КСС: Без почитување на правата на работниците следи социјална криза

КСС остро се спротивставува на идејата за намалување на јавната администрација преку трансфер или губење на работните места на дел од административците

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска соопшти дека ги следи предизборните активности, изјави и ветувања на политичките партии и остро се спротивставува на идејата за намалување на јавната администрација преку трансфер или губење на работните места на дел од административците.

– Имајќи ја предвид нашата долгогодишна борба и зложба, како и нашите активности за почитување на законите и колективните договори, кои што во изминатиот период доживеаја груби кршења, нефункционирањето на социјалниот дијалог што треба да биде основниот постулат за меѓусебното почитување и кој што беше одземен од социјалните партнери и употребен за лични или партиски цели, и поради сето ова неможноста за остварување фер дијалог за унапредување на работничките права, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ги предупредува сите политички чинители во овие избори да ги преиспитаат своите изјави затоа што повторно доаѓаме до конфликт во меѓусебното разбирање и нашите барања, соопшти КСС.

КСС, како што се наведува во соопштението, во изминатиот период низ повеќе протести и штрајкови и сега остро се спротивставува на идејата за намалување на јавната администрација преку трансфер или губење на работните места на дел од административците, но очигледно, како што наведуваат, нивниот глас не стигнал до актуелната власт.

– Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, повторно го промовира проектот за 20 отсто помала администрација преку најдискриминирачки модел на губење на работното место на 20 проценти на вработените во јавниот сектор. Многу пати низ одредени официјални состаноци и јавни настапи, како вработени во јавниот сектор, искажавме дека сме против таа идеја, дека таа е крајно дискриминирачка и понудивме свое решение низ фер и инклузивен пристап за долгорочно намалување на вработените во јавниот сектор кој што ќе биде фер и транспарентен и без да се губат работни места за работниците кои што чесно и вредно си го заработуваат своето парче леб, почитувајќи ги законите, се наведува во соопштението на КСС.

КСС предупредува доколку не се смени реториката, односот кон социјалните партнери и социјалниот дијалог, доколку не се поитуваат работниците, нашата држава ќе биде единствената што по оваа здравствена и економска криза ќе влезе во социјална криза.

– Го повикуваме раководството на СДСМ да излезе со реална понуда и со вградување на реалните и просперитетни барања на КСС, затоа што се само во насока на вистински реформи и почитување на транспарентноста и правдата и секако на крај да престанат со пресметките со нашиот синдикат и да седнат на дијалог затоа што само така можеме да обезбедиме просперитетна држава во која што институциите ќе се грижат за сите грагани. Од друга страна, ги повикуваме сите други политички чинители во изборниот процес да го почитуваат нашиот глас, гласот на работникот и ги предупредуваме дека ветеното во нивните програми ќе биде нивна обврска за која што ние постојано ќе ги потсетуваме, соопшти КСС. /МИА

Западен Балкан е еден од приоритетите на Бајден

Западен Балкан е меѓу надворешно-политичките приоритети на новата американска администрација, било речено во телефонскиот разговор помеѓу претседателот на САД, Џозеф Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел.

Според соопштението на Белата куќа, двајцата државници ги посочиле приоритетните теми, вклучувајќи ги Авганистан, Кина, Иран, Русија и Украина, како и Западен Балкан.

„Претседателот Џозеф Бајден разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, пренесувајќи ја неговата желба за продлабочување на односите меѓу двете земји. Тој ја изрази својата намера да го ревитализира трансатлантскиот сојуз, вклучително и НАТО и Европската унија, како камен-темелник на колективната безбедност и заедничките демократски вредности. “се наведува во соопштението од Белата куќа.

Тие исто така се согласиле за важноста на глобалната соработка, вклучувајќи ја и обновената посветеност на САД кон мултилатералните организации, борбата против климатските промени, борбата против kovid-19 и подобрувањето на здравствената заштита, како и постигнувањето на одржливо глобално економско закрепнување, се наведува во соопштението.

Ова беше петти телефонски разговор на Бајден со странски лидер откако ја положи заклетвата за претседател на САД на 20 јануари.

Претходно, тој разговарал со канадскиот премиер Џастин Трудо, претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор од Мексико, премиерот Борис Џонсон од Велика Британија и претседателот Емануел Макрон од Франција, пренесува УС Њус.

Горили од Сан Диего се заразени со калифорниски сој на коронавирус

Група горили во парк во зоолошката градина Сафари во Сан Диего, САД, се опоравуваат од избувнувањето на ковид-19, што погоди неколку од вкупно осум горили, соопштиле од зоолошката градина.

Горилата почнале да се чувствуваат лошо на 6 јануари, кога две горили почнале да кашлаат, се вели во соопштението на зоолошката градина.

Тестот од измет извршен на 11 јануари покажал дека непознат број се заразени со вирусот ковид-19, веројатно по изложеност на работник во паркот кој бил асимптоматски.

Вирусот што ги заразил „е нов, многу заразен сој на коронавирус, неодамна идентификуван во Калифорнија“, велат од зоолошката градина.

По дијагнозата, горилите биле ставени во карантин во паркот.

На најстарата, 48-годишна горила Винстон, му биле дијагностицирани пневмонија и срцеви заболувања, соопштиле од зоолошката градина.

Тој бил третиран со лекови за срце, антибиотици и анти-ковид-19 терапија со антитела од тип кој што не е одобрен за употреба кај луѓе.

„Ветеринарниот тим кој го третираше Винстон верува дека антителата придонеле за неговата способност да го надмине вирусот“, велат од зоолошката градина.

Зоолошката градина, исто така, планира да користи верзија на вакцината против „ковид-19“, која не е наменета за луѓето за да ги заштити животните во зоолошката градина во Сан Диего и сафари паркот во зоолошката градина.

Вработениот за кој се верува дека ги заразил животните носел заштитна опрема и ги следел безбедносните протоколи против ковид-19, соопштија од зоолошката градина.

Џонсон : Преземам целосна одговорност за жртвите од корона

Повеќе од 100.000 Британци починале од ефектите на ковид-19, покажуваат денешните официјални податоци, додека владата се обидува да ја забрза вакцинацијата и да го спречи ширењето на новите соеви на коронавирус.

Велика Британија е првата европска земја што го премина црниот број и петта во светот зад САД, Бразил, Индија и Мексико.

Вкупниот број на смртни случаи е 100.162, поголем од бројот на убиени цивили во Втората светска војна и двојно поголем од бројот на убиените во нацистичките бомбашки напади во 1940 и 1941 година, иако во тоа време имало помалку жители.

„Преземам целосна одговорност за сè што направи владата“, рече денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

„Можам да ви кажам дека навистина сторивме сè што можеме, продолжуваме да го правиме тоа, минимизирајќи ги загубите на животите и страдањата.

Тој додаде дека Британците „ќе се обединат како нација по пандемијата за да се сетат на оние што ги загубија своите животи и да им оддадат почит на несебичното херојство на оние кои се на првата линија, кои ги дадоа своите животи за да спасат други“.

Англија, најнаселениот дел од Велика Британија, повторно влезе во општ карантин на 5 јануари, затворајќи ги кафулињата, рестораните, продавниците за непотребна стока и училиштата за повеќето ученици. Воведени се дополнителни ограничувања за патувањата.

Велика Британија стана првата земја што ја одобри вакцината Фајзер во декември, ветувајќи дека ќе ги вакцинира сите над 70 години, оние кои се изложени на ризик, здравствените и социјални работници и жителите на домовите за стари и немоќни до средината на февруари.

Досега првата доза ја примиле 6.853.327 Британци, а втората 472.446.

притисни ентер