КЗБ очекува до крајот на неделата разрешница со првиот сомнителен случај на мајмунски сипаници

Комисијата за заразни болести очекува до крајот на неделата да има разрешница за првиот сомнителен случај на мајмунски сипаници, кој одбива да се тестира... 

Вториот сомнителен случај кај мигрантот од Сирија кој имаше симптоми на мајмунски сипаници е негативен на овој вирус. Кичевачанецот ветил дека утре ќе дојде да се тестира во Скопје кога би се знаело, дали има или нема вирус на мајмунски сипаници. Епидемиолог разговарал со неговото семејство, тој претходните денови одбивал комуникација и тестирање откако добил осип на неговото тело и слабост во мускулите се јавил во кичевската болница и откако било потврдено дека е лесно болен бил претпратен на тестирање. Но сега се чека дали утре ќе се тестира, соопштија од комисијата за заразни болести.

„Ние немаме законска можност да го присилиме да се тестира, никаде во светот тоа не се прави за оваа болест. Ова не е болест со која следи задолжителна изолација. Таа е во вид на препорака и се надеваме дека ќе проработи совеста. Имаме некој начелен договор и се надеваме дека ќе заврши тестирањето и до крајот на неделата ќе имаме резултат“, рече Петличковски.

Од комисијата смируваат дека вирусот на мајмунски сипаници не е ковид и дека не очекуваат никакви драматични бројки, но дека ќе побараат од комисијата за здравство да се дозволи здравствен надзор врз лицето, со цел случајот со кичевчанецот да се реши побрзо.

Од комисијата со апел и совет до сите оние кои ќе имаат симптоми на исип како сипанца, отекување на лимфни јазли, а знаат дека имале ризични контакти да се јават прво кај матичниот доктор, а потоа со комби на брза помош ќе биде пренесено на Инфективна клиника во Скопје. Обезбедени се 3.300 тестови за мајмунски сипаници.

Австралиската полиција заплени рекордни 2,3 тони кокаин- им се расипал бродот (ВИДЕО)

Австралиската полиција денеска соопшти дека заплениле рекордни 2,3 тони кокаин и уапсила 13 лица откако брод со дрога се расипа во близина на брегот на Квинсленд.

Полицијата наведува дека сите уапсени се австралиски државјани, а двајца од нив се помлади од 18 години и дека како максимална казна им се заканува доживотен затвор, пренесе АП.

Продажната вредност на запленетиот кокаин се проценува на 494 милиони долари.

Инспекторите им рекоа на новинарите во Бризбејн дека дрогата била транспортирана од Јужна Америка.

Апсењата вчера и завчера уследија по едномесечна истрага што следеше по дојавата дека криминална банда планирала операција за шверц на неколку тони кокаин, соопшти полицијата.

Германец исчезнал без трага, по 20 часовна полициска потера го нашле на најнеочекувано место

Неименуваниот 66-годишен Германец преживеал непријатни и напнати 20 часа, колку што бил исчезнат во родниот град, општина Ној-Улм.

Неговото семејство повикало полиција и им објасниле дека тој излегол од куќата во петокот попладне и повеќе не се вратил. Не контактирал со нив, како што обично прави, а тие биле загрижени дека нешто му се случило.

По пријавата, властите организирале претрес, а најпрвин ја посетиле компанијата во која работи човекот, пренесува Kleine Zeitung.

Во зградата немало многу малку вработени поради викендот, а обезбедувањето по кратко доцнење ја разрешило енигмата. Несреќниот маж бил пронајден заклучен во тоалетот, а со себе немал мобилен телефон.

Поради некоја причина, вратата од тоалетот се затворила и тој останал заробен. Бидејќи неговите колеги заминале дома, немал кого да повика на помош.

Но, тоа не било крајот на искушението. Полицајците не можеле да ја отворат вратата, па на помош била повикана локалната противпожарна единица. Проблемот го решиле со хидрауличен уред и несреќниот човек конечно успеал да се врати кај семејството.

Според полицијата, тој под овие околности добро се однесувал.

По „затворот“, мажот повторно вчера излегол на свеж воздух, и тоа околу 4 часот наутро“, соопштено е.

Израел одговори на провокацијата, го нападна Хезболах во Либан

Израел започна серија воздушни напади во областа Набатиех во јужен Либан како одговор на ракетните напади на Хезболах во близина на набљудувачка кула.

Израел започна серија воздушни напади во областа Набатиех во јужен Либан како одговор на ракетните напади на Хезболах во близина на набљудувачка кула, што е првпат групата да го нападне Израел откако стапи на сила прекинот на огнот во средата наутро минатата недела, објави Гардијан.

Вечерва Хезболах истрела две ракети во близина на набљудувачка кула во окупираните фарми Шеба. Ракетите паднале на отворен простор и не предизвикале повредени. Во соопштението, групата рече дека нападот на набљудувачките кули бил „почетен предупредувачки одбранбен одговор“ на „повторените прекршувања“ на прекинот на огнот од страна на Израел.

Портпаролот на израелската војска изјави дека војската напаѓа цели во Либан, но „подоцна ќе даде дополнителни детали“. Еден час претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети „силен“ одговор на нападот на Хезболах.

Израелските воздушни напади се најсериозните откако беше воспоставен прекинот на огнот во средата. Обновувањето на одмазднички напади во јужен Либан и северен Израел предизвика загриженост дека конфликтот меѓу Хезболах и Израел би можел да продолжи само пет дена по објавувањето на прекинот на огнот.

притисни ентер