Ковачевски-Столтенберг:Македонија е ценет сојузник,со членството во НАТО обезбедена е сигурност

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој денеска е во официјална посета на државата, одржаа тет-а-тет средба, по што заедно со делегациите одржаа билатерална средба.

На билатералната средба на која присуствуваа и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, беше потврдена улогата на Македонија како ценет НАТО сојузник, земја членка која дава значаен придонес во остварувањето на целите на НАТО и останува посветена на учеството во операциите и мисиите на Алијансата.

На средбата беа посочени и конкретните политички и економски придобивки за земјата од членството во НАТО. Премиерот Ковачевски истакна дека стабилноста и безбедноста овозможена преку членството во НАТО е од огромно значење за развој на економијата и е директна придобивка и за граѓаните и за компаниите во Македонија.

На средбата, соговорниците посочија дека е исклучително важно и за земјата и за регионот што Македонија, рамноправно на иста маса со сојузниците активно учествува во дискусиите за регионалната, европската или глобалната безбедност, споделувајќи го својот специфичен пристап на конструктивно решавање на предизвици преку отворен дијалог, што е основа за градење и развивање добрососедски односи.

Македонија во 2020 година стана 30-тата членка на НАТО - најмоќната Алијанса во светот. Заедно со останатите земји-членки го обезбедува мирот и стабилноста на околу една милијарда граѓани во светот кои ги споделуваат истите вредности, соопштуваат од Владата.

Тетка на 12- годишен израелски заложник: Му пуштале снимки од крвавите напади на Хамас

Цел ден од Израел пристигнуват сведоштвата за ослободените заложници кои ги држеше Хамас во Газа.

Тетката на Ејтан Јахаломи, 12-годишниот француско-израелски заложник кој вчера беше ослободен од Газа, изјави дека Хамас го принудиле да гледа видео снимки од крвавите терористички напади врз Израел на 7 октомври.

„ Ејтан преживеа ужаси“, изјави Дебора Коен за BFM TV. „Секогаш кога детето ќе плачел, ќе му се закануваа со пиштол за да го замолчат“, вели таа. „Сакав да верувам дека Ејтан ќе биде третиран добро. Очигледно не. Тие луѓе се чудовишта“.

Ејтан е еден од тројцата француски Израелци кои беа ослободени вчера, заедно со Ерез и Сахар Калдерон. Вчера во Израел беа вратени вкупно 11 заложници, објави Скај Њуз.

„12-годишниот Ејтан Јахаломи повторно се соединува со својата мајка откако премина во Израел по 52 дена заробеништво на Хамас. Неговиот татко Охад, кој беше застрелан и заробен одвоено од Ејтан, се верува дека сè уште е во Газа“, напиша таа.

Израелците тврдат дека уште 12 заложници се ослободени, од затвор излегуваат 30 Палестинци

Петтата рунда заложници е предадена на Црвениот крст, соопштија денеска израелските одбранбени сили.

Примопредавањето вклучува 10 Израелци и двајца странски државјани, соопшти ИДФ, додавајќи дека ослободените заложници се на пат кон израелска територија.

Во исто време, триесет палестински затвореници се очекува да бидат ослободени од израелските затвори, бидејќи примирјето меѓу Израел и Хамас продолжува, според информациите објавени и од Клубот на палестинските затвореници и од израелските затворски власти.

Меѓу лицата што треба да бидат ослободени се 15 жени и 15 машки деца, кои се под 18 години и се сметаат за деца според меѓународното право, објави Си-Ен-Ен.

На француски медицински брод ќе се лекуваат повредените Палестинци

Брод испратен од Франција се закотви во близина на брегот на Ел Ариш во северниот дел на Синај во Египет.

Брод испратен од Франција се закотви во близина на брегот на Ел Ариш во северниот дел на Синај во Египет и ќе служи како пловечка болница за палестинските цивили повредени во војната меѓу Израел и Хамас во соседната Газа, соопшти францускиот претседател Емануел Макрон.

На бродот Диксмуд има 40 болнички кревети, што претставува дополителни 10 отсто на капацитетот на болничките услуги поставени во пустината на северен Синај, на границата со Газа, изјави француски дипломат за „Тајмс оф Израел“.

Бродот е опремен со хелиодром за да се овозможи брз трансфер на пациенти од египетскиот премин Рафа на бродот.

Планот е Диксмуд биде оперативен во наредните часови или денови, рекол францускиот дипломат, додавајќи дека Париз ги координира напорите со египетските власти и хуманитарните агенции на теренот.

На бродот ќе работат лекари од француското Министерство за одбрана, како и неговата цивилна здравствена санитарна резерва, која за првпат се распоредува во странство.

притисни ентер