Ковачевски: Со инвестиции во опрема и повисоки плати во здравството до поквалитетна услуга

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски придружен од министерот за здравство Беким Сали, денеска го посети и отвори одделението за магнетна резонанца во рамки на одделот за рентген во ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност - Прилеп.

Во продолжение ви ја пренесуваме во целост изјавата на премиерот Ковачевски:

„Нашата посета на Општата болница во Прилеп е по повод отворањето на одделот во кој е поставен ново набавениот апарат за магнетна резонанца.

Одделението со нова магнетна резонанца во Прилеп е дел од приоритетите на Владата и на Министерството за здравство. Освен во човечкиот капитал, сериозно да инвестираме и во опремување и реновирање на здравствените установи.

Магнетната резонанца е од огромно значење и придобивка за граѓаните на Прилеп и околината. Во овој оддел од денеска највисока здравствена услуга неопходна за точна дијагностика ќе добиваат околу 120.000 граѓани.

После повеќе од 50 години болницата добива модерен апарат за магнетна резонанца и сега ќе може уште полесно и поцелосно да ја остварува својата мисија - да обезбедува квалитетна здравствена услуга за населението од Прилеп, Крушево и Македонски Брод и за целиот овој регион, вклучително и Кавадарци.

Граѓаните од Општина Прилеп и околината нема веќе да патуваат во Скопје или Битола за да ја добиваат оваа здравствена услуга. Сега им се отвора можност олеснет пристап, без дополнителни трошоци и време за термин, да ги добиваат резултатите веднаш.

Апаратот го обезбеди Министерството за здравство, додека болницата ги обезбеди средствата за градежниот зафат и дополнителната опрема.

Веќе ме известија дека во изминатиот период е спроведена обука и пробни снимања од лекарскиот тим и другиот медицински персонал, кои се целосно подготвени да им ја пружат на своите сограѓани најдобрата здравствена услуга.

Во изминатите две години пандемијата покажа дека инвестициите во јавното здравство се инвестиции во здравјето и иднината на нашата држава.

Затоа продолжуваме со инвестиции во јавното здравство за мотивирани здравствени работници и задоволни граѓани.

Платите на сите вработени во здравството од почетокот на оваа година се зголемија за пет отсто. За оваа намена обезбедени се 600 милиони денари во Буџетот за 2022 година.

За четири години основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%, на општите лекари за 25%, додека на здравствените соработници за 15%.

Го коригиравме коефициентот за дежурства, а на младите специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основната плата на општ лекар.

Ова се само дел од мерките кои ја потврдуваат нашата определба и цел за достапна, квалитетна и долгорочно одржлива здравствена заштита, која ги има граѓаните во центарот на здравствениот систем.", се наведува во соопштението од Владата.

Мбапе подготвен да игра на нова позиција во Реал Мадрид

Напаѓачот Килијан Мбапе ја прифатил улогата за која е планиран по трансферот во Реал Мадрид, тврди „Ас“. 

Иако официјално не е објавен трансферот на фудбалерот од Пари Сен Жермен, на „Сантијаго Бернабеу“ веќе размислуваат како Французинот најдобро ќе се прилагоди во составот следната сезона.

За време на неговиот престој со парижаните, напаѓачот јасно стави до знаење дека претпочита да игра на левото крило на нападот на тимот, што му овозможува да се потпира на повеќе слободни простори на предните позиции. Во Реал оваа улога вообичаено му се доделува на Винисиус Јуниор, а ова е претпочитана позиција и за Родриго.

Сепак, според „Ac“, Мбапе е подготвен да игра повеќе во центарот на нападот како број 9 следната сезона, а тоа се поврзува и со неговата голема желба да ја освои „Златната топка“, бидејќи оваа позиција се смета за поволна за реализација на повеќе голови.

Францускиот репрезентативец оваа сезона постигна 41 гол на 43 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања. /МИА

Инцидент во грчкиот Парламент – пратеник физички нападна друг пратеник

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Независниот пратеник Константинос Флорос, кој беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, претпладнево физички го нападнал пратеникот од Грчко решение Василис Граменос во Парламентот, пред салата во која се одржува пленарната седница, јави дописничката на МИА од Атина.

На инцидентот му претходела вербална расправија во самата сала, што во ходникот се претворила во физичка пресметка, кога Флорос со тупаници го нападнал Граменос.

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за инцидент без преседан во Парламентот.

Претседателот на Парламентот Константинос Тасулас за насилното однесување на пратеникот побара највисока казна предвидена со правилникот на работа, односно исклучување на Константинос Флорос од Парламентот на 15 дена, а паралелно ќе биде побарано и одземање на пратеничкиот имунитет и кривично да одговара.

Флорос на изборите во јуни минатата година беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, која подоцна ја напушти и стана независен пратеник.

Спартанци се поврзува со поранешниот пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис кој издржува затворска казна./МИА

ДИК: До 11 часот излезноста 12,78 отсто или 229.473 гласачи

До 11 часот излезноста на првиот круг претседателски избори е 12,78 отсто или на гласање излегле вкупно 229.473 граѓани. 

Како што е објавено на официјалната веб-страница на Државната изборна комисија (ДИК), овие проценти се врз основа на обработени 3 418 избирачки места од вкупно 3 508 во општините на територијата на целата држава.

притисни ентер