Куновска: Се знае кој е симболот за криминалот изминатите седум години и во СДСМ и во ДУИ

Димитровски: Подобро е половина чекор напред отколку два чекори напред- па три назад.

Куновска: Во најавените акции гледаме пресметка со луѓе од СДСМ од трет ешалон или луѓе што купувале мечиња со службени картички. Притисокот од своите во партиите ќе расте, претпоставувам и Мицскоски од своите партија ќе биде прашан што се случува со крупниот и видлив во периодот. Исто така и третиот ешалон во СДСМ ќе го отвори прашањето дали се тие виновници за довербата во судството и справувањето со криминалот. Политичките присицоци и пенетрации во судството и обвинителството не' доведоа тука каде што сме. Заштитата и не казнивоста на функционерите доведе до тоа што секој што ќе добие прилика ги прекршува законите и со политичко влијние ќе биде амнестиран.

Димитровски: Не може да очекувате за сто дена да се случат чуда. Факт е дека оваа влада треба да има нулта толеранција за корупција и криминал. Бараме пооинакви институции. Претходно, законите беа прифатени, стигаа во Собрание, но не излегуваа од фиока. Кога оваа владејачка структура нема да покаже елементарна сила да го реформира судството. мора да има добро подготвени и документирани случаи и сериозно да бидат подготвени да не паднат на суд. Подобро е половина чекор напред отколку два чекори напред- па три назад.

Осум лица загинаа во руски напад врз Одеса

Руски проектили погодија цивилен контејнерски брод во важното украинско пристаниште Одеса, при што загинаа осум лица.

„Ова е трет напад врз цивилен брод во последните четири дена“, рече регионалниот гувернер Олех Кипер, кој го опиша како „уште едно злосторство на подмолниот непријател“.

Тој рече дека цел на Русија била пристанишната инфраструктура и дека сите жртви се Украинци. Од повредите во болница починале 46-годишен вработен во пристаништето и уште еден 26-годишен маж, додека неколку лица се повредени. Бранот напади врз украинските пристаништа на брегот на Црното Море се совпадна со европската турнеја на претседателот Володимир Зеленски, кој ги посети лидерите во Лондон, Париз и Рим.

Во Даунинг стрит, тој се состана со британскиот премиер Сер Кир Стармер и новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, кој оваа недела предупреди дека Украина може да се соочи со својата најлоша зима од почетокот на сеопфатната руска инвазија во 2022 година.

Зеленски утре требаше да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и другите западни сојузници во Берлин, но Бајден го откажа своето патување поради заканата од ураганот Милтон во САД. Тоа е значаен удар за Украина бидејќи доаѓа на помалку од еден месец пред изборите во САД и со зголемената загриженост за континуираната поддршка од клучните сојузници.

Сепак, Зеленски се обиде да го минимизира разочарувањето пред патувањето во Лондон. „Секој лидер во слични околности би останал во својата земја“, им рече тој вчера на новинарите во Хрватска. Тој очекува дека наскоро ќе биде подготвен нов распоред за лидерската средба.

Зеленски утре ќе се сретне со папата Франциск во Ватикан пред да замине за Германија.

Договорен е прекина на борбите во Газа

Конфликтите во Појасот Газа ќе бидат прекинати за да се овозможи вториот круг на вакцинација против детска парализа, со кој ќе бидат опфатени 590.000 деца помлади од 10 години, објави денеска директорката на УНИЦЕФ, Кетрин Расел.

Хуманитарната пауза во конфликтите ќе започне на 14 октомври, рече Расел, пренесе Ројтерс.

„Од клучно значење е сите страни да ги почитуваат овие хуманитарни паузи. Без тоа, ќе биде невозможно да се вакцинираат децата“, додаде таа.

Првиот круг од кампањата за вакцинација, која започна на 1 септември, ја достигна целта на 90 отсто од децата до 10 години, објавија ОН.

Првиот круг беше изведен во фази во текот на две недели за време на хуманитарни прекини во борбите меѓу израелската армија и палестинското милитантно движење Хамас, потсетува Ројтерс.

СЗО во август потврди дека бебе било делумно парализирано од вирусот на полио тип 2, што е прв таков случај на палестинските територии во последните 25 години.

„УНИЦЕФ ќе вклучи додатоци на витамин А за зајакнување на имунолошкиот систем на децата. Децата во Газа живеат во исклучително лоши хигиенски и санитарни услови“, рече Расел.

Таа посочи дека успехот на првиот круг на вакцинација покажал дека кога ќе се испочитува договорот, може да се заврши работата.

Македонија среде Рига ја совлада Летонија со убедливи 3:0

Македонската фудбалска репрезентација оствари триумф од 3:0 на гостувањето кај Летонија во рамки на 3.коло во Лигата на нации.

Со тоа нашиот тим освои три бода во битката за освојување на првото место во групата 4 во Лигата Ц.

Јани Атанасов го постигна првиот гол за Македонија во 35.минута по една убава акција што ја почнаа Енис Барди и Елиф Елмас, а Бојан Миовски прекрасно му асистираше на стрелецот на голот.

Потоа во второто полувреме Лирим Ќамили во 70-тата минута искористи еден кикс во домашната одбрана за да го постигне вториот гол за македонската репрезентација..

Победата ја заокружи Елиф Елмас во 93.минута откако погоди со силен удар во аголот на летонскиот гол.

Македонија сега има седум бодови од три натпревари во групата 4 и е на првото место без разлика на исходот на дуелот помеѓу Фарски Острови и Ерменија.

За три дена го играме клучниот натпревар во групата и тоа на гости кај Ерменија.

притисни ентер