Куманово воведе дополнителна телефонска линија за ранливи категории граѓани

Општина Куманово воведе уште една телефонска линија, 075 323 569, каде социјално најзагрозените семејства ќе можат да се пријавуваат за пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена и дезинфекција.

Дежурен телефон на Општинскиот штаб за заштита и спасување е 078 365 061, на кој граѓаните ќе можат да ги добиваат потребните информации (информации за дежурни аптеки, дежурни маркети, начин на спроведување на услуги на институциите во градот, мерките и препораки донесени од Влада на Република Македонија и од Општинскиот штаб за заштита и спасување).

Општина Куманово воведе услуга за асистенција на болни и изнемоштени граѓани. Овие категории на лица ќе можат да се јавуваат на телефоните 075 207 126 и 077 71 94 94 , по што од страна на лице од општината и Црвен Крст ќе им бидат набавени и доставени бараните производи и лекови, а за кои самите граѓани ќе си ги покријат трошоците. /МИА

„Гответе со Дракче“ -​ Печен лосос

Во вторник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Елена Велевска.

Состојки за денешниот рецепт:

2 парчиња лосос

2 лимона

брашно, бибер, сол

маслиново масло

за прилог:

рукола, шери домати, балсамико

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Артета по 5:0 над Челси: На моменти не бевме доволно дисциплинирани

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ја прокоментира победата на „топџиите“ со 5:0 против тимот на Челси во средбата од 29. коло на англиската Премиер лига.

Ова беше најголемиот успех во историјата на нивното ривалство, откако успеаја да го подобрат својот рекорд од 1930 година кога го победија истиот противник со 5:1.

-Многу сум среќен поради победата, бројот на шанси и постигнатите голови. Тоа што не примивме гол ја покажа и нашата постојаност оваа сезона. Во првото полувреме на моменти не бевме доволно дисциплинирани. Анализиравме на паузата и потоа имаше подобрувања и второто полувреме беше неверојатно, изјави Артета, цитиран од Би-Би-Си.

Благодарение на успехот, Арсенал излезе на првото место, три бода повеќе од второпласираниот Ливерпул и четири од третопласираниот Манчестер Сити. /МИА

Во Делчево изборниот процес почна навреме, гласањето се одвива во најдобар ред

Во Делчево навреме се отворени вкупно 36 избирачки места на кои денеска 14.490 граѓани регистирани во Избирачкиот список имаат право на глас за еден од седуммината кандидати за Претседател на државата. 

Според информациите од терен избирачките места биле отворени на време, а гласањето се одвива во најдобар ред.

- Се наоѓаме на избирачко место 582/1, ладе гласањето започна навреме, се се одвива во најдобар ред. Првите бројки околу излезноста ќе ги соопштиме по 9:00 часот, истакна Благица Петровска, член на избирачкото место.

-Се наоѓаме на избирачко место 580, навреме започна гласањето и процесот си тече нормално, изјави Емилија Трајановска, член на избирачкиот одбор.

Своето право на глас вчера во Делчево го остварија 147 болно и изнемоштено лице кои гласаа во домашни услови.

притисни ентер