Ковачки: Ковачевски и Османи 6 месеци го преговарале предлогот со кој се бугаризира Македонија

Ковачевски и Османи 6 месеци го преговарале последниот предлог со кој се бугаризира Македонија, ВМРО-ДПМНЕ е против тие се за, ајде на избори, народот нека одлучи.

Димитар Ковачевски и Бујар Османи 6 месеци тајно преговарале за последниот предлог кој стигна во Бугарија и во Македонија. Со месеци е усогласуван предлогот за бугаризација на Македонија и за тоа амин има од Ковачевски и Османи.

Владата прифатила во преговарачкиот процес државата да добие рамка со бугарски условувања, кои практично значат бугаризација на државата и асимилација на народот, доколку сакаме да влеземе во ЕУ. Предлогот задира во македонското уредување и удира во темелите на државноста.

Доколку Ковачевски е толку сигурен во предлогот што го преговарал и договорил, тогаш единствено исправно е тој да распише избори. На тие избори тој и СДСМ ќе го бранат предлогот за бугаризација и ќе сакаат негова имплементација, а ние ќе бидеме против. Па народот нека одлучи.

Изборите кои вака би биле распишани би биле референдумски избори, на кои граѓаните ќе имаат јасен избор, или се за предлогот за бугаризација на државата или против. Или со СДСМ државата ќе тоне, или со ВМРО-ДПМНЕ ќе ја застанеме државата на нозе.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека овој предлог е лош за Македонија, и не е заснован на никакви европски вредности.

Ковачевски има уште простор да се предомисли и изречно да го отфрли последниот предлог, без воопшто да преговара дополнително.

Овој предлог е неправеден кон Македонија, која 22 години е во чекалната на Унијата, од потпишувањето на Актот за стабилизација и асоцијација, до денеска.

На Македонија и треба европска перспектива, која ќе биде заснована на заемна почит, а не на омаловажување.

Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Белата куќа објави ново партнерство со 50 земји за борба против идните пандемии

Американската влада ќе работи со земјите за да ги подобри нивните методи на тестирање, скрининг, комуникација и подготовка за такви избувнувања.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе им помогне на 50 земји да идентификуваат и да одговорат на појавата на заразни болести со цел да се спречи нова пандемија како Ковид-19, која остро го наруши нормалниот ритам на животот ширум светот во 2020 година.

Американската влада ќе работи со земјите за да ги подобри нивните методи на тестирање, скрининг, комуникација и подготовка за такви избувнувања, рече висок претставник на администрацијата на Бајден кој сакаше да остане анонимен. Официјалниот претставник не кажа за кои земји станува збор.

Соопштението доаѓа во момент кога земјите се обидуваат да се договорат за меѓународен одговор на идните пандемии. Четири години по пандемијата Ковид-19, изгледите за договор во оваа насока што ќе го потпишат 194-те членки на Светската здравствена организација изгледаат сè понејасни.

Програмата на САД ќе се потпира на неколку владини агенции, вклучувајќи го Стејт департментот, Центрите за контрола и превенција на болести, Американската агенција за меѓународен развој и други, за да им помогнат на земјите да го подобрат својот одговор на појавата на заразни болести. /МИА

Макрон ја повика Русија на примирје за време на Олимпијадата, Кремљ „ладно реагираше“

Прекинот на непријателствата под олимписко примирје е долгогодишна традиција.

Кремљ денеска „ладно реагираше“ на повикот на францускиот претседател Емануел Макрон за примирје во меѓународните конфликти за време на Олимпијадата во Париз, велејќи дека Украина може да го искористи тоа како можност за прегрупирање и повторно вооружување, пренесуваат странските агенции.

Прекинот на непријателствата под олимписко примирје е долгогодишна традиција, а Макрон во интервјуто во понеделникот рече дека ќе работи на тоа да го постигне кога Париз ќе биде домаќин на Летните игри од 26 јули до 11 август.

Запрашан за тоа, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека и рускиот претседател Владимир Путин и руската војска забележале дека „режимот во Киев, по правило, користи такви идеи и иницијативи за да се обиде да се прегрупира, да се обиде да се превооружи“.

Песков во однос на можноста за олимписко примирје рече дека сè уште никој не презел никакви официјални чекори во тој поглед.

Во интервју за француските медиуми, Макрон рече дека Франција ќе направи се за да се постигне примирје во конфликтите во Украина, Газа и Судан и дека за ова прашање ќе го ангажира кинескиот претседател Си Џинпинг.

„Тоа е можност во која ќе се обидам да вклучам многу наши партнери. Кинескиот претседател доаѓа во Париз за неколку недели, ќе го замолам да ми помогне“, рече Макрон.

Песков, одговарајќи на посебно прашање за Кина, рече дека позицијата на Пекинг за украинскиот конфликт е „многу избалансирана и конструктивна“.

Кина, која не ја осуди инвазијата на Москва и значително ја зајакна трговијата со Русија од почетокот на војната, минатата година поднесе мировна иницијатива која се состоеше од збир на општи принципи кои не вклучуваат специфики за тоа како да се стави крај на конфликтот. /МИА

Алкараз не е сигурен дека ќе има време да закрепне за Мастерсот во Мадрид

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз проговори за повредата поради која се повлече од турнирот во Барселона.

Шпанецот нема да може да ја одбрани титулата поради проблеми со десната подлактица.

- Ми беше тешко да ја донесам оваа одлука бидејќи овој турнир е важен за мене. Сакам да се вратам во Мадрид, но не сум 100% сигурен за тоа. Ќе се обидеме да дадеме се од себе. Дојдов од Монте Карло да поминам неколку дена дома и да видам дали можам да тренирам, да закрепнам и потоа да одам во Барселона во најдобра можна форма. Направив магнетна резонанца во саботата наутро, а сликите покажаа позитивна динамика. Но, во неделата работите не одеа како што сакавме: секој пат кога го зголемував интензитетот на моите форхендови, непријатноста се зголемуваше, изјави Надал.

Мастерсот во Мадрид, каде што Алкараз треба и да ја одбрани титулата ќе се одржи од 24 април до 5 мај. /МИА

притисни ентер