тежината, секогаш бил и е приоритет. Како во изминативе 3 години, така и сега, ние ќе продолжиме да се бориме со сите средства кои ни се на располагање се додека СДСМ и нивниот шеф Зоран Заев конечно не се сетат и не одлучат да го решат овој повеќегодишен проблем со исплатата на платите и придонесите за овие луѓе.

Затоа уште еднаш ги повикувам СДСМ и колегите пратеници од владеачкото мнозинство, да си ја признаат сопствената грешка, да го поддржат овој амандман на ВМРО-ДПМНЕ и како знаат и умеат да обезбедат средства за овие луѓе. Само така ќе покажат дека имаат искрени намери и работат за решавање на проблемите на граѓаните. Во спротивно, доколку не го сторат тоа, уште еднаш ќе докажат на дело дека перфектно лажат, манипулираат и си поигруваат со трпението и човечките животи и судбини на луѓето.

Ане Лашкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Ужас во Словачка: Родители си ги тепале своите четири деца со синџири и ремени, ги изгладнувале

Во брутален случај на злоупотреба на четири деца во Словачка, полицијата ги уапси мајката Јарослава (32) и таткото Милан (42).

Децата доживеале неверојатна тортура, родителите наводно ги тепале со ремени и синџири. Откако ќе ги претепале, ги затворале и ги изгладнувале. Сепак, Јарослава за време на сослушувањето го обвини таткото за сѐ, објавија локалните медиуми.

Таа наводно рекла дека имала многу лоши односи со Милан. Според неа, тој наводно бил алкохоличар во последните 10 години. Во една прилика тој наводно го претепал синот Адријан со ремен, а потоа рекол дека не сака да го прави тоа. Според медиумите, мајката знаела дека таткото не им дава храна на децата.

Јарослава тогаш изјавила дека Милан не им дозволувал ништо на децата, кои многу се плашеле од него. Милан наводно во една прилика го претепал Адријан со тоа што го извлекол од креветот и го удирал со таква сила што момчето се онесвестило.

Катанците во куќата наликувале на затворски. Биле ставени на шкафовите, на вратата од детската соба, но и на фрижидерот, за децата да не изедат сѐ. Низ куќата одекнувале грди зборови.

Оваа ужасна злоупотреба била откриена минатата недела. Резултатите од истрагата покажуваат дека злоставувањето било откриено за време на часот по физичко, кога Адријан се пресоблекувал во спортска облека во соблекувалната.

Момчето наводно не сакало да каже ништо пред тоа бидејќи се плашело од тоа што може да го чека дома. Тој рекол дека татко му го тепал со синџир.

Медицинскиот извештај на Универзитетската болница во Трнава покажува дека Адријан се здобил со контузија и хематом на градниот кош.

На Милан сега му се закануваат 15 години затвор. Сепак, неговото семејство не се согласува со обвинувањата, додека неговата сестра тврди дека Милан никогаш не злоставувал деца.

„Одеше на работа додека жена му беше дома, таа не ни готвеше. Добро се грижеше за децата. Имаа брава на вратата да не ја отвораат децата. Децата го земаа јогуртот, јадеа малку па го фрлаа во ѓубре“, тврди сестрата на обвинетиот.

Полицијата ја продолжува истрагата.

Повторно е нападната американската воена база во Ирак

Вчера била нападната американската воена воздухопловна база Ал Асад во западниот дел на Ирак, а во нападот не е направена никаква штета и никој не е повреден, изјави неименуван американски функционер за Тајмс оф Израел.

„Ова беше втор напад врз американските сили од 4 февруари“, додаде американскиот официјален претставник, мислејќи на нападот во неделата кога беа истрелани пет ракети врз истата база од пограничниот град Зума.

Во тоа време, САД објавија дека сојузничкиот борбен авион уништил ракетен фрлач во Сирија, додавајќи дека ниту еден американски воен персонал не бил повреден.

Бранот од 165 напади врз американските војници во Ирак и Сирија започна во октомври минатата година, откако Хамас го нападна Израел, а заврши во февруари кога САД извршија воздушни напади врз цели поврзани со Иран во Ирак и Сирија.

Ен Хатавеј се потсети на одвратната аудиција, на која морала да се бакнува со 10 колеги (ВИДЕО)

Ен Хатавеј вели дека тестовите за хемија меѓу актерите во раните 2000-ти биле одвратни, пишува IndieWire.

Во интервју за магазинот V, актерката се присети на незгодните аудиции за романтични комедии во кои глумеше на почетокот на кариерата.

„Во 2000-тите беше нормално да се бара од актерите да се бакнуваат за време на аудиција, да се тестира хемијата, иако тоа е најлошиот начин да се тестира хемијата - дури и мене ми се има случено“, рече актерката. „Тие рекоа: „Имаме десет момци кои доаѓаат денес, а ти ја доби улогата. Зарем не си возбудена да ги бакнуваш? Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи не бев возбудена.“

„Бев толку млада и знаев колку е лесно да изгубиш сè ако некој рече дека ти е тешко да се работи, па се преправав дека сум возбудена“, објаснила ѕвездата од „Дневниците на принцезата“. „Тоа не беше игра за моќ, никој не се обидуваше да ме повреди или да биде ужасен. Тоа беа различни времиња и ние денес подобро знаеме“.

Наскоро ќе можеме да ја видиме Хатавеј во романтичниот филм The Idea of ​​You, кој пристигнува на Prime Video на 2 мај. Во филмот, актерката толкува 40-годишна самохрана мајка која влегува во врска со 24-годишен музичар, кој го игра Николас Галицин.

Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал South by Southwest, кој се одржа во март годинава. Критичарите на Rotten Tomatoes го оценија The Idea of ​​You со 95 проценти.

притисни ентер