Куба е подготвена да и помогне на Македонија во пандемијата

Иако важи за сиромашна земја, Куба се гордее со својот здравствен систем. 

Кубанските лекари, познати по својата хуманост, за време на актуелната пандемијата од коронавирусот им помагаат на луѓето во повеќе држави ширум светот.

По урнекот на помошта што несебично ја пружи во Италија и во Франција, Карипскиот остров е подготвен да и помогне во секое време и на Македонија, доколку е тоа потребно, вели за Канал 5 амбасадорката на Куба во земјава Каридад Јамира Кието Милиан.

“ Куба е подготвена да соработува со било која земја во светот. Да се спротивстави не само на коронавирусот, туку и да помогне во секој случај на итност или болести. Во моментов имаме кубански доктори во 59 земји во светот, а во 37 земји од нив се борат со КОВИД . Во целост 39.000 кубански доктори служат со луѓето ширум светот за да се спротивстават на пандемијата. Секако, ние ќе бидеме подготвени да и помогнеме на Македонија и на македонскиот народ за оваа цел. ” вели амбасадорката на Куба, Милиан.

Куба има 9 лекари на 1.000 жители, најмногу на светот според Светската здравствена организација. Оваа земја има искуство со производство на вакцини, a во моментов е во трка за пронаоѓање и на сопствена вакцина против коронавиурсот.

“ Истражувањето се одвива добро. Сега сме во втората фаза на истражувањето. Во првата група на беа тестирани повеќе од 2000 луѓе, со одлични резултати и без несакани ефекти. Сега сме на половна на клиничко тестирање на втората група на над 5000 кубанци. Официјално ќе биде објавена од кубанската влада и властите најверојатно до февруари - март следната година, кога кубанската вакцина ќе биде подготвена.” вели амбасадорката на Куба, Милиан.

Амбасадорката Милиан претпладнево се сретна со премиерот Зоран Заев. Како што вели, разговарале за зајакнување на економските, инвестициските и трговските односи меѓу двете земји.

Таа им порача на македоските граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирсот – Превенцијата и дисциплината, вели се најважни за да успее борбата против оваа зараза.

В.Британија ќе склучи договори со Македонија, Србија и со Косово за сузбивање на имиграцијата

Велика Британија ќе склучи договори со Македонија, Србија и со Косово за сузбивање на имиграцијата

Велика Британија ќе потпише договори со Македонија, Србија и со Косово за спречување на активностите на бандите за шверц на мигранти, соопшти Владата во Лондон.

Целта на тие партнерства, од ист тип како она што Лондон го склучи со Албанија на крајот на 2022 година, е „да се зголеми размената на разузнавачки информации и да се пресретнат криминалните шверцерски банди“, се вели во соопштението на Даунинг стрит.

Во 2023 година, речиси 100.000 мигранти поминале низ Западен Балкан, што го прави „важна рута што ја користат оние кои илегално завршуваат во ЕУ или Велика Британија“, се вели во извештајот.

Премиерот Кеир Стармер денеска е на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЦ, 47 земји) во Унгарија, каде на дневен ред е и нерегуларната имиграција.

Севернокорејските војници во Русија за прв пат имаат пристап до Интернет

Севернокорејските војници кои беа испратени во Русија за да помогнат во руската агресија врз Украина, за првпат имаат пристап до интернет, а го користат главно за гледање филмови за возрасни, пишува британскиот весник „Дејли Меил“.

Илјадници војници од Северна Кореја се распоредени во Русија за да и помогнат на армијата на рускиот претседател Владимир Путин во нејзината борба против Украина.

Извештајот на колумнистот на „Фајненшл Тајмс“, Гидеон Рахман откри дека војниците на Ким Џонг Ун во касарните најмногу време трошат на гледање порнографски филмови, бидејќи никогаш немале пристап до Интернет.

Портпаролот на американското Министерство за одбрана, мајор Чарли Диц рече дека не е во можност да потврди какви било севернокорејски интернет навики во Русија и дека тоа прашање треба да и се постави на Москва.

Иако пристапот до Интернет во Северна Кореја е достапен за високи владини претставници, на мнозинството граѓани единствено им е дозволено да ја користат државната мрежа Квангмјонг, преку која не е можно да се пристапи до странски веб-страници.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров во интервју за јужнокорејската телевизија КБС изјави дека украинската армија се судрила со мала група севернокорејски војници во близина на руската граница.

Ждреб за Торино: Синер и Алкараз во различна група

Ждрепката за завршниот АТП турнир во Торино се одржа денеска, а задоволен од неа може да биде светскиот рекет број 1 - Италијанецот Јаник Синер.

Група на Илија Настасе: Јаник Синер, Данил Медведев, Тејлор Фриц, Алекс де Минор

Група Џон Њукомб: Александар Зверев, Карлос Алкараз, Каспер Руд, Андреј Рублев

Пред ждрепката главното прашање беше дали Синер и Алкараз ќе бидат во иста група. Ждрепката одлучи дека тоа нема да биде така, а иако групите се релативно изедначени, впечатокот е дека тенисерот број еден во светот поминал нешто подобро.

Вториот носител Александар Зверев во својата група ги доби Алкараз, но и Руд и Рубљов, кои се далеку од добра форма.

Од друга страна, Медведев го доби Синер, а тоа ќе им биде 11-тиот состанок на во последните две сезони.

На неговиот единствен турнир во сала, Фриц беше нокаутиран во првиот меч од Дрејпер во Берси, а Алекс де Минор се бореше со повреда во вториот дел од сезоната и едвај стигна со завршниот турнир.

притисни ентер