Култура чека потпис од Арсовска за да ја преземе надлежноста за реконструкција на Универзална

Нема никакви градежни активности во универзалната сала. Високите метални огради околу салата покажуваат дека најавите за брза изградба на салата се уште се неостварливи. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Дарманен: Над 4.350 лица се идентификувани како можна закана по ОИ во Париз

 Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен синоќа изјави дека неколку дена пред почетокот на Олимписките игри во Париз спроведени се еден милион административни истраги и утврдено е оти 4.355 лица би можеле да претставуваат закан

Безбедносните истражување се спроведени за сите лица кои на каков било начин ќе учествуваат во ОИ од 26 јули до 11 август и на Параолимписките игри од 28 август до 8 септември.

Проверени се спортисти, тренери, новинари, волонтери, приватно обезбедување, дури и граѓаните кои живеат во близина на одржувањето на церемонијата на отворање на ОИ.

Истрагата покажала дека 4.355 луѓе претставуваат закана и тие се исклучени. Осумстотини луѓе се исклучени поради сомневање за странско мешање, 360 поради „обврската да заминат од француска територија, додека за 142 било оценето дека се закана по државната безбедност. Меѓу исклучените 260 лица се регистрирани како радикални исламисти, 186 како ултралевичари и 96 како ултрадесничари.

Околу 35.000 полицајци и жандарми и 18.000 француски војници ќе ги обезбедуваат Олимписките игри секој ден.

Надал: Олимпијадата е најважниот спортски настан, се надевам ќе ја најдам потребната енергија

 Олимпијадата е најважниот спортски настан, се надевам дека ќе ја најдам потребната енергија.

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал проговори за претстојното учество на Олимпијадата во Париз каде ќе игра во двојки со Карлос Алкараз.

-Среќен сум што сум дел од тимот на олимписки спортисти и што ја претставувам Шпанија. Ова е најважниот настан во спортот, се надевам дека ќе ја најдам потребната енергија и ќе одработам добри тренинзи, изјави Надал за шпанските медиуми.

Тениските натпревари на Олимписките игри во Париз (Франција) ќе се одржат од 27 јули до 4 август.

Дваесет и двократниот победник на Грен слем во својата богата кариера има освоено 92 титули на АТП турнири.

Во Србија подарок од 5.000 евра за секој купувач на електричен автомобил

Властите во Србија синоќа најавија дека од буџетот ќе бидат издвоени по 5.000 евра за секој кој ќе купи нов електричен автомобил што ќе се произведува во фабриката во Крагуевац.

-Ако автомобилот чини 22 или 23 илјади, имате пет илјади од нас, секој клиент, најави српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Како што беше најавено, денеска и официјално ќе биде означена реализација на проектот во фабриката Стелантис во Крагуевац, што се однесува на почеток на производство на електричниот автомобил „Фиат Гранд панда“.

На церемонијата ќе присуствуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Карлос Таварес, главен извршен директор на Стелантис.

притисни ентер