Кривична за Димова, сопственикот на В.Е.З Трејд и уште двајца соработници во Агенцијата

Управата за финансиска полиција расчисти една од аферите, поврзани со доделувањето европски пари во Националната агенција за европски образовни програми.. 

За нецели три недели, управата за финансиска полиција го расплете случајот „Фризерница“. Поднесе кривична пријава против директорката на агенцијата за европско образовние Лидија Димова и сопственикот на друштвото за трговија и услуги ВЕЗ Трејд Зоран Златковски. Покрај нив, кривична е поднесена и за благајник во агенцијата, како и за еден надворешен соработник - сите се осомничени дека причиниле штета од над 25 милиони денари. Се товарат за кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување", „измама на штета на средства на европската заедница", „соизвршителство" и „несовесно работење".

Канал 5 се обиде да добие коментар за кривичните пријави од Димова, но таа не беше достапна да одговори. Во единствената прес-конференција по објавувањето на аферата за распределбата на европските грантовите, и директорката и сопственикот на ВЕЗ тРејт тврдеа дека во случајот се е чисто.

Кривичната пријава за Димова, доаѓа една недела откако Владата одлучи таа да биде разрешена од функцијата, поради, како што беше образложено, неетичко постапување поврзани со индиции за несоодветно финансиско работење. Сега случајот е во рацете на Обвинителството, кое ќе одлучува дали освен политичка, Димова ќе сноси и кривична одговорност.

Видео: Вториот најголем авион на светот оштетен при принудно слетување

Екипажот на рускиот товарен авион Антонов АН -124-100 долго ќе го памети летот од Сеул за Виена.

При полетувањето на вториот најголем товарен авион на светот од аеродромот Тулмачево во Новосибирск, со вкупен довар од 84 тона се случил дефект во еден од моторите на авионот поради што огромното летало морало веднаш да се врати на земјата.

Авионот Антонов натоварен со автомобилски делови во Новосибирск бил само во пролаз на патувањето од Сеул за Виена.

Кратко по полетувањето од Толмачево, екипажот забележал дефект на моторот, подоцна окарактеризиран како „неконтинуиран отказ на моторот“, односно дефект во кој делови од турбината летале во околината. Ова ги натерало пилотите да се обидат да се вратат и да слетаат на пистата од која штотуку полетале, иако биле на надморска височина од само околу 300 метри.

Покрај силата на моторот број 2, во тој момент авионот ја изгубил и моќта, можност за радио комуникација, во внатрешноста на пилотската кабина но, и со контрола на летот, но уште поважно, управување со моќноста на другите мотори и кочењето на земја.

Поради тоа, принуднот слетување било многу тешко и неизвесно.

За време на слетувањето, Ан-124 успеа да слета на пистата, на самиот крај од неа, авионот застанал многу блиску до полето.

При слетувањето попуштила предната опрема за слетување попушти, поради што авионот слета на трупот, што дополнително го оштетило авионот.

Првичните проценки сугерираат дека овој транспортен авион е неповратно уништен. За среќа, сите 14 членови на екипажот поминале без повреди.

МЗ: 32 починати, 820 новозаболени, 895 оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на ковид-19

Во: Скопје-279, Куманово-49, Штип-39, Прилеп-15, Тетово-42, Струга-33, Велес-19, Битола-58, Охрид-24, Кавадарци-34, Гостивар-37, Гевгелија-25, Струмица-25, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-15, Пробиштип-10, Демир Хисар-2, Македонски Брод -1, Пехчево-3, Берово-14, Валандово-11, Виница-6, Делчево-15, Кратово-3, Свети Николе-15, Кичево-11, Ресен-1, Неготино-21.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 895 оздравени пациенти од: Скопје-496, Куманово-39, Штип-32, Прилеп-37, Тетово-29, Струга-26, Велес-26, Битола-18, Охрид-33, Кавадарци-17, Гостивар-31, Гевгелија-8, Струмица-17, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-13, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-4, Валандово-8, Виница-5, Делчево-1 Кратово-6, Свети Николе-8, Кичево-8, Ресен-7 и Неготино-9.

Починати се 32 лица, единаесет пациенти од Скопје (73, 68, 72, 83, 77, 78, 62, 63, 88, 55, 56г), четири од Куманово (89, 95, 63, 57г), тројца од Прилеп (65, 59, 79г), еден пациент од Тетово (83г), еден од Велес (67г), тројца од Битола (77, 53, 62г), еден од Охрид (75г), тројца пациенти од Гостивар (59, 76, 66г), еден од Гевгелија (74г), тројца од Струмица (57, 68, 76г) и еден пациент од Ресен (61г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 61543, бројката на оздравени пациенти е 38400 на починати е 1731, а бројот на активни случаи изнесува 21412.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 26877, активни 10150

• Куманово 3738, активни 942

• Дебар 462, активни 97

• Штип 2662, активни 558

• Прилеп 2983, активни 1047

• Тетово 3812, активни 961

• Струга 1446, активни 456

• Велес 1962, активни 718

• Битола 2041, активни 891

• Охрид 1595, активни 618

• Кавадарци 1247, активни 496

• Гостивар 2516, активни 942

• Гевгелија 737, активни 243 (58 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 132 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1705, активни 597

• Крива Паланка 429, активни 126

• Радовиш 428, активни 118

• Крушево 129, активни 71

• Кочани 1241, активни 288

• Пробиштип 364, активни 91

• Демир Хисар 199, активни 87

• Македонски Брод 169, активни 47

• Пехчево 100, активни 23

• Берово 361, активни 94

• Валандово 217, активни 69

• Виница 373, активни 159

• Делчево 454, активни 205 (129 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 154, активни 53

• Свети Николе 836, активни 235

• Кичево 1263, активни 517

• Ресен 459 активни 191

• Неготино 584, активни 322 (70 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2019 теста се преку: ИЈЗ-693, ЦЈЗ Скопје-73, Авицена-319, Биотек-208, МАНУ -147, Жан Митрев (Филип Втори)-105, Систина со PCR метода -183, лабораторија Лаор –66, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-108, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-76, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -39, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 331.105 тестирања на Ковид -19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 634

• Гази Баба – 1520

• Аеродром -1461

• Карпош – 1191

• Центар – 1103

• Кисела Вода – 1250

• Ѓорче Петров – 878

• Бутел - 603

• Шуто Оризари – 200

• Студеничани – 54

• Сарај – 171

• Арачиново -33

• Илинден – 270

• Сопиште – 59

• Чучер Сандево – 104

• Петровец –140

• Зелениково -83

• Странец – 214

• Нераспределен- 182

Видео: Бизарна борба меѓу девојка и маж од 240 килограми

Поради претешкиот боксер организаторите морала да набават специјална вага на службеното мерење.

На руската боксерска приредба „ Our Business" презентирана е досега невидена и прилично бизарна борба меѓу девојка и маж тежок дури 240 килограми.

На една страна од рингот била Дариа Маздјук, професионална боксерка тешка 63 килограми а во другите агол бил јутјуберот Григори Чистјаков , човекот кој тежи дури 240 килограми.

Дариа во својата боксерска кариера има по четири победи и порази во рингот, а на овој бизарен меч покажа дека знаењето ја победува сировата маса. Маздјук го сруши тешкиот противник на подот и со неколку удари ја заврши борбата.

притисни ентер