Лапид: Израелската војска спроведува операција против „непосредна закана“

Израелскиот премиер Јаир Лапид синоќа изјави дека израелската армија извела операција „против непосредна закана“ по нападот врз организацијата „Исламски џихад“ во Појасот Газа.

-Израел изврши прецизна антитерористичка операција против непосредна закана, изјави Лапид за телевизијата.

„Исламски џихад е продолжената рака на Иран, кој сака да ја уништи државата Израел и да ги убие невините Израелци… Ќе направиме се што е потребно за да го одбраниме нашиот народ“, кажа израелскиот премиер.

Претходно, во текот на вчерашниот ден, Израел изврши воздушни напади врз цели во Газа, при што беше убиен висок командант на Исламски џихад.

Армијата во вечерните часови објави дека продолжува со нападите, особено на истокот на градот Газа.

-Во овој „превентивен напад“ врз „Исламскиот џихад“ загинаа 15 борци, изјави портпаролот на израелската армија Ричард Хехт.

Израелската Влада издаде предупредување за можни палестински ракетни напади врз израелските градови. Во текот на денот по овој повод се огласија сирените во централните и јужните делови на земјава.

„Повеќе од 100 ракети“ беа истрелани од „бригадите Ал-Кудс“ кон израелска територија, како што вооруженото крило на „Исламскиот џихад“ го нарече „првиот одговор“ на израелските напади во кои загина еден од командантите на групата, Тајсир ал Џабари.

„Исламски џихад“, организација која Израел, ЕУ и САД ја сметаат за терористичка, ја потврди неговата смрт.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека загинале 10 лица, меѓу кои и едно петгодишно девојче, а 55 се повредени.

Полицијата покрена истрага против Расел Бренд: „Добивме бројни обвинувања“

Лондонската полиција соопшти дека покренала истрага против британскиот комичар Расел Бренд (48), откако неколку жени го обвинија за сексуално вознемирување и злоупотреба, пишува Си-Ен-Ен.

„По истрагата на „Channel 4's Dispatches“ и „The Sunday Times“ полицијата прими голем број наводи за сексуални престапи во Лондон. Исто така примени се и бројни обвинувања за сексуачни престапи сторени на други места во земјата и ќе ги истражиме. Сите прекршоци не се неодамнешни“, се вели во полициското соопштение објавено во понеделникот.

Да потсетиме дека Бренд беше обвинет за силување, напад и емоционална злоупотреба помеѓу 2006 и 2013 година. Тогаш беше на врвот на својата слава, работејќи за Би-Би-Си, Канал 4 и глумејќи во холивудски филмови. Обвинувањата ги објави на социјалните мрежи. „Тоа беше неверојатно напорна недела и благодарам на сите вас кои се сомневавте во информациите што ги добивате“, рече тој во видеото.

Една од жртвите која го обвини Расел имала само 16 години кога актерот ја малтретирал. Полицијата ги охрабрува другите потенцијални жртви да се јават. Инаку, Бренд моментално е во брак со писателката Лаура Галачер. Двојката се венчаше во 2017 година, а тој претходно беше во брак со пејачката Кети Пери.

Извор: Индекс.хр

САД и нудат на Полска заем од 2 милијарди долари за модернизација на нејзината војска

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска објави дека нуди заем од две милијарди долари на Варшава за да помогне во модернизацијата на одбраната на Полска, објавија американските медиуми.

Во соопштението на Стејт департментот се вели дека Полска е „решителен“ сојузник на САД, чија „безбедност е од витално значење за колективната одбрана“ на источното крило на НАТО и дека таквото финансирање е резервирано за најважните безбедносни партнери на Вашингтон.

-Владата на САД и дава на Варшава до 60 милиони долари за покривање на трошоците за заемот во форма на странско воено финансирање, кое ќе поддржи „итни набавки на американски одбранбени производи и услуги“, соопшти Стејт департментот.

Овие 60 милиони долари се субвенција за заем наменета да се осигура дека Варшава ќе може да обезбеди поволни услови за заемот. /МИА

Дијамантската лига стартува во Ксиамен во април

Организаторите на Дијамантската лига го објавија вечерва календарот на атлетски митинзи во 2024 година.

Воведниот митинг ќе се одржи на 20 април во кинескиот град Ксиамен, додека финалето е закажана за 13 и 14 септември во Брисел.

Идната година на програмата се Олимписките игри во Париз, од 26 јули до 7 август., а последниот митинг од Дијамантската лига пред почетокот на најголемиот спортски настан ќе се одржи на 20 јули во Лондон.

Дијамантска лига – календар на митинзи во 2024:

20. април Ксиамен (Кина)

27. април Шангај (Кина)

10. мај Доха (Катар)

19. мај Рабат (Мароко)

25. мај Јуџин (САД)

30. мај Осло (Норвешка)

2. јуни Стокхолм (Шведска)

7. јули Париз (Франција)

12. јули Монте Карло (Монако)

20. јули Лондон (Велика Британија)

22. август Лозана (Швајцарија)

25. август Вроцлав (Полска)

29. август Рим (Италија)

5. септември Цирих (Швајцарија)

13/14 септември Брисел (Белгија). /МИА

притисни ентер