Ковачевски треба да го поднесе предлогот за нова влада до Собранието

Новата влада ќе биде високо продуктивна во работењето, посветена на економските предизвици, како и на зајакнување на животниот стандард на граѓаните. 

Мандатарот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски денеска до Собранието треба да ги поднесе новиот состав на Владата, како и владината програма, откако по синоќешните седници на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ ги објави имињата на членовите на владиниот кабинет.

За вицепремеир за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси е предложена Славица Грковска, поранешна пратеничка на СДСМ, за вицепремир задолжен за економски прашања коориднација на еконсмките ресори и инвестиции – актуелниот Фатмир Битиќи, за вицепремир за европски прашања е предложен Бојан Маричиќ, досегашен министер за правда.

За министер за одбрана е предложена Славјанка Петровска, пратеничка во СДСМ, поранешен заменик министер за внатрешни работи во техничката влада, за министер за внатрешни работи – актуелниот Оливер Сапсовски, за министер за правда проф. д-р Никола Тупанчевски од Правниот факултет во Скопје, за министер за земјоделство Љупчо Николовски, кој и порано раководеше со овој ресор.

За министер за труд и социјална политика – Јована Тренчевска – директорка на Државниот инспекторат за труд, за министер за култура Бисера Костадинова-Стојчевска, актуелна пратеничка на СДСМ и претходно порофесор на Педагошкиот факултет при Универзитетот во Битола. За министер за транспорт и врски е предложен актуелниот Благој Бочварски. Од сите нив Ковачевски, очекува максимално посветена работа во интерес на граѓаните и остварување на ветеното.

– Новата влада ќе биде високо продуктивна во работењето, посветена на економските предизвици, како и на зајакнување на животниот стандард на граѓаните. Поставуваме навистина високи цели, но сигурен сум дека со многу работа и труд можеме да ги реализираме, порача Ковачевски.

Како што нагласи, Владата предводена од СДСМ ќе остане посветена на стратешките цели, евроатлантските интеграции и полноправно членство во ЕУ.

-Нашата цел да составиме стабилна Влада, со јасни принципи на делување во интерес на граѓаните и државата е исполнета. Задоволен сум како течеше целиот процес, во позитивна и конструктивна атмосфера, посветени на одговорноста за подобра иднина на сите наши граѓани, рече Ковачевски, најавувајќи дека примарен фокус во следните месеци ќе биде ставен на силен одговор на глобалната енергетска криза која се надоврза на веќе тешката економска состојба предизвикана од Ковид-пандемијата.

Веќе има подготвен план, се подготвуваат сет мерки за директна поддршка за граѓаните и стопанството, кои ќе бидат поткрепа за семејниот буџет на граѓаните, но и помош за компаниите.Во Буџетот се резервирани 130 милиони евра, а се прават анализи за алокација или обезбедување повеќе средства. Со посветена работа и вистински економски политики очекува континуиран раст на вкупната економија од 4,6 отсто до 5,9 отсто годишно. Најави драстично зголемување на домашните приватни и корпоративни инвестиции и влез на странски директни инвестиции, но многу повеќе нивно поврзување со домашните компании. Фокусот ќе биде и на намалување на невработеноста, која до крајот на мандатот, како што рече, се планира првпат да биде едноцифрена. Ќе се продолжи и со зголемувањето на платите и пензиите. Согласно анализите, просечната плата ќе ја надмине висината од 500 евра месечно и ќе продолжи да расте.

Владата, како што рече, нема да дозволи граѓаните да останат без парно греење во зима. Според законите, укажа, целата инфраструктура за затоплување со парно греење е во надлежност на Град Скопје. Град Скопје, посочи, треба да биде свесен дека треба и тие да предвидат мерки, кои очигледно не се предвидени во рамки на нивниот буџет за справување со оваа криза.

-Без оглед на тоа, економскиот тим во Владата веќе одржа состанок на кој се разгледа ситуацијата и прво сите владини институции веќе плаќаат цена за топлинска енергија по пазарни услови, што значи според цената на гасот која ја набавува операторот на системот во Град Скопје. Како второ, Министерството за финансии обезбеди финансиски средства на БЕГ за набавка на гас од Развојната банка на Република Македонија. Средствата им се понудени, но за тоа БЕГ како приватна компанија треба да понуди гаранција со која ќе го обезбеди кредитот, според пазарни, банкарски услови. Доколку тоа не се случи тогаш се разгледува опција за времено прземање на работењето со компаниите во Скопје кои се задолжени, согласно своите лиценци, да обезбедат топлинска енергија на граѓаните на Град Скопје, информира Ковачевски.

Потсети дека ЕСМ доби јасна задача да воспостави производство во сите расположливи капацитети. ЕСМ моментно произведува со два блока, во тек е пуштање и на третиот блок во РЕК Битола. Пуштена е во погон и електраната во Осломеј, „КОГЕЛ" веќе работи, а се работи на пуштање на вториот котел во Неготино. Со тоа,наведе, се задоволени сите потреби на „ЕВН Хоум", кои ги задоволуваат потребите на граѓаните. Владата исто така донесе одлука за намалување на данокот на додадена вредност при првиот удар на енергетската криза и зголемувањето на цената на елекктричната енергија, од 18 на пет проценти.

-Исто така со средствата кои се префрлаат на ЕСМ како производител на струја, се обезбедуваат прво суровини за прозводство на електрична енергија, и второ електрична енергија доколку за тоа има потреба, за балансирање и за задоволување на потребите на пазарот, за компаниите, рече Ковачевски.

Состојбата со ковид-пандемијата внимателно се следи, а во координација со Комисијата за заразни болести и Кризниот штаб заеднички ќе делуваат во заштита на здравјето на граѓаните. Вакцинацијата и натаму останува приоритет и неа, рече, треба дополнително да ја интензивираме.

Во однос на евроинтеграциите потенцираше дека имаме јасни позиции. Република Македонија, нагласи, има четири последователни позитивни извештаи за пристапување кон ЕУ и треба да ни биде доделен датум за одржување на првата меѓувладина конференција.

– Во однос на нашите позиции што се утврдени во Парламентот, македонскиот јазик, македонскиот идентитет се нашите црвени линии, бидејќи ние сме Македонци кои живеат во Република Македонија, рече Ковачевски.

На новинарско прашање како очекува да се постигне напредок кога на вчерашниот Совет за безбедност во Бугарија се потврдени цврсти позиции дека нема да отстапат од ветото доколку не бидат исполнети нивните пет плус едно барање, Ковачевски повтори дека е добро доколку се разговара за прашања што се свртени кон иднината. Според него, тоа е број еден, бидејќи на тој начин може да се врати довербата, прво помеѓу двете влади и довербата помеѓу граѓаните на двете држави.

Ковачевски најави и градежна експанзија во инфраструктурата. За две и пол години финиширање на најкрупните делници на Коридорот 8 и Коридорот 10, но и продолжување на реконструкција на магистралните и регионалните патишта. Целосно завршување на примарната и секундарна гасоводна мрежа во целата држава и поставување на условите за почеток на користење за домаќинствата, како и нови инвестиции во еколошки и обновливи извори на енергија.

Ќерката на Пол Вокер: Абортирав во 2020 година, имав среќа што најдов добар доктор

Медоу Вокер, ќерката на починатиот актер Пол Вокер, проговори за абортусот што го доживеала во 2020 година.

Медоу реши да проговори на оваа тема по одлуката на Врховниот суд за абортус, со која беше поништено федералното право на абортус, воведено со пресуда стара 50 години.

Медоу на Инстаграм откри дека абортирала за време на пандемијата, пред две години.

„Денес беше голем чекор назад во историјата, длабока неправда ги погоди жените ширум Соединетите држави. Има безброј жени кои се мачеа со одлуката да направат абортус. И јас се борев со тоа во 2020 година. Кога светот подлегна на пандемијата, јас барав абортус“, напиша 23-годишната девојка.

„Тоа е многу приватно и лично искуство, такво и треба да биде“, вели таа, додавајќи дека „имала среќа да наиде на добар доктор кој ја поддржувал во текот на целиот процес“.

„Да знаеш дека сега уште повеќе жени нема да имаат можност да бараат безбеден абортус и да донесат одлука за нивното тело го крши срцето. Во свет кој постојано ги маргинализира жените, ова изгледа како најголемиот напад врз нив. Забраната за абортус не ги спречува абортуси, спречува безбедни абортуси“, заклучи таа.

По објавата таа наиде на голем број негативни пораки.

"Количината на омраза што ја добив по оваа објава е неверојатна. Престанете да ме следите ако не се согласувате со мене. Не останувајте таму и пишувајте ужасни работи", им порача таа на хејтерите.

Коза активирала нагазни мини во Запорожје, ранети 40 Руси

Најмалку 40 руски војници се повредени откако украинска коза активирала експлозив поставен околу болницата во Запорожје со своето хаотично движење, пренесува британски „Телеграф“.

Војниците поставувале мини кога коза, која побегнала од фарма во селото Кински Роздори, ги активирала експлозивните направи.

Козата предизвикала верижна експлозија.

Шефот на украинската разузнавачка служба изјави дека руски војници поставувале мини околу локалната болница. Набргу по поставувањето на минската замка, кон областа дошла коза и извршила верижна експлозија во која се повредени десетици војници.

„Со своите хаотични движења, козата активираше неколку гранати. Како резултат на тоа, неколку Руси се здобија со повреди со различна тежина“, пишува разузнавачката служба.

Се проценува дека се ранети 40 војници. Животното е наречено „Козата на Киев“, а судбината на козата засега не е позната.

Извор: Телеграф

Штрајкот на ССМ во регионите погодени од невремето ставен во мирување

Штрајкот ќе биде во мирување до завршување на потребата за ангажирање на дополнителни капацитети за справување со последиците од невремето во погодените региони.

На итна седница на Штрајкувачкиот одбор – Претседстелството на ССМ одржана по електронски пат донесена е едногласна одлука за ставање во мирување на генералниот штрајк во регионите на општините Делчево, Виница и Демир Капија, кои попладнево беа погодени од невреме, заради потребата од ставање на сите расположливи капацитети за справување со последиците од елементраната непогода.

Штрајкот ќе биде во мирување до завршување на потребата за ангажирање на дополнителни капацитети за справување со последиците од невремето во погодените региони.

– По информации добиени од штрајкувачите од погодените региони од невремето, како и заради ограничувањата предвидени со правилата за генералниот штрајк неопходно беше да се донесе Одлуката врз основа на која 100 отсто од вработените во јавниот сектор во погодените региони, а кои штрајкуваат ќе бидат ставени во функција за расчистување на последиците од невремето. Нашите колеги браќа и сестри синдикалци се веќе на терен и истите помагаат на најпогодените, информира за МИА од ССМ.

притисни ентер