Кризен штаб Кавадарци побара 25 луѓе од АРМ заради зголемена контрола на мерките против коронавирус - Канал 5

Кризен штаб Кавадарци побара 25 луѓе од АРМ заради зголемена контрола на мерките против коронавирус

Општински кризен штаб Кавадарци донесе заклучок да се побара од Министерството за одбрана отстапување на 25 припадници на АРМ.

Кризен штаб Кавадарци побара 25 луѓе од АРМ заради зголемена контрола на мерките против коронавирус

Заради зголемена контрола за спроведување на мерките и препораките од Владата во врска со Ковид-19, Општински кризен штаб Кавадарци донесе заклучок да се побара од Министерството за одбрана отстапување на 25 припадници на АРМ, кои ќе бидат вклучени во процесот на контрола и безбедност на територија на кавадаречката општина.

Ова е само еден од заклучоците кои ги донесе Кризниот штаб на денешниот седми по ред состанок.

Од Штабот ги потсетија вршителите на земјоделска дејност на кој начин можат да обезбедат непречено движење до нивните земјоделски имоти. Истовремено, нагласија дека ќе бидат санкционирани сите злоупотреби.

Информирајќи на прес – конференција за сите донесени заклучоци, градоначалникот Митко Јанчев додаде дека редовно, како и досега, ќе се врши дезинфекција, аеродезинфекција и превенција од пожари. Во Општина Кавадарци, рече тој, нема некои поголеми нарушувања на мерките во делот на полицискиот час за викендот.

-Со оглед на тоа дека ни беше прв викенд каде што повеќе од 48 часа луѓето беа на некој начин во изолација, земјоделците успеаја да си ги завршат нивните секојдневни дејности со претходната најава на кол центарот и со најавата до Министерството за земјоделие, така што генерално беше во ред и немаме некои поголеми прекршувања. Очекувам да издржиме за велигденските празници, да бидеме во домашна самоизолација, по препораките на Владата, со тоа да ја минеме и оваа седмица и мислам дека од наредната треба веќе да се разлабават сите мерки, изјави Јанчев на прес конференцијата.

Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека воените напади врз Израел се акт на самоодбрана и дека Иран не сака проширување на конфликтот кон соседните земји, освен ако не биде присилен.

Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана

- Нашата воена реакција е базирана на правото на самоодбрана, рече Арагчи, нагласувајќи дека нападите се одговор на претходните израелски воздушни напади, вклучувајќи и врз нуклеарниот објект во Натанц.

Тој побара од САД да ги осудат израелските напади и изрази сомнеж во тврдењето дека Вашингтон не бил вмешан. - Ние не веруваме дека САД немаат улога во нападите врз нашиот нуклеарен објект, изјави шефот на иранската дипломатија.

Арагчи нагласи дека Иран останува цврст во ставот дека не поседува нуклеарно оружје, но истовремено го брани своето право на мирнодобска нуклеарна програма. Тој исто така откри дека шестиот круг преговори со САД бил откажан, но Иран бил подготвен да даде гаранции.

- Израел е противник на секое дипломатско приближување меѓу Иран и САД, додаде тој.

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

- Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД, додавајќи дека Техеран претходно ја пропуштил можноста за конструктивни разговори.

Тој нагласи дека деескалацијата и долготраен мир во регионот се можни само ако Иран престане да биде закана за регионот, Израел и Европа.

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада во главниот град.

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада

Во Вашингтон се одржа голема воена парада по повод 250-годишнината од основањето на Армијата на САД и роденденот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој наполни 79 години, јави ДПА.

Во исто време, низ земјата се одржаа преку 2.100 протести против политиките на Трамп, со над пет милиони учесници, соопшти Американската унија за граѓански слободи (ACLU).

„Денешните протести се силна порака дека луѓето низ целата земја нема да бидат заплашени од тактиките на застрашување на претседателот Трамп“, изјави во соопштение главната политичка застапничка на ACLU, Дирдре Шифелинг.

„Американците се храбри луѓе кои ја сакаат демократијата и нема да седат настрана додека администрацијата на Трамп го внесува нашиот Устав во машина за сечење - ниту пак ACLU ќе седи настрана“, се потенцира во соопштението.

притисни ентер