Тој за Канал 5 вели дека се чувствува добро и е без симптоми. Иста е состојбата и со неговата сопруга. Двајцата се тестирале откако дознале дека берберот, кај кого бил Крстев на 23-ти март е позитивен на вирусот.
“ Јас сум во самоизолација 8 дена се чувствувам многу добро, немам никакви симптомни, ни температура, се чувствувам многу добро . Со тоа што откако имав контакт од 23ти до сега 17-18 дена откако сум имал контакт со заболениот бербер,вели Горанчо Крстев – Градоначалник на о. Чешиново Облешево.
Како направив јас тест, така и мојата сорпуга. И во Систина и во Филип Втори истиот тест и за мојата сопруга се покажа негативен, а во Филип Втори позитивен. За десет дена треба да се тестираме јас денеска имав закажано тест во Центарот за јавно здравјесо тоа што директорката на Инфективно во Штип го одби тестот не знам зошто , со објаснување дека многу брзо сум правел во Филип Втори и дека нема потреба по насоките треба три тестови да се направат, првиот негативен, вториот позитивен, сакав да направам и во центар за јавно здравје со тоа што сабајле полицијата ме извести да не одам во штип во центарот за јавно здравје. “
Градоначалникот Крстев вели дека имал контакт со многу мал број на луѓе, а откако дознал дека е позитивен на вирусот веднаш ги известил сите да се самоизолираат, меѓу кои се и 19 вработени од општината,кои ќе мора да направат тестирања, за што од општинската администрација велат дека веќе е изготвен распоред.
-Луѓето како што имам информација со кои сум имал контакт мислам дека сите се во САМОИЗОЛАЦИЈА со тоа штио само 19 луѓе додека разбравме ние деак овој берберот е позитивен, јас нормално си бев на работа од кај да знам немав никакви симптоми немав ништо и си одев да си ги обавувам обврските во општината, вели Горанчо Крстев – Градоначалник на о. Чешиново Облешево.
Градоначалникот Крстев вели дека во овој период Општина Кочани ќе се грижи за сите неодложни обврски кои ги има општината Чешиново Облешево.
Тој информираше дека зградата на локалната самоуправа е затворена и во текот на денот екипи од Територијалната противпожарна единица од Кочани целосно ќе ја дезинфицираат.
Крстев апелира до сите граѓани да седат дома и да го чуваат своето, но и здравјето другите луѓе.