Купопродажбата преку интернет се зголемува

Секоја година за околу 100 проценти се зголемува интернет тргувањето во земјава.

За годинава се планира обемот на трансакции од интернет трговијата да достигне до 5 милиони евра, вели Александар Тасев од Трговски Центар специјализирана интернет продавница. Но се уште недостасува поголема промоција на оваа дејност иако интернет тргувањето во земјава е сигурно и безбедно вели Тасев.
Досега немало случај на измамен граѓанин или фирма што се пожалиле дека имале неуспешна купопродажба на интернет. 


Во моментов само околу 150 фирми се занимаваат со интернет трговија нудејќи ги своите производи преку сопствени веб сајтови или преку други специјализирани интернет продавници. За таа цел од особено значење е потребата од достапноста на широкопојасниот интернет и за граѓаните и зa компаниите. Бројките покажуваат дека секоја година корисниците на широкопојасниот интернет се зголемува за во просек 9%.

ЕУ има за цел до 2015 интернет трговијата да ја подигне на ниво од 50 % од сегашното, а дури 33 % од компаниите во Унијата да нудат продажба преку интернет.
притисни ентер