Ковачевски - Спајиќ: Македонија и Црна Гора ја покажуваат подготвеноста за членство во ЕУ

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска во Владата оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, кој е во работна посета на Македонија заради учество на неформалниот состанок на лидери од НАТО од регионот.

На средбата присуствуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Премиерот Ковачевски на својот црногорски колега Спајиќ му го честита изборот за Претседател на Владата на Црна Гора, посакувајќи му успех и споделувајќи надеж за одлична соработка во корист на двете држави и народи. Изрази задоволство што првата посета на премиерот Спајиќ по стапувањето на функцијата е токму на нашата држава, што зборува за блискоста на нашите земји.

Двајцата премиери разменија мислења за севкупните билатерални односи и оценија дека истите се традиционално партнерски и пријателски и без отворени прашања. Тоа дава основа за зголемен фокус во претстојниот период на развивање на економската соработка и инфраструктурното поврзување.

Како сојузници во НАТО, Македонија и Црна Гора споделуваат и идентична надворешно-политичка цел, членството во Европската унија и на тој пат се подготвени да работат заедно во остварување на критериумите и стандардите за членство, соопштуваат од Владата.

Ердоган ја обвини Франција за обезбедувањето оклопни возила на Ерменија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја критикуваше Франција за обезбедување оклопни возила на јужнокавкаската земја Ерменија, опишувајќи го потегот како „провокативен“, објавија азербејџанските медиуми.

-Ова е провокација. Франција треба да знае дека не и прави добро на Ерменија, туку и штети, изјави Ердоган на новинарите на враќање од посетата на Грција.

Според него, „ерменската влада треба да учи од своето неодамнешно искуство и да не подлегнува на овие провокации“.

-Би било во интерес на Ерменија да ја искористи можноста за мир и да не падне во замката поставена од земјите што ја доведуваат во заблуда, рече Ердоган.

За време на 44-дневниот конфликт, Азербејџан го врати Карабах по речиси 30 години ерменска окупација.

-Мирните односи со Азербејџан би биле најдобрата опција за Ерменија. Оние кои ѝ ставаат оружје во рацете ќе ја остават Ерменија сама во тешки времиња, додаде Ердоган. /МИА

Украинскиот парламент го одобри клучниот закон за малцинствата

Пратеникот Јарослав Железниак на Телеграм објави дека пратениците гласале за конечно читање на предлог-законот за правата на малцинствата, имајќи ја предвид експертската оценка на Европскиот совет.

Украинскиот парламент денеска одобри три нацрт-закони потребни за почеток на преговорите за пристапување на Украина во Европската унија, вклучително и еден за правата на националните малцинства, експресно барање на Унгарија, која се противи на кандидатурата на Украина за ЕУ, соопштија официјални лица.

Пратеникот Јарослав Железниак на Телеграм објави дека пратениците гласале за конечно читање на предлог-законот за правата на малцинствата, имајќи ја предвид експертската оценка на Европскиот совет.

Будимпешта се судри со Киев поради, како што вели, ограничувањата на правата на етничките Унгарци во западна Украина, особено во образованието.

Останатите два усвоени нацрт-закони се однесуваат на зголемување на персоналот на Националното биро за антикорупција и давање дополнителни овластувања на Националната агенција за спречување на корупцијата во врска со инспекциите на имотот.

-Украинскиот парламент штотуку усвои три од четири закони со уставно мнозинство, идентификувани од Европската комисија како неопходни во нејзиниот извештај за проширувањето на ЕУ, рече вицепремиерката Олга Стефанишин во анексот.

Таа додаде дека четвртиот услов, закон за лобирање, бил одобрен од владата во вторникот.

Следната недела 27-те национални лидери на земјите од ЕУ треба да одлучат дали ќе ја прифатат препораката на Европската комисија за упатување покана до Киев за почеток на официјални преговори за членство во ЕУ. Сепак, секоја таква одлука бара едногласна поддршка.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан постојано изјавува дека неговата земја нема да го поддржи предлогот на Европската комисија во сегашната форма. /МИА

Џафери: Ми претставува голема чест доделената доверба

Талат Џафери ќе биде првиот премиер Албанец откако неговото име било предложено од првиот човек на ДУИ Али Ахмети, а одобрено од централното раководство на партијата кое одржа состанок во седиштето во Мала Речица.

Џафери ќе ја преземе функцијата кога техничката влада ќе стапи на сила во последните 100 дена од овој состав.

притисни ентер