Кремљ ги отфрли обвинувањата за вмешаност во турските избори - Канал 5

Кремљ ги отфрли обвинувањата за вмешаност во турските избори

Кремљ „одлучно“ ги отфрли обвинувањата за мешање во изборите во Турција.

Кремљ ги отфрли обвинувањата за вмешаност во турските избори

Претходно, главниот противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган на претседателските избори на 14 мај ја обвини Москва дека стои зад лажните снимки што ја раздвижија кампањата. „Ние категорично ги отфрламе овие изјави“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Официјално изјавуваме: нема руско учество во Турција“, додаде тој.

Во исто време, Песков ја пофали „одговорната, суверена и внимателна позиција на Турција за цела низа регионални и меѓународни проблеми“, што на Москва „многу ѝ се допаѓа“, рече тој. „Многупати кажавме и нагласуваме дека Русија не се меша во внатрешните работи и изборниот процес на други земји“, изјави портпаролот на Кремљ.

Западните земји редовно ја обвинуваат Русија за мешање во изборите, особено преку кампањи за дезинформации.

Главниот противник на претседателот Ердоган на претседателските избори во Турција во недела, Кемал Киличдароглу, вчера ја обвини Русија дека користи „дипфејкс“ во кампањата, бидејќи уште еден опозициски кандидат се откажа од трката.

„Почитувани руски пријатели, вие стоите зад монтажите, заговорите, фалсификатите и снимките што вчера беа прикажани во оваа земја. Ако сакате да бидете наши пријатели и после (изборите), оставете ја турската држава на мира“, предупреди вчера Киличдароглу.

„Deepfakes“ или „hyperreality“ се дигитално манипулирани слики кои изгледаат многу реални. Тие се зголемен предизвик во борбата против дезинформациите ширум светот.

Кандидатот на турската опозиција Мухарем Инџе вчера се откажа од трката, велејќи дека е жртва на кампања за оцрнување на која се прикажани лажни снимки на кои е прикажан со љубовница и вози луксузен автомобил.

Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин, кои дојдоа на власт на почетокот на 2000-тите, ги зајакнаа своите врски пред речиси десет години, кога односите меѓу Западот и нивните земји станаа затегнати.

И покрај нивните различни интереси, тие соработуваат за повеќе прашања, како Сирија. Турскиот претседател е меѓу ретките лидери кои имаат добри односи и со Москва и со Киев, и покрај конфликтот во Украина.

МНР: Македонските државјани веќе се наоѓаат на територија на Египет и се на безбедно

Според извори од Министерството за надворешни работи, македонските државјани кои беа предмет на евакуација веќе се наоѓаат на територија на Египет и се на безбедно.

МНР: Македонските државјани веќе се наоѓаат на територија на  Египет и се на безбедно

Истите извори информираат дека за нив е обезбедено сместување во хотел, додека се завршуваат административните и логистички подготовки за враќање во земјава.

Се очекува репатријацијата да се реализира во текот на денешниот ден или најдоцна утре, со владиниот авион.

Трамп: Сакам вистински крај, а не прекин на огнот меѓу Израел и Иран

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се стреми кон „вистински крај“ на конфликтот меѓу Израел и Иран, а не само кон прекин на огнот.

Трамп: Сакам вистински крај, а не прекин на огнот меѓу Израел и Иран

- Не се залагаме за прекин на огнот, туку за нешто подобро од прекин на огнот, изјави Трамп пред новинарите откако се врати во САД од самитот на Г7 во Канада.

Тој нагласи дека сака „крај, вистински крај, а не прекин на огнот“, додавајќи дека посакува Иран да направи „целосно откажување“ од своите позиции.

Трамп исто така објави на „Трут соушл“ дека не се обратил на Иран со каков било предлог за мировни разговори, додавајќи дека Техеран „требаше да ја прифати понудата што беше на маса“.

Во врска со потенцијални ирански напади врз американските интереси во регионот, тој најави жесток одговор. - Тогаш ракавиците се симнати… Мислам дека знаат дека не треба да ги допираат нашите трупи .Ќе реагираме жестоко доколку направат нешто против нашите луѓе, потенцираше Трамп.

Говорејќи пред новинарите во авионот Ер форс уан, Трамп најави дека можно е да ги испрати американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс и специјалниот претставник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, на средби со ирански претставници.

- Тоа зависи од развојот на настаните по моето враќање, додаде Трамп.

Дополнително, Трамп ја повтори својата позиција дека Иран „не смее да поседува нуклеарно оружје“.

Мицкоски: Се работи првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули

Се работи првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули, а до крајот на месецов и експресната делница Дреново-Фариш, најави денеска премиерот Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека.

Мицкоски: Се работи првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули

На новинарско прашање при денешната посета на Битола Мицкоски рече дека реализацијата на четирите автопати во изградба (Кичево-Охрид, Гостивар-Букојчани, Гостивар-Тетово и Прилеп Битола) во должина од 150 километри, во првите четири месеци од годинава споредено со минатата година е четирипати поголема, истакнувајќи дека очекува да биде осумпати поголема во вториот и во третиот квартал.

- Во делот на автопатот Кичево-Охрид очекувам на почетокот на јули, ќе доциме две недели од она што го кажавме пред една годинаа, можеби можевме да го завршиме порано 10-ина дена. Таму секој ден на терен се и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и министерот за да ја стигнеме динамиката некаде до 10 јули да биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид со исклучок на делот кај Ботун, четири-пет километри каде има свлечиште кое треба да се санира. Значи, ќе бидат ставени во функција 40-ина километри. Исто така, тука имаме доценења во делот на проектирањето на свлечиштата што треба да се санираат, но мислам дека успеавме да ги мотивираме компаниите да го фатат рокот и патот целосно да го пуштиме до крајот на 2026, почетокот на 2027 година, изјави Мицкоски.

На автопатот Прилеп-Битола најави дека до крајот на месецов ќе бидат завршени имотно-правните работи на над 80 проценти од трасата, таму се заокружени истрагите поврзани со пронаѓање на експлозивни направи. - Важно е што се следи, рокот се забрза за разлика од состојбата од пред една година кога беше до никаде, сега веќе е отворен фронт од 20-ина километри. Се работи и ќе биде испочитуван рокот кој е дел од Договорот, рече Мицкоски.

Според него, отворен е поголем фронт за работа и на автопатот Гостивар-Букојчани, каде веќе се готови носачите од Гостивар кон Стража, а во најголем дел е пробиена трасата. Работите одат во една солидна динамика, а надмината е пречката со ноѓалиштата од античко време, така што, додаде, очекувам и тука да имаме исклучително голема рализација. -Во првите четири месеци од годинава реализацијата на автопатите споредено со минатата година е четирипати поголема, а очекувам да биде осумпати поголема во вториот и во третиот квартал, посочи премиерот Мицкоски.

Во фаза на претквалификација е патот Букојчани-Кичево и тука, дополни, го задвиживме процесот, отворен е поголем фронт за работа на Тетово-Гостивар, некои 10-ина, 15 километри, и имотно-правно и трасирањето.

Како што најави Мицкоски, се очекува до крајот на месецов да биде пуштена делницата Дреново-Фариш на експресниот пат Градско-Прилеп откако е решена состојбата со карпата и се расчистува патот.

Премиерот најавува и дека во општините ќе има нови 1200 градилишта со инфраструктурните пректи од двата повика на Владата.

- Кога сето ова ќе се спореди со летаргијата што фукционираше изминатите години - Битно е да крадеме, а не да градиме, тогаш мислам дека се чувствува разликата и поместувањето во позитивна насока, изјави Мицкоски.

При вонредниот надзор на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, на 14 и 15 месецов над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид било констатирано дека градежните работи се одвиваат со силен интензитет, согласно новиот динамички план за изградба на автопатот. Исто така било утврдено дека наследените проблеми со експропријацијата, дислокација на водовите како и косините се решаваат во континуитет согласно планираната динамика.

Според ЈПДП, забрзано тече изградбата на пристапните патишта од: Врбјани до Сливово, Сливово-Арбиново, Арбиново-Издеглавје, Издеглавје-Песочани, Песочани-Ново Село, Ново Село-Ботун, како и изградбата на пристапни патишта до село Горенци и село Оровник. - Се изведува последната фаза пред асфалтирање и градежни активности на клучките Арбиново и Издеглавје, се поставува жичана ограда и еластична ограда, а кај Климештани е завршена десната страна и пуштена под времен режим на сообраќај и сега започнуваат активности на лева страна од главната траса. Започната е првата фаза на клучка Требеништа, а интензивно се работи од Подмоље до х. Амасадор на изградба на столбови за натпатник, изградба на потпорен ѕид, како и на изградба на фекална и атмосферска мрежа. Се работи и на натпатникот кај Св. Еразмо, но и на левата страна од Подмоље до Охрид каде се поставува еластична ограда во средишниот дел, а се вршат и припремни работи за асфалтирање на десната страна од главна траса, изјавија за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта.

Извештајот од надзорот за прогрес на работите за автопатските делници на коридорите 8 и 10д што ги гради конзорциумот „Бехтел“ и Енка“ за периодот од 1 до 30 април годинава покажува дека се завршени 95 проценти од проекциите за експропријација за автопатската делница Тетово-Гостивар, 46 проценти за Гостивар-Букојчани, а 78 проценти за делницата Прилеп-Битола. За делницата Букојчани-Гостивар се реализирани 73 проценти од геотехничките истражувања, а за Прилеп-Битола 63 проценти. Надзорот регистрира напредок од 60 проценти на работите за спецификација и проектирање на автопатот Тетово-Гостивар, од 30 проценти за Букојчани-Гостивар, а од 49 проценти за Прилеп-Битола.

Од градежните активности на трите делници (Тетово- Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола) се земјани работи на главна траса, изградба на пропусти, армирање и бетонирање на мостови, регулирање на времени сообраќајни режими, се вршат ископи и се изведува заштита на косини.

На „Бехтел и Енка“ досега се исплатени вкупно 301.088.222,79 евра. Во април годинава, според Извештајот на надзоорт, имало две исплати од државата преку ЈПДП, од 599.794.350 денари, на 22-ри, и од 524.972.228 денари на 30-ти.

притисни ентер