Кумановската противпожарна единица доби 40 пумпи за гасење пожар на отворен простор

Пожарникарите од кумановската противпожарна единица добија 40 пумпи за гасење на пожар на отворен простор, соопштија денеска од Територијалната противпожарна единица Куманово. 

Опремата е набавена од средства на Општина Куманово и денеска беше доставена до противпожарната единица.

– Вакви пумпи во летниот период се добредојдени, можам да кажам во вистинско време кога има поголем број интервенции на отворен простор, изјави командирот на ТППЕ Куманово Дејан Илиевски.

Кумановските пожарникари од почетокот на јули досега имале интервенции, од кои поголем дел на пожари на отворен простор, дел од интервенции се пожари на куќи, објекти и патнички моторни возила.

– Апелирам до граѓаните да бидат особено внимателни при палење на огин на отворено, а овој период да се искористи и да се исчистат оџаците, изјави Илиевски.

ТППЕ Куманово располага со осум противпожарни, две теренски возила и 50-тина пожарникари кои интервенираат во Куманово и Липково.

Германка на 52 години освои олимписко злато, првиот медал го добила пред 21 година

Изабел Верт можеби не е глобално позната спортистка, но таа е убедливо најдобра во она што го работи.

Оваа неверојатна 52-годишна Германка освои злато и сребро во коњички спортови во Токио.

Фактот дека ова биле нејзини единаесетти и дванаесетти олимписки медали во нејзиниот живот, кажува колку е неверојатен нејзиниот успех. Таа го имала својот прв настап на Игрите во 1992 година во Барселона. Освоила седум златни и пет сребрени медали на тој натпревар. Таа освојувала по најмалку два медали на секоја Олимпијада, освен во Атина во 2004 година.

Таа ја потврдила титулата како најуспешна во историјата и на други турнири. Верт освоила 14 златни, пет сребрени и седум бронзени медали на светските првенства. Таа била европски шампион 20 пати, со три сребрени и една бронза.

Изгоре Бугати на познат музичар, вредно 3 милиони долари (ВИДЕО)

Штетата е голема, а поправката ќе биде обемна и пеколно скапа.

На социјалните мрежи се шират снимки од црвено Бугати уништено во пожар, за кое се верува дека е во сопственост на познатиот музичар од Доминиканската Република, Емануел Ерера Батиста, познат под уметничкото име ЕЛ Алфа Ел Џефе.

Црвено-црниот Bugatti Chiron изгоре додека бил паркиран во гаража во Мајами. Двете снимки објавени на Инстаграм од supercar.fails јасно покажуваат колкава е штетата, но и дека огнот не го зафатил соседното црно Ферари.

На на Chiron ќе му треба нов преден капак, браник, тркала, возачка врата и стакло, како и сите делови што ќе останат црни од саѓите. Лесно е да се претпостави дека ќе биде многу поскапо да се поправи оштетувањето на деловите што не се видливи како резултат на изложеност на високите температури.

За среќа во несреќа, автомобилот не изгорел целосно, зашто некој го изгаснал со противпожарен апарат. Исто така, да кажеме дека се уште се трага по сторителот кој го подметнал пожарот.

Како изгледал овој автомобил вреден најмалку три милиони долари, може да се види во следното видео објавено пред неколку месеци. Ако се докаже дека е навистина тој автомобил, тогаш Ел Алфа нема да стане пешак. Имено, покрај Бугати, овој млад човек поседува и Ролс Ројс Кулинан во кој веќе доживеал напад со огнено оружје.

Борис Џонсон и неговата сопруга Кери го очекуваат второто дете

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери очекуваат уште едно бебе, објавија денеска британските медиуми.

Нивното прво дете, синот Вилфред, се роди во април минатата година, објави Ројтерс.

Медиумите објавија дека Кери им напишала на своите пријатели на Инстаграм дека се чувствува „неверојатно благословена“ што е повторно бремена.

притисни ентер