Кучиња предизвикаа четири соораќајки на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје

Четири сообраќајни несреќи предизвикани од кучиња-скитници се случиле вчера во периодот помеѓу 9 часот и 19 часот и 30 минути на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

- Во сообраќајките учествувале четири патнички возила, две со гостиварски, едно со скопски и едно со кичевски таблици. За среќа повредени лица нема, усмртени се три кучиња, додека вкупната материјална штета се проценува на над 30 илјади денари. Извршени се комплетни увиди, а причина за несреќите е неконтролирано движење на животните по коловозот од автопатот, изјави Јосифовски.

Според полициските податоци на автопатот што минува низ тетовското подрачје годинава се случиле вкупно 73 сообраќајни несреќи што ги предизвикале животни, во најголем број кучиња-скитници. Во овие несреќи досега не се посериозно повредени возачи или други сопатници од возилата.

- Поради оштетената заштитна жичена ограда што на повеќе места долж автопатот воопшто и ја нема, им овозможува на животните непречено да влегуваат на автопатот и да ги изложуваат на опасност возачите. Потребно што побрзо да се санира оградата таму каде што веќе постои или да се набави и постави нова таму каде ја нема, рече Јосифовски.

Живо: Пресконференција на ДИК за излезноста до 13 часот

Пресконференција на Државната изборна комисија  за излезноста до 13 часот. 

Прес-конференција на Државната изборна комисија во 13:30 часот за гласањето на Парламентарните избори во 2020.

Излезноста во Македонија до 13 часот според ДИК е 24,42 проценти.

Владимир Панчевски денеска сам се пријавил во затворот во Шутка

Екс претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски денеска самиот се пријавил во затворот во шутка, откако по него вчера од страна на МВР беше распишана национална потерница, по наредба на Основниот суд во Велес.

Претходно во три наврати полицијата не успеа да го пронајде Панчевски на посочената адреса по наредбата за негово приведување. Потерницата беше објавена на сајтот на Министерството за внатрешни работи

Основниот суд Велес, на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Панчевски му одреди 30 дена притвор поради како што посочија отсуство на рочиштето за судскиот предмет „Акмис", во кој е обвинет.

Поплави во Индонезија, стотици раселени, има загинати и исчезнати

Најмалку 16 лица загинале, а неколку стотици се раселени од своите домови заради лизгање на земјиштето и поплавите кои го погодија островот Сулавеси во Индонезија.

Спасувачите се уште трагаат по 23 исчезнати после поплавите кои ја погодија областа Северен Лубу, во Јужен Сулавеси.

На снимките од терен се гледаат оштетени куќи преплавени со густа кал, додека пистата на локалниот аеродром е исто така прекриена со кал и остатоци од отпад, пренесе „АП“.

Во изминатите неколку денови, заради обилните дождови се прелеале три околни реки, предизвикувајќи евакуација на преку 650 луѓе, наведуваат локалните власти.

притисни ентер