Кривична за злоупотреба на службена положба против поранешниот градоначалник на Прилеп

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против девет физички и две правни лица за злоупотреба на службена положба и овластување, информираат од МВР.

Обвинетите, меѓу кои поранешен градоначалник, државен правобранител, нотар и раководители од Прилеп во својство на одговорни лица, со пречекорување на своите овластувања, а со намера да овозможат противправна имотна корист за правното лице од Прилеп, во 2012 и 2013 година отуѓиле градежното земјиште сопственост на државата, со што е предизвикана штета на Буџетот во износ од 7.749.698 денари.

Обвинението, како што информираат од МВР, е поднесено против М. Р. (49) – тогаш во својство на градоначалник на општина Прилеп, И. Ч. (70) – раководител на Одделение за урбанизам во општина Прилеп, И. К. (65) – раководител на Сектор за урбанизам во општина Прилеп, В. Ј. (63) Државен правобранител-Прилеп, Т. М. (63) – Нотар, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување", М. З. (54) – Претседател на Комисијата при општина Прилеп, Ж. С. (70) – раководител на Одделение за катастар и недвижности, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување" и „давање лажен исказ", Г. Б. (57) – еден од основачите на фирма од Прилеп-купувач на спорните парцели и тужител, како и основач и управител на правно лице од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување", „фалсификување на службена исправа" и „поднесување на лажни докази", Р. П. (56) – вработен во правното лице од Прилеп како изготвувач на геодетските елаборати и за изработка на ДУП поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување" и „фалсификување на службена исправа", правно лице од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „давање на лажен исказ" и друго правно лице од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување на деловни книги" и „давање на лажен исказ".

– Пријавените во својство на одговорни лица со пречекорување на своите овластувања, а со намера да овозможат противправна имотна корист за правното лице од Прилеп, во 2012 и 2013 година, со електронско наддавање каде како продавач се јавува општина Прилеп на градежни парцели ГП од КО Прилеп, а како купувач се појавува правно лице од Прилеп, противправно – со лажни имотни листови во кои не постои податок за правото на користење на земјиштето на Министерството за одбрана кое е запишано уште од 01.10.2009 година, а за што од проверките било констатирано дека сите инволвирани лица знаеле дека се лажни и свесно не ја оспориле нивната валидност во сите постапки, постапувајќи најпрво од онаа при припремата на објавата за продажбата на градежното земјиште, давањето на согласностите од страна на Државно правобранителство – Прилеп, а потоа и во постапката пред суд по поднесената тужба за надомест на штета, а ниту пак е поведена постапка пред надлежен суд, на кој начин е отуѓено градежното земјиште сопственост на државата, а врз кое корисник било Министерството за одбрана, а со кои дејствија по заведен судски спор пред Основен суд Прилеп од купувачот правно лице од Прилеп против ПМ за надомест на штета, исплатени се парични средства по правосилна Пресуда на име уплатен надомест за градежно земјиште,„надомест на штета" и камати во износ од 19.191.800 денари од буџетот на Република Македонија, а трите парцели биле отуѓени од страна на општина Прилеп по вкупна цена од 11.442.102 денари, по што на ваков начин предизвикана е штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 7.749.698 денари, информира МВР.

Во 2013 година, од страна на општина Прилеп, се вели во соопштението од МВР, било издадено одобрение за градење на правно лице од Прилеп за изградба на станбена зграда со деловен простор на друга локација во Прилеп при што бил склучен договор за плаќање на надоместокот за уредување на градежното земјиште на 11 месечни рати, а платена е само првата рата, а самиот Договор нема предвидено одредби за заштита од неплаќање на долгот, ниту пак истото е укинато, на кој начин противправно му е овозможено на истото правно лице од Прилеп да врши градежни работи без да го плати утврдениот надоместок- а што е спротивно на одредбите предвидени во Законот за градење. Плаќањето на надоместокот за уредување на градежното земјиште е извршено во 2016 година вез основа на судска пресуда по тужбата вв продажба на градежни парцели, информираат од МВР.

Лицето на ова девојче го избезуми жирито (видео)

 Никој не го очекуваше она што се случи, во студиото завладеа тишина! 

Сè падна во втор план кога таа заблеска.

Танцот е еден од најстарите начини на изразување емоции. Танцовите жанрови исто така се менувале низ историјата на човештвото. Бројните натпревари се можност танчарите да ги покажат своите вештини. На еден од бројните натпревари се појави девојче од едвај 10 години кое го воодушеви жирито со своите танцувачки вештини.

Меѓутоа, во желбата да биде поинаква и забележана, ова девојче прибегнало кон драстичен трик, па своето лице за настап го нашминкало како да оди на Ноќта на вештерките. Кога таа се појавува на сцената со нашминканото лице, сите занемуваат, особено членовите на жирито.

Десетгодишната Сидни Абот најпрво се претставува пред жирито облечена во тренерки, а со првите звуци на музиката ги соблекува и останува во црно трико. Нејзиниот настап е проследен со музика како од хорор филмовите, а таа со своите танцувачки вештини како да сака да евоцира сцена достојна за најстрашните хорор филмови. Судејќи по реакциите на членовите на жирито, но и на публиката во студиото, малата Сидни успеа во тоа.

@gottalentglobal Don't Let Her Cuteness Fool You! #contortionist #creepy #kid #dancer #canadasgottalent #gottalent #howiemandel #LillySingh #TrishStratus #kardinaloffishall ♬ original sound - Got Talent Global

За време на настапот таа изведе неверојатни акробации, па затоа доби громогласен аплауз и од членовите на жирито и од публиката.

Видеото привлече големо внимание на Тикток, а луѓето беа воодушевени од нејзиниот талент.

- Се прашувам како го открила овој талент.

- Земете ја за актерка во хорор филмови.

- Имаш совршен талент!

- Дали само јас се преплашив од ова?

- Ова е претерано за мене, особено затоа што се работи за мало девојче.

- Танцот е совршен, но ваквата шминка е претерана, не би сакал да ја сретнам во некоја темница.

-Би сакала да ги видам нејзините родители и да знам зошто дозволуваат едно дете да настапува облечено и нашминкано вака.

- Ми треба за скриена камера - беа дел од коментарите.

Многумина признаа дека целото шоу го изгледале во еден здив. Иако многумина забележале дека девојчето е многу младо и има огромен талент, сите се согласиле дека „ѕвездата е родена“. Но, имаше и такви кои веруваат дека на децата не им се потребни вакви изведби и дека родителите не треба да ги насочуваат кон вакви работи, дури и да се работи за уметничко изразување.

Бебе од речиси една година плива и нурка како професионален ватерполист (видео)

Снимка што го одзема здивот.

„Таа веќе излегува од вода со сиот сјај на познатите спортисти“!

Во првите месеци од животот, бебињата инстинктивно рефлексно ја затвораат устата и го задржуваат здивот кога ќе се најдат под вода. Овој рефлекс се нарекува „рефлекс на пливање“ и им помага да преживеат во вода. Сепак, бебињата не нуркаат свесно како возрасните. Ако бебето случајно заврши под вода, неговиот природен рефлекс ќе го заштити од голтање вода.

Според експертите, бебињата би можеле да почнат да тренираат пливање некаде помеѓу четвртиот и шестиот месец, но тоа може да варира во зависност од индивидуалниот развој на детето и препораките на педијатарот. Важно е родителите да се консултираат со педијатар за да се уверат дека нивното дете е подготвено за оваа активност. Часовите по пливање за бебиња можат да бидат корисни за развивање на моторичките вештини, самодовербата кога се во водата и за јакнеење на врската помеѓу родителот и детето, бидејќи неретко еден од родителите е во вода со бебето.

Едно видео на кое едногодишно девојче плива, нурка, и стои на рацете од својот татко додека позира стана многу популарно. Но, начинот на кој тоа го прави е идентичен со оној на возрасните пливачи кои професионално се занимаваат со пливање.

Бебето без капа и очила за пливање стои на рацете од својот татко и скока главечки во базенот. Таткото кој е тренер, ни за момент не ѝ ги пушта нозете. Малото девојче се нурнува и потоа излегува плескајќи со рачињата. Потоа, грациозно застанува на рацете од својот татко, одржувајќи совршена рамнотежа и позира, па продолжува одново.

Снимката освоила 1.148.000 „лајкови“ на Инстаграм и мноштво коментари.

- Ми се допаѓа како си аплаудира секој пат кога ќе излезе од вода.

- Ова бебе страшно ме инспирира! Малите деца се толку слободни и амбициозни што би требало да учиме од нив како да ја прифатиме таа бестрашност и да се соочиме со препреките во зрелоста.

- Таа веќе излегува од водата со сиот сјај што го имаат познатите спортисти!

- Има целосна доверба во својот татко!

- Најубавото видео за пливање што сум го видел – коментираат корисниците на Инстаграм.

притисни ентер