Лалит на највлакнест човек на светот- над 95 % од лицето му е прекриено со влакна (ВИДЕО) - Канал 5

Лалит на највлакнест човек на светот- над 95 % од лицето му е прекриено со влакна (ВИДЕО)

Индискиот тинејџер Лалит Патидар влезе во Гинисовата книга на рекорди како маж со највлакнесто лице во светот, со 201 влакно на квадратен сантиметар кожа.

Лалит на највлакнест човек на светот- над 95 % од лицето му е прекриено со влакна (ВИДЕО)

Над 95 отсто од неговото лице е покриено со влакна, што е предизвикано од хипертрихоза, исклучително редок синдром познат и како „синдром на врколак“, според веб-страницата на Гинисовата книга на рекорди, објави Њујорк Пост.

Ова е еден од само 50 документирани случаи пријавени ширум светот од средниот век, што го прави тинејџерот еден од милијарда луѓе со овој синдром.

Лалит вели дека научил да го прифаќа овој синдром, по години непримерни коментари од непознати и малтретирање на училиште, а сега има канал на YouTube.

„Се плашеа од мене, но кога почнаа да ме познаваат и да разговараат со мене, сфатија дека јас не се разликувам толку од нив, туку изгледав поинаку само однадвор, но не бев поинаков внатре“, рече тој.

@guinnessworldrecords

Hairiest face on a person (male) - 201.72 hairs/cm² by Lalit Patidar 🇮🇳

♬ original sound - Guinness World Records

Нилсен: Гренланд не е недвижен имот за продажба

Новиот премиер на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен денеска во Копенхаген изјави дека арктичкиот остров нема да биде „недвижен имот за продажба“, а американските изјави за присоединување на данската автономна територија се знак на непочитување.

Нилсен: Гренланд не е недвижен имот за продажба

Американскиот претседател Доналд Трамп неколку пати изјави дека сака да ја преземе контролата над Гренланд поради безбедносни причини.

- Никогаш, никогаш нема да бидеме недвижен имот што некој може да се купи и тоа е порака што мислам дека е најважно да се разбере … Сега се наоѓаме во ситуација во која мораме да останеме обединети, изјави Нилсен на заедничката прес-конференција со данската премиерка Мете Фредериксен.

Нилсен, кој од вчера е во тридневна посета на Копенхаген, додаде дека Гренланд е подготвен за силно партнерство со САД и поголем развој, но „сакаме почит“.

Фредериксен наведе дека Данска е подготвена повеќе да вложува во Гренланд.

Кралот на Данска Фредерик утре ќе отпатува на Гренланд како знак на понатамошна солидарност. /МИА

Анкета: Значителен пад на рејтингот на Трамп во првите сто дена

Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп значително се намали во првите 100 дена од неговиот мандат, покажуваат резултатите од најновата анкета на Си-ен-ен (CNN).

Анкета: Значителен пад на рејтингот на Трамп во првите сто дена

Само 41 отсто од Американците го одобруваат начинот на кој Трамп владее, што е најниска поддршка во изминатите 70 години од мандатот на претседателот Двајт Ајзенхауер.

Додека 22 проценти од испитаниците изјавиле дека се убедени дека Трамп работи исправно, што е најнизок забележан процент досега, а 45 отсто се изјасниле дека не го поддржуваат.

Поддршката за Трамп од март наваму е намалена за четири отсто, а во однос на февруари падот изнесува седум проценти.

Трамп бележи значителен пад на рејтингот кај жените и Јужноамериканците.

Анкетата покажува поделеност по партиска припадност. Дури 86 отсто од републиканците го поддржуваат Трамп, а 93 проценти од демократите не се задоволни од неговата работа.

Поддршката кај независните гласачи изнесува 31 отсто, што е најниско ниво како и во првиот мандат.

Според анкетата, јавната доверба во способноста на Трамп да се справува со најгорливите прашања исто така опаѓа. Само 39 проценти од испитаниците изјавиле дека се задоволни од тоа како Трамп се справува со економијата, што е пад од пет отсто во споредба со март.

Довербата во неговото справување со инфлацијата е намалена за девет проценти на 35 отсто, исто како и поддршката за царинските мерки.

Само околу 52 отсто од испитаниците изразуваат доверба во неговото раководење со економијата, што е намалување за 13 проценти во споредба со декемвриската анкета на Си-ен-ен.

Во исто време, намалено е и нивото на оние што го одобруваат неговото управување со федералната влада – 42 отсто, а довербата во неговиот избор на кадри е намалена на 46 проценти.

Резултатите од анкетата покажуваат дека мнозинството Американци (57отсто) оцениле дека пристапот на Трамп кон претседателството непотребно ја ризикува безбедноста на државата, додека 43 проценти го гледаат ова како неопходен шок за Вашингтон.

Анкетата на Си-ен-ен e спроведена од 17 до 24 април при што се онлајн или телефонски се испитани 1.678 возрасни лица во САД.

Рудигер се извини за своето однесување во поразот од Барселона

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, се извини за своето однесување на крајот од синоќешниот натпреварот против Барселона во финалето на Купот на кралот.

Рудигер се извини за своето однесување во поразот од Барселона

Германецот, кој веќе беше заменет, доби црвен картон откако фрли кесички мраз кон судијата Рикардо де Бургос, а неговите соиграчи од клупата го спречија физички да се пресмета со арбитерот.

Рудигер реагираше незадоволен од одлуката на судијата да го запре ветувачки напад на Реал во самиот финиш, кога Барселона водеше со 3-2. Со овој резултат натпреварот заврши, а каталонскиот клуб на крајот ја освои својата 32 титула во Кралскиот куп.

„Нема оправдување за моето однесување синоќа. Многу ми е жал за тоа“, објави Рудигер на социјалните мрежи.

„Мислам дека одигравме многу добар натпревар, особено во второто полувреме. По 111-тата минута повеќе немав можност да им помогнам на соиграчите и пред последниот свиреж направив грешка. Се извинувам на судијата и на сите што ги разочарав синоќа“, додаде Рудигер.

Шпанските медиуми наведуваат дека Рудигер го очекува казна од четири до 12 натпревари./МИА

притисни ентер