Курц: Австрија ќе почне со користење на Спутник V по одобрението од ЕМА

Австрија ќе ја користи руската вакцина Спутник V против коронавирус само кога тоа ќе биде одобрено од Европската агенција за лекови (ЕМА), изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Австрија преговарала со Русија да купи милион дози на вакцината, а Курц на 31 март рече дека најверојатно наредната недела ќе ја нарача вакцината. Сепак, таа наредба сè уште не е објавена.

Курц неодамна избегна да одговори дали неговата земја ќе чека одобрување од ЕМА за вакцината, која од земјите на Европската унија во моментов ја користи само Унгарија. ЕМА започнала со проценка на Спутник В.

„Се надеваме дека ЕМА брзо ќе ја одобри, бидејќи секоја дополнителна доза на вакцина ни помага да спасиме животи“, рече Курц, додавајќи дека неговите конзервативци и нивниот коалициски партнер, Зелените, се согласиле да ја нарачаат вакцината. Портпаролот на Курц потврдил дека ова значи дека вакцината ќе се користи само откако ќе биде одобрена од ЕМА.

Ефективноста на Спутник V, која што се дава во две дози, првично наиде на недоверба од некои западни научници откако Русија ја одобри во август минатата година, без да се чекаат резултатите од целосните клинички испитувања.

Сепак, научниците велат дека таа е скоро 92% ефикасна против ковид-19, засновано на рецензираните резултати од тестовите во доцната фаза објавени во февруари во медицинското списание Лансет.

Многу европски официјални лица остануваат скептични кон намерите на Русија, бидејќи не им е јасно како таа ја извезува во десетици земји, а поголемиот дел од нејзиното население сè уште не е вакцинирано.

Само две членки на ЕУ, Унгарија и Словачка, ја порачаа Спутник V и се користи само во Унгарија. Ова прашање беше толку контроверзно во Словачка што предизвика политичка криза што доведе до оставка на премиерот Игор Матович.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

притисни ентер