Ковачевски во Стопанската комора: Новите инвестиции се резултат на стратешките политики

Новите инвестиции се резултат на стратешките политики, членството во НАТО и почетокот на преговорите со Европската Унија

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и членовите на Управниот одбор на комората, на која присуствуваа и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и заменик-министерот за финансии Филип Николоски.

Премиерот Ковачевски на средбата ги информираше претставниците на бизнис заедницата за работната посета во САД, за која, како што соопштуваат од владината прес-служба, посочил дека е од национална и државна важност.

- Нашата држава во овие клучни моменти доби многу силна поддршка од нашите најголеми и најважни стратешки партнери, САД, што е исклучително важна за иднината на земјата и за продолжување на европскиот пат. САД го цени нашиот придонес во глобалните процеси и тоа што сме земја фактор на регионалната стабилност. Македонската држава во својата понова историја имала поддршка од САД но ваква силна, изразена и ваква значајна за иднината на земјата, досега немала. Тоа мора да го имаме предвид. Особено сега во овие моменти, рече премиерот Ковачевски и порачал дека имаме целосна поддршка од САД и за уставните измени, што беше нотирано и во изјавата на Габриел Ескобар, но и на амбасадорката Анџела Агелер, колку е важно во национален, регионален, но и во глобален контекст Македонија да продолжи со евроинтеграциите кои се веќе започнати.

На средбата, премиерот Ковачевски информираше за разговорите со државните секретари Блинкен и Ескобар, кои потврдија дека евроинтеграциите на земјава се неповратен процес, но изразија загриженост за блокадата на опозицијата.

- Денес сме посветени и на натамошен напредок кон европските интеграции – и тие порано или подоцна ќе се случат, затоа што државата е на вистинскиот колосек и оттука има само напред. Македонија конечно има поволен и предвидлив деловен амбиент за компаниите и за нови инвестиции, што е резултат на стратешките политики, членството во НАТО и почетокот на преговорите со Европската Унија, рече премиерот Ковачевски.

При тоа премиерот Ковачевски посочи дека за бизнис заедницата е особено важна поддршката што државата ја има од САД, потенцирајќи дека влезот на странски познати компании кај нас, значи и повисок инвестициски рејтинг.

Кога една компанија напредува, тоа е мотив и друга компанија да влезе и да инвестира, рече премиерот Ковачевски, додавајќи дека со зголемениот број на инвестиции се отвора можност – наместо држава на евтина работна сила Македонија да биде држава на подобро платени работни места.

- Носиме инвестиции кои се брзорастечки. И со ова Македонија ја ставаме на мапата земји кои имаат капацитет за големи инвестиции и за инвестиции на 21 век, порача премиерот Ковачевски.

На средбата во Стопанската комора на Македонија, премиерот Ковачевски посочил дека бизнис заедницата е важна за креирање на економските политики на државата, бидејќи приватниот сектор е еден од двигателите на економијата.

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески порачал дека комората и во иднина конструктивно ќе придонесува со мерки за подобрување на деловниот амбиент и притоа го акцентира напредокот кој земјата го постигна во меѓунационалниот дијалог.

Здравко Чолиќ го слави својот 72 роденден: Енергијата не соодвествува со годините

Здравко Чолиќ денеска го слави својот 72 роденден.

Иако е во осмата деценија, неговата енергија не соодветствува со изводот на родените, како што покажа на неодамнешниот концерт во Тузла.

Роден е во Сараево во скромно семејство, а со децении е една од најголемите музички ѕвезди на овие простори.

Иако жените лудуваа по Чола, тој никогаш не го привлече вниманието на јавноста со љубовните врски.

Тој веќе подолго време е во брак со Александра која не се појавува со него во јавност, а имаат две ќерки.

Украина: Секогаш знаеме каде се Путин и Пригожин, ги следиме во реално време

Воената разузнавачка служба на Украина во реално време го следи местото каде се наоѓаат Владимир Путин и основачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави портпаролот на службата.

Андриј Јусов рече дека „и покрај сите обиди и напори да се сокријат овие информации“ и наводната употреба на „различни технологии, вклучително и употребата на двојници“, Русија не успева да ги скрие локациите на Путин и Пригожин.

Што се однесува до нивното место на живеење, се разбира дека знаеме каде се тие во секое време“, изјави Јусов за Киев пост. „Путин е чуван, тој е добро чувана личност. Пригожин не е таков и тој се однесува можеби најслободно меѓу рускиот естаблишмент. Сите овие информации ни се познати нам и на нашите партнери и често се следат во реално време“, додава тој.

Тој вели дека во моментов Украина нема желба или намера да го убие ниту Пригожин, ниту Путин. „Во однос на приоритетните цели, сите воени злосторници мора да бидат казнети“, рече тој.

„Како цивилизирана земја, Украина е заинтересирана казнувањето на воените злосторници во рамките на меѓународното право пред меѓународен суд. Во овој контекст, приоритет број еден за Украина и Централната разузнавачка агенција е навистина да го доведат Путин до Хаг на судење пред овој суд“, заклучи тој, пренесе Индекс.хр.

„WhatsApp“ тестира интересна опција за „Android“

„WhatsApp“ е во фаза на тестирање на функцијата за споделување екран, која црпи инспирација од платформите „Zoom“ и „Microsoft Teams“.

Според веб-страницата „WABetaInfo“, функцијата ја снима и прикажува содржината на екранот на корисникот што се споделува со лицето на другиот крај на видеоповикот.

Оваа опција се прикажува како нова икона на телефонот со стрелка која покажува настрана од уредот. По притискање на новото копче, се појавува порака со која го прашува корисникот дали сака да започне да снима или прикажува содржина на „WhatsApp“.

Пораката е придружена со известување дека „WhatsApp“ ќе има пристап до која било лозинка, фотографија или детали за плаќање прикажани на овој начин. Ако корисникот се согласува со ова, тој може да кликнете на „ Start now “. Споделувањето екран може да се прекине во секое време.

Споделувањето екран моментално е достапно само за избрани тестери на „Android“, но би требало да стане достапно за повеќе корисници во наредните недели.

притисни ентер