Кривична за жител на Велешта за производство и дистрибуција на содржини со детска порнографија

 Дваесет и осум годишен жител од струшкото село Велешта е осомничен за производство и дистрибуција на порнографски материјал, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, полицијата поднела кривична пријава против И.Ј.(28) од селото Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

- Тој, користејќи апликации за комуникација, на повеќе социјални мрежи се зачленувал во групи, во кои ширел содржина со детска порнографија. Потоа, ги споделувал во други групни и лични профили со кои разменувале линкови од групи со таква и слична содржина, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Полициски службеници, како што појасни, направиле претрес во неговиот дом во Велешта, при што биле пронајдени експлицитни фотографии, кои биле одземени.

Активни 15 пожари, најкритично на планината Серта, армијата испраќа дополнителен број војници

15-ина пожари и натаму ја пустошат Македонија.Најкритично е на планината Серта, состојбата е непредвидилива и со пожарите околу Росоман, а добра вест е што пожарот кај Радовиш е ставен под контрола.

Oд денеска дополнително се активира и армијата.

Во живо во овие вести ја вклучуваме Елизабета Дамјаноска Спасеновска. Бети, ти си над селото Пепелиште.

Каква е попладнево состојбата на Серта и уште колку војници тргнуваат на помош?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Маж се удави во Дојранското Езеро

Претпладнево во 10:10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојранско Езеро се удавил маж. 

Според информацијата од полицијата, машкото лице скокнало во водата од чамец, пливало неколку метри, по што се удавило.

-Полициски службеници од ОВР Гевгелија се на местото на настанот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, а повикани се нуркачки екипи за пронаоѓање на лицето, информираа од СВР Струмица.

Засега не се соопштува идентитетот на удавениот, а повеќе детали од полицијата најавуваат за подоцна.

Муцунски на средби со Хулман и Шљиванчанин

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес оствари одвоени средби со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Хулман и вршителот на работите во Амбасадата на Црна Гора, Велимир Шљиванчанин.

На средбата со Амбасадорката на Швајцарија беше изразено заемно задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји изминатите три децении и беше потенцирана заедничката подготвеност за одбележување на 30 годишниот јубилеј од воспоставувањето на дипломатските врски. Воедно, беше поздравена успешната долгорочна соработка во рамки на швајцарската развојна програма, меѓудругото, наменета и за поддршка на реформите за постигнување на европските стандарди и вредности во нашата земја. Притоа, Муцунски истакна дека Швајцарија е наш значаен билатерален донатор, изразувајќи благодарност за оваа континуирана поддршка.

Министерот Муцунски, на средбата со вршителот на работите во Амбасадата на Црна Гора, се заблагодари за укажаната помош во опрема во справувањето со огнените стихии. Воедно, стана збор за евроинтегративните процеси на двете земји, при што беше истакната потребата од нивно забрзување во интерес на регионалната стабилност. Беа разменети мислења и за сојузништвото во рамки на НАТО и регионалната соработката во контекст на справувањето со актуелните безбедносни предизвици.

Соговорниците се осврнаа и на актуелни регионални и меѓународни теми, при што беше искажана заемна подготвеност за натамошна соработка во рамки на мултилатералните формати.

притисни ентер