Ковачки: Дали експерти предупредиле да не се вградуваат пур панели?

Дали експерти предупредиле да не се вградуваат пур панели и дали струјата е поврзана без проект?!

12 дена по пожарот во тетовската модуларна болница од ВМРО-ДПМНЕ и денеска со барање на одговори за несреќата но и како што наведуваат непристрасна истрага.

Трамп не успеа да го оспори сведочењето на адвокатот и актерката во филмови за возрасни

Поранешниот адвокат на Трамп, Коен пред изборите во 2016 година и платил на Даниелс да молчи за нивната средба во 2006 година.

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп не успеа да го оспори сведочењето на Мајкл Коен и Сторми Даниелс на претстојното судење по обвинението дека неговиот поранешен адвокат и платил на актерката во филмови за возрасни да молчи за нивната средба.

Поранешниот адвокат на Трамп, Коен пред изборите во 2016 година и платил на Даниелс да молчи за нивната средба во 2006 година.

Трамп минатиот месец побара од судијата да го блокира нивното сведочење, тврдејќи дека Коен во минатото лажел и најверојатно повторно ќе лаже, а Даниел ќе се обиде да го искористи судењето за да заработи од својата приказна.

Поранешниот претседател и иден републикански претседателски кандидат се изјасни како невин по 34 точки од обвинението за фалсификување на деловната документација, со што сакаше да скрие дека му платил на Коен да ја исплати Даниелс.

Судењето беше закажано на 5 март, но минатата недела беше пролонгирано за најмалку еден месец.

Прва фотографија на принцезата од Велс: Кејт Мидлтон на прошетка со принцот Вилијам

Прва фотографија на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон „уловена“ со насмевка на лицето на прошетка со сопругот  принцот Вилијам. .

Насмеана додека шетала со сопругот, во светските медиуми е објавена нова фотографија и видео од принцезата од Велс Кејт Мидлтон.Оваа фотка е само потврда за фановите на Кејт дека принцезата од Велс успешно закрепнува по абдоминалната операција.

Сликата, која наводно е направена во саботата, ги прикажува Вилијам и Кејт како посетуваат фарма во Виндзор, на кратко возење од нивниот дом во Беркшир.

„Изгледајќи здраво, среќно и опуштено, принцезата сама си ја носи торбата за шопинг и низ смеа разговара со својот сопруг додека парот ја напушта продавницата и се враќа во својот автомобил“, пишува „Дејли мејл“ под фотографија објавена од британски „Сан“. Нивните три деца не биле со нив.

Месеците кога Кејт не беше видена во јавноста ги поттикнаа шпекулациите на социјалните мрежи за нејзината вистинска состојба. На 17 јануари, Кенсингтонската палата објави за операцијата на абдоменот на Кејт и изјави дека „врз основа на сегашните медицински совети, таа веројатно нема да се врати на должностите пред Велигден.

Шпекулациите вртоглаво пораснаа минатата недела кога семејството објави фотографија од Кејт Мидлтон со нејзините деца. На 10 март, палатата Кенсингтон сподели фотографија од Кејт и нејзините три деца за која рекоа дека е направена од Вилијам, принцот од Велс.Фотографијата неколку часа потоа беше откриена дека е фотошопирана.

Еден ден подоцна, Кенсингтонската палата објави соопштение потпишано од Кејт, кое вклучува извинување и тврди дека таа е „фотограф аматер“ кој „експериментира со уредување“. Серијата настани доведе до непотврдени тврдења на интернет дека Кејт е во кома и тврдења дека Вилијам има афера и дека Кејт планира да го остави.

Кинески милијардер во САД призна дека давал нелегални политички донации

Кинескиот милијардер Хуи Чин се изјасни за виновен за незаконско канализирање на пари за политички донации на функционер од Њујорк и конгресмен во Претставничкиот дом на САД, што е кршење на изборниот закон на Соединетите држави.

Филмскиот магнат призна дека регрутирал и плаќал луѓе за да даваат политички донации за него во Њујорк во 2021 година.

Не е познато кој кандидат Кин го поддржал, но се верува дека тоа е градоначалникот Ерик Адамс, чиј адвокат одговори дека неговата кампања не знаела за такви донации.

Обвинителите тврдеа дека Кин собирал донации на ист начин за член на Претставничкиот дом на САД од Њујорк, како и за кандидат за американскиот Конгрес од Род Ајленд.

Кин, исто така, призна дека поднел лажна апликација за статус на постојан жител во Америка во 2019 година, користејќи го лажното име Мук Лам Ли, со придружни документи од кинески службеник.

Користејќи лажен идентитет, префрлил пет милијарди долари на сметка во американска банка, кои ги потрошил на луксузен стан на Менхетен. Кин се откажа од правото да живее во Америка и ќе биде депортиран во Кина.

притисни ентер