Крај железничката пруга Гевгелија – Скопје во Велес, пронајдени 22 мигранти

Во Велес синоќа во 20.40 часот покрај железничката пруга Гевгелија– Скопје, полициски службеници пронашле 22 лица мигранти, меѓу кои и двајца малолетници.

Според информациите од МВР, од мигрантите 10 се од Бангладеш, седум од Пакистан и пет лица од Авганистан.

Тие биле предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ и ќе бидат транспортирани во Транзитен центар Винојуг-Гевгелија.

Средба Арсовска - Бесими: Со инклузивен процес до решенија за излез од кризата

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска оствари официјална работна средба со министерот за финансии, Фатмир Бесими.

На средбата во присуство и на потпретседателите на Сојузот како и експерти се дискутираше за актуелните неповолни состојби во економијата како и за предложените 25 мерки за економски спас.

Во фокус на средбата беше неопходноста од носење на пакет економски мерки кои ќе дадат директна помош на стопанството.

Арсовска истакна дека само со заедничка акција на релевантните чинители во општеството, како и со соодветни решенија за проблемите на претпријатијата може да се стабилизираат состојбите во економијата.

„Дел од клучните предизвици од чие надминување зависи подобрувањето на состојбите во економијата се во ингеренции на Министерството за финансии. Во таа насока пораката на Сојузот е нашите 25 мерки за економски спас да се реализираат според утврдените приоритети со директна помош за претпријатијата, а не со социјални мерки бидејќи тој пристап е неодржлив, односно не создава нова додадена вредност. Приоритет треба да биде наменски и рационално искористување на буџетските средства, се со цел да се обезбеди стабилност во економијата. Без очекуваната директна помош како фискален стимул, проекциите се лоши", изјави Арсовска и додаде дека на сите кои работат регистрирано и плаќаат даноци треба да им се помогне безусловно.

На средбата претседателот на Сојузот на стопански комори, Арсовска истакна и дека одлуките мора да се носат во партнерски и инклузивен процес, бидејќи само така донесените решенија ќе може да се имплементираат и да дадат добри резултати.

Министерот Бесими ја истакна важноста од партнерството на Владата со приватниот сектор, порача дека покрај мерките кои што се преземаат важна е конзистентноста.

Тој нагласи дека потребно е приватниот сектор да се поттикне за да креира нова додадена вредност.

„Новиот сет на мерки ќе биде таргетиран. Економските мерки што покажаа резултат ќе продолжат, но ќе се редизајнираат со цел зголемување на нивната ефикасност. Мерките ќе се темелат на три столба, првиот столб го опфаќа социјалниот и здравствениот аспект, вториот е фокусиран на економијата и вработувањата се со цел одржување на ликвидноста и третиот е насочен кон одржување на макроекономската и фискалната стабилност", изјави Бесими и додаде дека максимални се заложбите за обезбедување на средства од расположливите меѓународни финансиски институции и од буџетот се со цел економските циклуси да не запрат.

Сојузот на стопански комори на Македонија смета дека со предложените економски мерки кои треба да се имплементираат на краток рок во соодветна временска рамка ќе се помогне во одржување на ликвидноста на компаниите, која е сериозно нарушена. На долг рок ќе бидат дополнително предложени системски мерки за економски развој кои треба да следат по фазата на економско стабилизирање.

Сојузот на стопански комори на Македонија како највисока форма на организирање на национално ниво е најголемата деловна мрежа која застапува преку 35 стопански комори и организации.

Утре стабилизирање на времето, од сабота до понеделник циклонска активност со влажни бранови

 Преодно стабилизирање на времето ќе има утре и ќе дува умерен дозасилен јужен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура утре ќе се движи од 8 до 15 степени, а дневната од 20 до 31 степен. Во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до 13 степени, а дневната до 28 степени.

Од сабота до понеделник ќе бидеме под влијание на изразена циклонска активност со чести продори на влажни бранови. Времето е биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд особено во сабота (над 30 литри на квадратен метар), кои наместа ќе бидат поројни, со грмежи и силен ветер (над 80 километри на час). Температурата значително ќе се намали.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче доскорешниот прв КОВИД центар го доведе до финансиски колапс

 Дали неспособноста на ново-стариот министер за здравство Венко Филипче ескалира, и тоа уште на самиот почеток на новиот мандат?

Дали во „новата нормалност“ Клиниките и болниците во Република Македонија се наоѓаат пред финансиски колапс? Освен што недостасува медицински кадар по здравствените установи, сега постепено излегува на површина и финансискиот дефицит.

Имено, јавноста деновиве беше сведок на шокантна вест која што проструи во медиумскиот простор, дека Градската Општа Болница „8-ми Септември“ е пред финансиски колапс. ФЗОМ, според информациите кои се јавно достапни, должи финансиски средства за речиси 13.000 пациенти лекувани од КОВИД-19 во оваа болница.

Недозволиво е ова што се случува во македонското здравство. Над 12.000 прегледи на болни со КОВИД-19 и над 2.000 излекувани пациенти, а ниту денар од државата за доскорешниот прв КОВИД центар во Република Македонија.

Шест месеци ГОБ „8-ми Септември“ функционирала без префрлени средства од ФЗОМ, па затоа сега има потешкотии да ги набави основите материјали за нормално функционирање.

На скандалите им нема крај.

По ваков еден невиден скандал, Филипче го нема никаде да одговори зошто оваа елитна болница е доведена до работ на егзистенција?

За ова одговорност од надлежните мора да има.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува ФЗОМ и министерот за здравство Венко Филипче да одговорат на јавноста што е причината за овој скандал? Каде се финансиските средства кои што треба да се исплатат на болницата? Зошто до сега истите не се исплатени и зошто болницата е доведена Филипче не успеа да се справи ниту со првиот бран, кој во Република Македонија е продолжен со неколку пикови. Предвидливо е за жал дека најверојатно нема да може да се справи ниту со вториот.

Неспособноста на оваа старо-нова влада досега не чини над 700 човечки животи.

Време е да се понесе одговорност за ваквата неспособност.

Синиша Стојаноски, пратеник

притисни ентер