Кузеска: СДСМ нема да дозволи да се блокира државата заради фотелјата на Мицкоски

Со политиките реализирани од СДСМ, државата е стабилна и сигурна, успешно се справува со предизвиците од најголемата светка и економска криза, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Додека СДСМ успешно менаџира со кризата, спроведува мерки вредни 400 милиони евра за помош на граѓаните и компаниите, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да блокира.

Деструкцијата на Христијан Мицкоски е обид да се загрози нормалното функционирање на институциите во време на најголема светска криза и да се закочи државата, да се предизвикаат проблеми.

Помина една недела, Собранието и покрај обидите да блокади на Мицкоски функционира. Ништо не се постигна освен што се одолговлекуваше дневниот ред, се создаваше хаос на седниците. ВМРО-ДПМНЕ не доби ништо.

СДСМ и мнозинството покажаа како се работи за граѓаните, блокадите на Мицкоски во Собранието се поразени.

Наместо за интересот на граѓаните и државата Мицкоски се бори единствено за сопствената фотелја во белиот дворец. Постои незадоволство од неговата работа внатре во партијата заради неговата неспособност.

Ваквото деструктивно и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ не е ново, можеме да кажеме дека е тоа одлика на оваа партија.

ВМРО-ДПМНЕ така се однесуваше и кога државата се справуваше со последиците од пандемијата со ковид 19, и кога се носеа пакетите за помош, така се однесувше и кога СДСМ ја покачуваше минималната плата, пензиите.

Дури и кога се стратешките интереси на земјата и иднината на земјата го гледаме истото однесување. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски работеа против Преспанскиот договор и членството во НАТО.

До пред само 5 години државата беше изолирана, заробена од режимот, скарана со соседите, а општеството беше поделено по речиси сите основи каде тензиите и конфликтите беа секојдневие.

СДСМ преку одговорните политики ја врати државата на европскиот пат, ја реализиравме стратешката цел – членство во НАТО, ги вративме слободата и демократијата и започнавме со градење на едно општество за сите.

Денес, благодарение на политиките на СДСМ живееме во држава која е пријател и партнер на регионот и демократскиот свет, денес македонскиот јазик и идентитет за потврдени и трајно заштитени.

Соочени со нови предизвици, СДСМ е повторно на страната на државата и на граѓаните.

Брнабиќ: Ни се закануваат со бомби бидејќи не воведовме санкции кон Русија

Српската премиерка Ана Брнабиќ во изјави дека честите дојави за бомби претставуваат притисок од странство врз Србија бидејќи таа не воведе санкции кон Русија по инвазијата на Украина, како што тоа го направија повеќето западни земји.

„Ние сме единствената земја во Европа која не воведе санкции кон Русија и притисоците се неверојатни од ден на ден. „Овие дојави за бомби се и притисок од странство поради невоведувањето санкции кон Русија“, изјави Брнабиќ за белградските медиуми, пренесе Н1.

Фото: Финска пивара направи НАТО пиво

Во екот на одлуката на Финска да стави крај на децениската неутралност и да бара членство во НАТО, една пивара одлучила да продава пиво со ознака на НАТО.

Сепак, дел од финската јавност не го поздрави потегот на пиварата и колку и да се за влез на нивната земја во Алијансата, сметаат дека во случајот со пивото се работи за промоција на алкохолизам, што не треба да биде случај.

Од друга страна, од пиварницата „Олаф Брувинг“ објаснуваат дека досега не се мешале во политиката, а сега повеќето Финци се за влез во НАТО, изјавил за медиумите извршниот директор на компанијата.

„Затоа се решивме на овој чекор, иако всушност не требаше толку многу „одлучување“, едноставно само го направивме“, рече тој.

Лименката „НАТО пиво“ е сина, а на неа има витез, кој на градите го има симболот на НАТО. Пивото се вика ОТАН, што е француски изговор на зборот НАТО

Од пиварата велат дека веќе добиле голем број нарачки за „НАТО пиво“.

Ковачевски:Апел за брзо прифаќање на историското зголемување од 15% на платите во образованиетo

​Вечерва на својот Фејсбук профил, претседателот на Владата Димитар Ковачевски упати апел до СОНК за итно, брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност.

Во продолжение ви го испраќаме статусот во целост.

„Успеавме да постигнеме значаен договор за вработените во образованието и покачување на платите од дури 15%, почнувајќи од септемвриската плата.

Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.

До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи.

Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки. Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција.

Апелирам до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност. Да може институциите да продолжат со конкретни активности за спроведување на овој историски раст на платите во образованието."

притисни ентер