Креативни столпчиња за поголема безбедност пред училиштата во Карпош

Општина Карпош постави заштитни столпчиња пред неколку основни училишта во Карпош, со цел, дополнително да ја зголеми безбедноста за учениците пред воспитно – образовните установи.

Ваков тип на сигнализација, како што соопшти Општината, беше поставена пред училиштата „Петар Поп Арсов" во Карпош 4 (од влезот на улицата „Разловечко востание" и од пристапот на ул. „Трифун Бузев"), пред ООУ „Владо Тасевски" во Козле (на улица „Јуриј Гагарин"), како и пред ООУ „Војдан Чернодрински" во населбата Владо Тасевски (на ул. „Дрезденска").

Столпчињата, наведуваат, треба да ги предупредат учесниците во сообраќајот, да ја намалат брзината на движење и да обрнат поголемо внимание кога се движат во близина на училишта.

Локалната самоуправа ќе постави вакви заштитни столпчиња и пред другите училишта.

– Општината, го подигна нивото на безбедност пред образовните установи, поставувајќи обични и интелигентни „лежечки полицајци" и метални бариери. Од минатата учебна година, во сите основни училишта беше ангажиран дел од кадарот, со помош на сообраќаен знак, да го регулираат сообраќајот на локалните улици пред почетокот и на крајот на наставата, се наведува во соопштението. /МИА

Мерцедес им се извини на купувачите на новата Ѕ класа

Новата класа S штотуку пристигна, но веќе се соочува со своите први проблеми.

И, за овој проблем не е виновен надворешниот непријател, туку внатрешниот, и веројатно станува збор за комбинација на конструкциски грешки и контрола на квалитетот. Имено, Мерцедес морал да го иницира првото отповикување на S-Class на почетокот на годината.

Како што е познато, поради пократката внатрешна врска, постои можност да не може да ги издржи динамичките оптоварувања, па затоа е можно да се изгуби контролата, што може да заврши со сообраќајна несреќа.

Сопствениците на новата S-Class ќе мора да ги посетат сервисните центри каде што уште еднаш ќе бидат прегледани елементите на шасијата. Наводно, навојот е прекраток и врската не е доволно безбедна.

„Се извинуваме за потребата од вонредна посета на сервис и се надеваме на разбирање“, соопшти Мерцедес, пренесува „Бизнис инсајдер“. Како оправдување, тие велат дека грешката не била забележана на време затоа што внатрешната врска пристигнала како дел од поголема единица која што била директно инсталирана во возилото.

Да потсетиме, S-Class се произведува во ултрамодерната фабрика 56 во Синделфинген, во која Daimler инвестирал околу 730 милиони евра,пишува Бизнис Инсајдер.

„Само Вистина" со Сашо Орданоски

Во вечерашната „Само Вистина“ гостуваше Сашо Орданоски.

- Осцилациите одат во различни крешенда, пописот е нешто што мора да се направи, ќе се попишува и присутно и отсутно население, ако се зборува за етничкиот аспект, некој ќе биде многу разочаран, рече Орданоски.

- Секогаш има политика, посебно кога треба да се бројат графите на ваква или онаква етничка припадност. Нормално е дека ќе бидат подигнати сите нивоа на нервоза и недоверба, рече Орданоски.

- Во Македонија се доаѓа на власт со два или три пратеници повеќе, ни претстојат локални избори и секој ќе биде казнет или награден според сработеното, рече Орданоски.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

Британски Оксфам: Десетте најбогати луѓе на светот можат да купат вакцини за сите

Вкупното богатство на десетте најбогати луѓе на светот се зголемило за 540 милијарди долари, и покрај пандемијата на коронавирус.

Со овие пари можат да се купат вакцини за секого, а исто така да се спречи сиромаштија предизвикана од пандемијата, пренесува Би-Би-Си.

Според извештајот на британската непрофитна организација Оксфам Интернешнл, капиталот на десетте најбогати луѓе на светот е еквивалентен на износот на сите влади на Г20, што е планиран за закрепнување на економијата.

Помеѓу 18 март и 31 декември минатата година, богатството на милијардерите се зголемило за 3,9 трилиони долари и сега изнесува 11,95 трилиони долари, колку што владите на Г20 потрошиле за пандемијата.

Меѓу десетте најбогати се светски познати имиња како основачот на Амазон, Џеф Безос, шефот на Фејсбук, Марк Закерберг, пронаоѓачот Илон Маск и филантропот Бил Гејтс.

Само Безос има заработено толку многу од септември, што можел да му плати на секој работник во Амазон бонус од 105.000 долари и да остане богат како пред пандемијата. Амазон вработува повеќе од 1.200.000 луѓе, а 810.000 само во САД.

Оксфам проценува дека поради пандемијата околу 500 милиони луѓе живеат во сиромаштија.

„Ова го гледаме како можност да се преземат радикални чекори, да се оданочуваат богатите и корпорациите и да се зголеми минималната социјална заштита за сите“, рече извршниот директор на „Оксфам“, Дени Срискандарајах.

Многу спортисти, филантропи и претприемачи донирале многу пари за да помогнат во пандемијата.

Коосновачот на Твитер, Џек Дорси, во април објави дека ќе донира милијарда долари во добротворни цели. Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда ќе донираат 305 милиони долари за вакцини, третман и дијагностика, додека Џеф Безос донирал 125 милиони долари, објави BBC.

притисни ентер