Кузмановски: Граѓаните се соочуваат со последиците од несоодветните политики преземени од СДСМ

Ситуацијата со корона вирусот во Македонија воопшто не е под контрола. 

На Македонија и се случува катастрофа во справувањето со пандемијата.

Ова што граѓаните го живеат е хорор кој не е виден ниту во ниту една земја во регионот и пошироко.

Беше најавуван нов пик есенва, а Македонија веќе сега, во јуни, доживува втор бран на новоинфицирани. Според бројките деновиве нема изгледи дека во брзо време ќе се подобри ситуацијата.

Граѓаните се соочуваат со последиците од несоодветните политики преземени од надлежните во справување со кризата.

И додека има се повеќе болни, расте за жал и бројот на починати, политичарите кои се во изолација велат - ситуацијата е нормална.

Многу е видливо, многу е јасно – дека ситуацијата не е нормална!

Жално е за граѓаните, а срамота за надлежните ова што се случува.

Доколку медицината и професионализмот не ја превземат палката ќе продолжи да расте бројот на новозаболени, ќе броиме починати лица.

Ова што се случува, ова што се презема во справување со ситуацијата излегува од гранките на медицината. Станува збор за политика што е недозволиво во ваква ситуација.

Мора да се стави акцент на здравјето на граѓаните и да се започне со вистински здравствени политики зошто Македонија ќе остане изолиран остров.

Здравјето на граѓаните е пред се!

Д-р Игор Кузмановски, ВМРО-ДПМНЕ

Манчестер јунајтед ќе добие четири милиони евра доколку Борусија Дортмунд ја освои ЛШ

Манчестер Јунајтед би можел да добие дополнителни четири милиони евра од Борусија Дортмунд за Џејдон Санчо, пишува „Тајмс“.

Според британскиот весник, Јунајтед ќе ги добие овие средства доколку тимот од Дортмунд ја освои Лигата на шампионите.

Борусија го ангажираше Санчо на позајмица во јануари 2024 година. Дваесет и четиригодишниот Англичанец на 14 натпревари за германскиот клуб има постигнато два гола и две асистенции.

Противник на Борусија Дортмунд во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе биде Пари Сен-Жермен.

Во другото полуфинале ќе играа Баерн Минхен и Реал Мадрид. /МИА

Аеродромот во данскиот град Билунд евакуиран по дојава за поставена бомба

Аеродромот во данскиот град Билунд денеска е евакуиран по дојава за поставена бомба и еден маж е уапсен, соопшти данската полиција.

Летовите на аеродромот се прекинати. На веб-страницата на аеродромот се наведени неколку откажани летови кои требаше да се реализираат попладнево - до Амстердам, Франкфурт и Барселона.

Полицијата се обидува да утврди дали има поврзаност меѓу дојавата за поставена бомба и експлозијата на банкомат во Билунд изутрината.

Аеродромот Билунд е вториот по големина аеродром во Данска. Се наоѓа во близина на седиштето на компанијата „Лего“ и паркот „Леголенд“. /МИА

Отворено 60-тото издание на Венециското биенале

На официјална церемонија во Венеција денеска беше отворено 60-тото издание на Венециското биенале, кое ќе трае до 24 ноември. Темата на годинашното биенале е „Странци насекаде“.

На свеченоста традиционално беа доделени и наградите „Златен лав“. За најдобар национален павилјон статуетката и е доделена на Австралија. Наградата за најдобро претставување на меѓународната изложба ја доби Матаахо колектив од Нов Зеланд. „Сребрен лав“ за перспективен млад уметник учесник на биеналето и припадна на Карима Ашаду од Велика Британија.

Награди „Златен лав“ за севкупен придонес им беа доделени на уметниците Ана Марија Мајолино и Нил Јалтeр. Тие се „жени пионери во уметноста, кои се исто така мигранти и на многу начини го отелотворуваат духот на мотото Странци насекаде“, велат организаторите. Ана Марија Маиолино е родена во Италија во 1942 година, но се населила во Сао Паоло, Бразил. Нил Јалтер е Турчинка, родена во египетската престолнина Каиро во 1938 година, а денес живее и работи во Париз.

На Биеналето во Венеција годинава учествуваат 88 земји. Во фокусот на годинашното издание се темите за миграцијата, егзилот и „странското потекло“. Централната тема е „Странци насекаде“.

Во Венеција вчера беше отворен и македонскиот павилјон, во кој е поставен повеќеслојниот и трансмедијален проект на Славица Јанешлиева „INTER SPEM ET METUM“ („Помеѓу надеж и страв“) и Националната галерија на Северна Македонија како официјален претставник на земјава на светската културна манифестација Венециско биенале 2024.

Проектот е изложен во зградата на Скуола деи Ланери (Scuola dei Laneri). Павилјонот е отворен за пошироката публика секој ден, освен понеделник, од 11 до 19 часот.

- Повторно нашето културно богатство е стационирано на светската културна манифестација Венециско биенале. Делото на Славица Јанашлиева во контекст на годинашната тема „Странци насекаде“, со наслов „Помеѓу надеж и страв“ / „Inter Spem et Metum“ се занимава со аспектот на странецот, на „другиот“, виден низ многу слоевити нивоа на антиципација на контекстот, изјави комесарот на проектот Дита Старова Ќерими.

Проектот го курираше Ана Франговска, кустос советник во Националната галерија, а е поддржан од Министерство за културa.

Според Старова Ќерими, делото веќе го привлече вниманието на домашните и меѓународните медиуми како Art News, E-flux, It's Liquid, Art Review, а најавени се и интервјуа со авторката со новинари на странски и локални медиуми. Ваквиот интерес, како што наведува, дополнително потврдува дека нашата земја има уметници за кои вреди да се бориме, да бидат поддржани.

Кураторката Франговска, вели дека трансмедијалниот и транснаративен проект „INTER SPEM ET METUM“ на Славица Јанешлиева претставува визуелно исчистена и концептуално предвидена просторна инсталација, која на прилично чувствителен и имагинативен начин нè фрла во цивилизацискиот отпад.

Венециското биенале на уметноста ќе се одржува од 20 април до 24 ноември 2024 година. /МИА

притисни ентер