Ковачки: Над 40 полицајци правеле црни списоци на автомобили кои морале да бидат отсранети

Во злосторничката група полицајци директно вмешани луѓе на Спасовски "црн список на возила за отсранување", "измислете прекршок, тргнете го", "до вечер список од партиската акција глас плус важи за сите" 

Денес ќе објавиме јасни докази дека злосторничката група на Заев и Спасовски составена од над 40 полицајци правела црни списоци на автомобили кои морале да бидат отсранети од сообраќај, организирала физичко следење на неистомисленици, правеле списоци за гласање за СДСМ, и давале наредби за измислување на прекршоци.

Наместо во име на законот, тие делувале во име на партијата на власт. Ваквата параполициска партиска формација во служба на СДСМ вршела брутална злоупотреба, а освен раководството и командирите на Прилепската полиција, во нејзе учествувале и лица од најблиското опкружување на Оливер Спасовски.

"Црн список на возила за отсранување", "измислете прекршок, тргнете го"," барајте му лекарско", "до вечер список од акцијата глас плус важи за сите", се дел од пораките кои ќе ги објавиме како дел од злострничката група на Заев и Спасовски.

Да одиме со ред:

Оваа група, која според тоа што имаме на увид била под команда на Кире Китаноски од МВР, човек на советникот на Оливер Спасовски, Оливер Лукароски и истата целосно се ставила во партиска функција на СДСМ.

Еве доказ. На 17.10.2021 година командирот на ОВР – Дарко Цуцулоски, во вибер групата каде се одвивала координацијата на групата дава команда:

ПП 8(725) АД - бел опел

ПП 7(323) АЦ - 206 караван

ПП 3(420) - Фиат црвен

ПП 9(142)-АЕ - Пасат зелен

ПП 8(77) – Ровер црн

ПП 4(125) АД – Корса сива

ПП 1(29) ЦХ – Астра сива

Сите овие возила воза за нив. Гледајте да ги отстраните одма.

Ова е директна насока и наредба од командирот на ОВР Прилеп со цел шиканирање на активисти на ВМРО-ДПМНЕ.

Од комуникацијата во вибер групата гледаме, дека буквално полициските службеници на смена само следеле луѓе кои политички не се согласувале со власта.

Во една друга комуникација Андреј Лашкоски БПС Прилеп дава информација - Јапано вози низ Тризла сиво комбе со такси ознака на него, на што Крајоски Александар БПС Прилеп дава насока - Ако има такси табла запрете го и барајте му лекарско.

Во насоките како да се постапува со возилата предничи Дарко Цуцулоски, командир на ОВР Прилеп кој дава наредба - Ако треба измислете прекршок и отстранувајте ги, ајде остана уште малце. До крајот не зна кај се најдува звона на сите страни.

Почитувани,

Не само што службата била злоупотребена како параполиција на СДСМ, туку и тие биле претворени во агитатори на власта со собирање на гласови за СДСМ.

Дарко Цуцулоски, командир на ОВР Прилеп во групата на вибер издава насока - Колеги во четврток и петок е терминот за доставување на списоците по договореното. Внесувањето ќе биде од 16 часот до 19 часот.

Во друга порака станува јасно, дека тие имале систем или список во кој ги внесувале гласачите, Цуцуловски појаснува – Да ве потсетам за вечер после 18.00 часот за внесување глас плус важи за сите нас.

Почитувани,

Од ова се гледа дека станува збор за злосторничко здружение кое работело за потребите на СДСМ во целост, од следење, малтретирање, шиканирање и тепање. ЈО да постапи веднаш и да го истражи случајот. Очекуваме истрага која ќе резултира со конкретни обвиненија. Институциите не смее да се користат за партиски притисоци.

Доколку институциите кои се надлежни да го расчистат овој случај и да превенираат вакви злоупотреби не работат по закон и не ги спречат и санкционираат овие дејствија треба да знаат дека по ослободувањето на системот ќе има одговорност за сите кои учествувале во вакво организирање, шиканирање и малтретирање, како и тие кои оневозможувале истрага.

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Хјундаи во наредните три години ќе инвестира 47 милијарди евра, пред сѐ за електрични возила

Компанијата Хјундаи денеска објави дека ќе инвестира 68 трилиони вони (околу 47 милијарди евра) во текот на три години во Јужна Кореја, главно за да го зголеми производството на електрични возила (ЕВ) и да вработи 80.000 нови работници во секторот.

Јужнокорејската компанија наведува дека повеќе од половина од таа инвестиција ќе биде наменета за електрични возила, односно за нова истражувачка и развојна инфраструктура, како и производствени линии, пренесе Ројтерс.

Агенцијата забележува дека зголемувањето на инвестициите се случува во време кога другите етаблирани производители на автомобили го намалуваат производството.

Главниот оперативен директор на Hyundai, Хозе Муњоз, на саемот за автомобили во Њујорк најави дека бројот на електрични возила ќе се удвои.

„Многу сме посветени на пазарот на Соединетите Американски Држави“, истакна тој.

Hyundai во ноември објави дека инвестира 11,6 милијарди евра во нови посебни капацитети за производство на електрични возила и батерии во Грузија, што е најголема инвестиција надвор од Јужна Кореја.

Додека јужнокорејската компанија ги зголемува инвестициите во електрични возила, конкурентските производители на автомобили планираат да го намалат производството на ЕВ и да го префрлат капиталот главно на хибридни модели.

Руски воен авион се урна во близина на Крим

Руски воен авион денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, изјави гувернерот на регионот назначен од Русија.

„Пилотот безбедно се катапултирал и бил спасен. Цивилни објекти не се оштетени“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, пренесува Ројтерс.

Претходно руските канали Телеграм објавија дека руски борбен авион Су-35 се урнал во близина на Севастопол.

Не е јасно како дошло до инцидентот.

Таравари на панел дискусијата за интеграција на лицата со попреченост

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија .

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија за интеграцијата на лицата со попреченост во општеството.

На панел дискусијата се разговараше за потребите и барањата на оваа значајна категорија.

Темата за интеграција на лицата со попреченост во општеството е многу важно прашање за кое е важно да се има широка свест и соработка на општествено и политичко ниво, а учеството на Таравари на овој панел ја покажува неговата посветеност да се справи со проблемите со кои се соочуваат оваа категорија лица и да се промовира поинклузивно и еднакво општество за сите.

Покрај дискусијата за потребите и барањата на лицата со попреченост, важно е оваа дискусија да води кон конкретни акции и политики ориентирани кон нивна поддршка, се наведува во соопштението.

притисни ентер