Кривична пријава за поткуп, проневера.. за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски

Финансиската полиција влезе во домот на поранашениот директор на Службата за општи и заеднички работи Пеце Мирчевски, каде од рано утрово се вршат претреси со цел обезбедување докази за повеќе кривични дела поврзани со сомнежи за поткуп, проневери... Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Флик: Среќни сме, Барселона е на врвот во Ла Лига

Тренерот на Барселона, Ханс Флик, изрази задоволство од настапот на неговиот тим и победата во натпреварот од 24. коло на шпанскиот шампионат синоќа против Рајо Ваљекано (1:0).

-Среќни сме, на врвот сме во Ла Лига. Ова е многу важно и за тимот и за навивачите. Реков дека ќе се бориме до крај, и тоа го правиме. Рајо нема пораз девет натпревари по ред, па победата е голем успех. Одигравме добро, но можеме да бидеме уште подобри, изјави Флик за „Barca Universal“.

По овој натпревар Барселона е на првото место на првенствената табела со 51 бод, исто колку и Реал Мадрид кој е на второто место. Рајо Ваљекано е на шестото место со 35 бодови.

Каталонскиот клуб сезонава игра добро и во Лигата на шампионите каде како второпласирана по првата фаза избори директен пласман во осминафиналето.

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

На Попова Шапка има најмногу снег, 32 сантиметри, а таму беше измерена и најниска температура од -10 степени, додека во Маврово беа измерени -6, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минусни температури имаше и во Крушево, Крива Паланка, Берово, Виница, Тетово, Прилеп, Штип, Скопје-Зајчев Рид, Битола и во Велес, а нула степени беа измерени во Скопје-Петровец, Охрид, Кавадарци, Демир Капија и Струмица. Највисока температура имаше во Гевгелија, каде утрово беа измерени 3 степени.

Покрај Попова Шапка, снег во земјава има и во Маврово – 8 сантиметри, 3 во Скопје-Петровец, 2 во Виница и 1 сантиметар во Крива Паланка.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локална појава на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.

Во Скопје променливо облачно, преку денот со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Руте: Европа е подготвена да и даде безбедносни гаранции на Украина

 Европа е подготвена да преземе иницијатива за обезбедување безбедносни гаранции за Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по вчерашната вонредна средба за Украина во Париз.

„Европа е подготвена и има волја да се активира, да преземе иницијатива за да и овозможи безбедносни гаранции на Украина“, рече Руте, истакнувајќи дека тоа е клучниот заклучок од состанокот што го организираше францускиот претседател Емануел Макрон.

Дополнително, во својата објава на мрежата Икс, Руте ја истакна потребата од дополнително дефинирање на деталите, но увери дека обврските се јасни.

притисни ентер