Курц: Ако треба, Австрија ќе ги затвори границите за мигрантите

Лимитот на Австрија е да прими само уште 37 000 мигранти а потоа ќе ја затвори границата.Предупреди дека нивните одлуки ќе имаат последици кон земјите од балканската рута, Словенија, Хрватска, Србија и Македонија и оти Македонија ќе мора целосно да го сопре бранот на бегалци.

Мигрантската криза главна тема на средбата Поповски – Курц.

Македонија ќе дозволи влез на онолку мигранти колку ќе примат земјите членки на Европската унија, рече министерот за надворешни работи на Македонија Поповски по средбата со австрискиот колега Курц.

Поповски најави дека сите мерки што ќе ги преземе Македонија ќе бидат во координација со Европските земји.

Колку што ќе биде тој број точно толку ќе пуштиме да транзитираат низ Македонија.

Тоа што е најбитно за нас е дека ја обезбедивме границата и ќе продолжиме да ја обезбедуваме со помош на партнерите од ЕУ, вклучувајќи ја и Австрија.

Таа контрола ќе биде доверена на ниво на коа ќе имаме максимална обезбеденост и спречување на било каков влез. Единствен начин ан кој ќе се влезе во Македонија е обележано место.  Бројот на влезови ќе зависи од ЕУ колку мигранти ќе прими, вели Поповски.

Од друга страна пак Австрискиот министер за надворешни работи Курц најави дека Австрија покрај Шведска и Германија е третата најпосакувана дестинација за мигрантите.

Лимитот на Австрија е да  прими само уште 37 000 мигранти а потоа ќе ја затвори границата.

Предупреди дека нивните одлуки ќе имаат последици кон земјите од балканската рута, Словенија, Хрватска, Србија и Македонија и оти Македонија ќе мора целосно да го сопре бранот на бегалци.

Курц не ја исклучи можноста во Македонија да бидат отворени прифатни центри.

Поповски рече дека Македонија има помош во луѓе и опрема од земјите од Унијата и дека без таква подршка нема да успее во справувањето со мигрантската криза. Макеоднија ја поздравува финансиската помош бидејќи до сега целиот трошок за справување со кризата беше врз грбот на македонските даночни обврзници рече Поповски. Двајцата министри разговарале и за политичката криза. Курц ги повика сите политички фактори да го почитуваат договореното. Поповски и Курц потпишаа акционен план за подобрување на економската соработка. 


притисни ентер