Ковачки: Непрофесионализмот при издавање на безбедносни сертификати е препознаен во НАТО

Трет ден како Министерот за одбрана и претседателот на државата молчат и не даваат одговор на поставените прашања во врска со скандалот што и’ го приредија на својата држава, рече Драган Ковачки, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Со неодговарањето на поставените прашања од нашите прес конференции, Радмила Шекеринска и Стево Пендаровски ги девалвираат институциите кои ги претставуваат. На сите им е јасно дека проблемот за враќањето на двајцата кандидати за воени, односно одбранбени претставници на Македонија во НАТО е во власта.

И двајцата кандидати за претставници во НАТО кои беа вратени од Алијансата, внимавајте - добиле НАТО сертификат од органите на Република Македонија, но истите кога повторно биле проверени од нашите сојузници, не добиле потврда за тоа.

Ова ни помалку ни повеќе, значи дека органите, односно институциите што се целосно партизирани од страна на партијата на власт, издаваат НАТО сертификати, кои при повторна проверка од страна на Алијансата се оценуваат како неточни и некредибилни. Значи, станува збор за делегитимирање на целиот процес воден од македонските институции.

Постои огромен сомнеж, а последните два примери се чист доказ, дека институциите под власт на СДСМ издаваат НАТО сертификати само на лица подобни за власта, без разлика на тоа дали лицето реално ги исполнува условите или не. Ќе ве потсетам на примерот кога за само 5 дена му издадоа сертификат за пристап до Државна тајна на новинар близок до ставовите на СДСМ.

Од друга страна, лица кои ги исполнуваат условите за добивање на безбедносни сертификати во Република Македонија, се подложни на одбивање, само затоа што се политички неподобни. Значи, процесот на ветинг, односно безбедносна проверка, наместо да биде во функција на државата и спроведуван од институции предводени од професионалци, се користи за партиска пресметка со неистомислениците и неподобните. Од почит кон тие лица, нема да изнесуваме имиња.

Очигледно е дека и покрај дебаклот со нејзините номинации, Шекеринска продолжува да ја поисоветува партијата со министерството и да импровизира на полето на безбедноста.

Г- ѓо Шекеринска, нашите укажувања се добронамерни. И самите сте свесни дека со вашиот однос кон овие прашања уште еднаш потврдувате дека сте го промашиле ресорот кој Ви е доделен да го водите. Ја изигравте правната држава и за тоа добивте потврда и од алијансата.

За ваше добро и добро на татковината Македонија, одважете се и понесете одговорност.

Време е за Оставка веднаш!, рече Ковачки.

Пресечен меѓународен канал за трговија со хашиш, приведен албански државјанин

МВР продолжува со интензивните мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога.

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, во координација со ОВР Струга, Регионалниот центар за гранични работи Исток и Царинската управа, вчера пресекоа меѓународен канал за транспорт на хашиш од Албанија преку Македонија и Бугарија, со крајна дестинација Турција, при што се запленети околу 14 килограми хашиш и пакувања хашиш смола и хашиш масло, соопшти денеска портпаролот на МВР. Тони Ангеловски.

– По претходно преземени мерки, во 12.45 часот на граничниот премин Деве Баир (на излез од Република Македонија) извршен е претрес на возило БМВ, управувано од албанскиот државјани Х.Х. (60), при што во два бункера биле пронајдени пакувањата со хашиш. Х.Х. е лишен од слобода и во текот на денот ќе биде предаден на надлежното обвинителство со соодветна кривична пријава, рече Ангеловски.

МВР продолжува со интензивните мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога.

– Завчера беа запленети над половина тон марихуана, а акциите продолжуваат и во наредениот период, вели Ангеловски.

РСБСП: Жените возат одговорно! Биди горда што си жена и што си безбеден возач!

      Жените возат одговорно! Биди горда што си жена и што си безбеден возач!  - е пораката  со која РСБСП го честита денот на жената 8-ми Март 

И покрај тоа што сеуште постојат одредени стереотипи за улогата на жената во општеството сепак евидентен е фактот дека жените денес се рамноправни во сите сфери на општественото живеење.

Кога станува збор за сообраќајот, факт е дека жените денес се активни учесници во патниот сообраќај и тоа не само како пешаци и велосипедисти, туку и како возачи на моторни возила и како мотоциклисти, а некои од нив и како професионални возачи. Ако пред дваесетина години жените претставувале само незначителен процент од возачите, денес таа бројка се доближува до 50%.

Динамиката на живеење и секојдневните и бројни обврски кои современата жена треба да ги исполни во еден работен ден и во рамките на семејството ја наметнуваат потребата жените да бидат активни во сообраќајот и како возачи.

Учесниците во сообраќајот, особено возачите можеме да ги поделиме на безбедни и небезбедни, на совесни и несовесни и секоја поделба на возачите на женски и машки е несоодветна, и истата може да се прави само за научни и статистички цели.

Иако можеби за многумина, на прв поглед, жените изгледаат не толку вешти возачи, истражувањата покажуваат дека жените се безбедни возачи. Истражувањата всушност покажуваат дека брзото и агресивно однесуваање во сообраќајот не е својствено за жените, дека жените помалку возат под дејство на алкохол, не поминуваат на црвено на семафор, не возат без возачка дозвола, жените повеќе ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и повеќе ги почитуваат пешаците и велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот.

Согласно наведеното, ако почитувањето на сообраќајните правила и прописи е женско возење, ако почитувањето на ограничувањто на брзината е женско возење, ако почитувањето на пешаците е женско возење, ако дефанзивното возење е женско возење, тогаш ајде сите да возиме на женски начин, затоа што така е побезбедно и посигурно.

Статистиката покажува дека мажите трипати повеќе страдаат во сообраќајни незгоди од жените. Според Светската здравствена организација, околу 77% од сообраќајните незгоди со фатални последици се предизвикани од возачи мажи.

По повод денот на жената, 8-ми Март, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со МВР организира превентивно едукативни активности со цел подигање на свеста против стереотипите за жените како лоши возачи. Согласно тоа, на 7 и 8 март во повеќе градови се организираат акции за дистрибуција на цвеќе за жените возачи и дистрибуција на брендирани заштитни маски за лице, флаери, миризливи освежувачи за во автомобил и други едукативни материјали.

Активностите се одвиваат под мотото: Жените возат одговорно! Биди горда што си жена и што си безбеден возач!

ЧЕСТИТ „8- ми МАРТ“

# ВОЗИОДГОВОРНО!

ССМ: На жените им требаат работнички права

Работодавачите и Владата треба да прават повеќе за да го спречат насилството и вознемирувањето на жените на работа, дома или било каде, велат од ССМ.

Изминатата година, поради пандемијата предизвикана од Ковид-19, жените работнички биле изложени на работа во специфични услови, на незаконско намалување на платите, отпуштања и притисоци и вознемирување на работното место, информираат денеска од Сојузот на синдикати на Македонија.

Оттаму упатуваат апел до Владата да ја ратификува Конвенцијата C-190 на Меѓународната организација на трудот за спречување насилство и вознемирување во светот на работата која ги заштитува работниците и другите лица во светот на работата.

– Работодавачите и Владата треба да прават повеќе за да го спречат насилството и вознемирувањето на жените на работа, дома или било каде, велат од ССМ.

Потсетуваат дека мал е и бројот на жени на раководни позиции, дека помалку се платени жените и оти јазот на платите е најзастапен кај нискоквалификуваните жени. Затоа, сметаат дека е потребно е да се обезбеди рамноправно учество на жените во економскиот, социјалниот, политичкиот и културниот живот.

притисни ентер