Ковачевски: Успешноста на средбата со премиерот Петков ја гледам во новиот тон и пристап

„Успешноста на средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков ја гледам во новиот тон и начин на комуникација, кој ги испративме преку неа, бидејќи средбата помина во еден позитивен дух каде разговаравме за надминување на проблемите.

„Доминантно разговаравме на кој начин да ја вратиме довербата", нагласи премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Само интервју" на ТВ Канал 5, по однос на прашањето на вчерашната средба при посетата на неговиот бугарски колега Петков.

Притоа тој подвлече дека во насока на добри соседски односи и надградување на заеднички проекти ќе се вклучат институции, претставници на деловните заедници, на универзитетите, младинските организации и претставници на други здруженија. и експерти од фелата во соодветната област, кои во заеднички работни групи ќе ги унапредуваат односите во областа на економијата трговијата, инфраструктурата, иновациите и образованието и заеднички ќе известуваат за постигнатите резултати.

„Јас не се врзувам за датуми и кажав дека сум рационален оптимист, што значи работам, да се оствари нашата соработка. Имам пристап дека треба брзо да стигнеме до решение, но никако да не избрзуваме. Квалитетно решение во кое ќе се задржи достоинството на македонските и бугарските граѓани и ќе биде донесено во духот на европските вредности, согласно правилата на ЕУ, потенцира Ковачевски, најавувајќи дека ќе предводи владина делегација на 25 јануари во вторник во Софија каде ќе се реализира меѓувладина седница со премиерот Кирил Петков кој ќе ја предводи владината делегација на Република Бугарија.

„За јазикот и идентитетот не се приговара. Ништо не се прави позади грб. Затоа постојат разговори. Без да се допира во интересите на македонската и бугарската држава и согласно Резолуцијата во нашето Собрание", вели премиерот Ковачевски за решавање на спорот со Бугарија, оценувајќи ја како позитивен исчекор средбата со неговиот бугарски колега, Кирил Петков.

Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција

Четворица припадници на косовската полиција „се приведени во средата при контрола на административниот премин, а еден од нив е задржан“, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се истакнува дека помеѓу приведените е изаменик-директор на косовската полиција, кој е задржан.

Тие се приведени при контрола на премините, поради безбедносни проверки, прецизира српското МВР.

Ди Каприо како Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе

Американскиот глумец Леонардо ди Каприо наводно ја добил улогата на Френк Синатра во новиот филм на режисерот Мартин Скорсезе.

Проектот е во рана претпродукција.

Улогата на Ава Гарднер, според првичните наводи, ќе ѝ припадне на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо глумеше на филмот „Не гледај нагоре“ (Don't Look Up) којшто беше номиниран за неколку „Оскари“.

Герасимовски: Решен децениски проблем на улицата ,,Наум Наумовски Борче"

Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче".

Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел Дувет, на раскрсницата помеѓу „Ленинова” и „Партизанска” која претставуваше проблем и пречка за функционирање на сите учесници во сообраќајот.

Со овој потег општината го реши деценискиот проблем на барање на жителите, по поднесена петиција во која се потпишаа 327 граѓани. Ова е направено во согласност со ДУП-от и за овој зафат се добиени потребните дозволи од сите надлежни институции.

На улицата се поставени столпчиња за безбедност во сообраќајот и за влегувањето на возилата во подземните гаражи. Со овој зафат се обезбедува пристапна зона која ќе биде проодна и безбедна за граѓаните.

„Конечно го решаваме долгогодишниот проблем на ваше барање. Улицата станува безбедна за пешаците и за вас жителите. На овој потег постојано се случуваа сообраќајни незгоди и затоа ова моравме да го направиме. Со вадењето на рампата воедно и ја ослободивме улицата од сите пречки поради кои имаше проблеми", им се обрати Герасимовски на собраните жители.

Општина Центар известува дека улицата ќе биде двонасочна, во широчина од 7 метри, по 3.5 од секоја страна, ќе се отстрани страничната урбана опрема и ќе се намалат надворешните тераси на угостителските објекти долж улицата „Наум Наумовски Борче”.

Со ова исто така ќе се оневозможи дивото паркирање на улицата што претходно претставуваше проблем за пешаците.

Општина Центар

притисни ентер