КЗБ: За сомнителниот случај од Кичево се уште нема примерок за тестирање - Канал 5

КЗБ: За сомнителниот случај од Кичево се уште нема примерок за тестирање

КЗБ очекува до крајот на неделата да има разрешница со првиот суспектен случај на мајмунски сипаници кој одбива да се тестира

КЗБ: За сомнителниот случај од Кичево се уште нема примерок за тестирање

Нема простор за паника, бидејќи не се очекува никаков драматичен развој или сериозно ширење на мајмунските сипаници, велат од Комисијата за заразни болести.

Досега во земјава беа пријавени два суспектни случаи од кои пациентот од Кичево одбива да се тестира, а мигрантот кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести е негативен.

Претседателот на Комисијата Александар Петличковски денеска во изјава за медиумите посочи дека на пациентот од Кичево му било понудено да се тестира, но тој одбил и дека нема законска можност да го присилат на тестирање.

– Здравјето е и колективна и индивидуална одговорност на сите жители на државата. Овој случај се јавил на доктор завчера и веднаш е остварена комункација со лекари од Инфективната клиника и со епидемиолози. Оставено е сомневањето врз основа на клиничката презентација. Понудено му е тестирање, во тој момент не го пријавил тестирањето и не се пријавил за понатамошно лекување. Известени се надлежните служби од Битола, кои реагирале веднаш, а ангажирана е и матичниот лекар. Епидемиологот два пати бил на местото на живеење на овој пациент, разговарано е со членовите на семејството и објаснето е дека тестирањето е најдобро решение, изјави Петличковски.

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести е донесен заклучок да се достави предлог до министерот за здравство за да биде предложен здравствен надзор за лицето кое не сака во моментов да се тестира, со цел да можат да постапат институциите и побрзо да се заврши случајот.

– Очекуваме во текот на наредните денови, согласно тоа постапување да имаме разрешница, изјави портпаролот на КЗБ Злате Мехмедовиќ, кој појасни дека со овој предлог и со помош на Државниот санитарен здравствен инспекторат и МВР ќе биде лоцирано лицето и ќе биде тестирано.

Во однос на вториот случај за којшто се покажа дека е негативен, исконтактирани се лицата кои биле во близок контакт со него уште пред да се направи тестот, но со тоа што резултатот е негативен, од Комисијата велат дека нема потреба од спроведување на понатамошни мерки.

Во Институтот за јавно здравје, како што соопшти претседателот на Комисијата за заразни болести, Петличковски има околу 3300 тестови за мајмунски сипаници. Тој појасни дека доколку некој има симптоми на мајмунски сипаници, првично треба да го контактира матичниот лекар, а потоа ако има сомнеж за присуство на сипаниците ќе биде препратен на Инфективната клиника, на соодветен начин.

– Пациентите со мајмунски сипаници се заразни кога ќе им почнат симптомите. Симптомите можат да бидат осип, болни лимфни јазли, покачена температура. Најзаразен е секретот од кожните промени и затоа пустили можат да бидат покриени, кога лицето треба да оди на лекар. Од тука нема задолжително изолирање ниту на пациентите, ниту на контактите, додаде Петличковски.

Аксиос: Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз ајатолахот Хамнеи

Американскиот портал Аксиос (Axios) повикувајќи се на неименувани владини претставници денеска објави дека претседателот Доналд Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи за време на викендот.

Аксиос: Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз ајатолахот Хамнеи

Израелската армија проценила дека има можност за напад, но Трамп не го прифатил планот.

Според Аксиос, Белата куќа продолжува да ги поддржува целите на Израел за уништување на иранската нуклеарна и ракетна програма, но е против планот за соборување на Исламската Република со сила.

Скопјанец осомничен за телесна повреда при семејно насилство врз неговата мајка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Скопјанец осомничен за телесна повреда при семејно насилство врз неговата мајка

Во семејниот дом на 8 јуни, во алкохолизирана состојба, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ја повредил неговата мајка. Најпрво почнал да ја навредува, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по лицето и телото и да ја гризе. Од зададените удари оштетената се здобила со телесни повреди.

Имајќи ја предвид, пред се, опасноста од бегство и ризикот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, соопшти Обвинителството.

Изложба „Сенки“ на Стојан Павлески во Македонскиот културен центар во Њујорк

Во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујорк  денеска ќе биде отворена изложбата „Сенки“ (2025) на уметникот Стојан Павлески.

Изложба „Сенки“ на Стојан Павлески во Македонскиот културен центар во Њујорк

Проектот „Сенки“, е конципиран како колажна инсталација, која ги илустрира некогашните глорификации на идеолошката смисла на војувањето, наспроти сегашните бесмислени подвизи од името на новиот поредок, истиснувајќи го човекот од времето кое го живее. Концептот на „Сенки“ произлегува од потребата на современото општество да се одговори на прашањето за смислата на човековото позиционирање во апокалиптичните сценарија на денешницата. Живеејќи во време на технолошка револуција и предоминатна индустриска експанзија, каде трговските војни и акумулацијата на капиталот стануваат врвен приоритет, проектот суштински го адресира прашањето за човековиот опстанок, оставен на сопствените инстикти и можеби принуден на паравоено преживување.

- Фрагментираните фотографии со воени сцени како фризови од новите пантеони на моќта и цртежите од повоениот период се судираат во концептот на Демначот на крајот соочен со псевдопотентноста на времето кое го живее. Апроприираните цртежи се критички реанимации со реконтекстуализарана порака во време кога симболиката се консумира побрзо отколку што се разбира. Нивната корелација со пластичните играчки војници и осамениот Демнач, го изнесува на површина прашањето: Што е она што се задржува на периферијата на колективната свест и дали овие духови на отпорот ги фрлаат своите сенки низ генерациите?, вели авторото Павлески.

Изложбата ќе биде отворена до 27 јуни.

Стојан Павлески е роден во 1976 година во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот факултет и на Ликовната академија, оддел сликарство, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Учествувал на повеќе групни ликовни изложби во земјава и во странство. Aвтор е на проектот„Ничија земја“ (2016), претставник на 15-то Биенале на архитектура во Венеција.

притисни ентер