Ковачевски: Со 250 милиони евра од само пет проекти, Владата ги поддржува општините

Премиерот Ковачевски посочи дека голем успех во реализацијата има и Проектот за подобрување на општинските услуги, наменет за над 35 општини во државата.

Премиерот Димитар Ковачевски, во своето обраќање на настанот по повод презентација на „Проектот за поврзување на локалните патишта“ во износ од 70 милиони евра, сублимира неколку поголеми проекти од над 250 милиони евра, кои Владата заедно со партнерите соработници и меѓународните институциите ги реализира во локалната инфраструктура сфера.

„Само преку пет поголеми проекти, меѓу кои и „Проектот за поврзување на локалните патишта“, инвестирани се над 250 милиони евра во општините. Со ТАВ програмата се реализираат 94 инфраструктурни проекти кои се директно насочени кон потребите на граѓаните со вкупна вредност од 49,7 милиони евра. Дел од проектите се завршени, дел се во фаза на финална реализација и треба да бидат реализирани оваа година, а крајниот рок за реализација е 2023 година. Со проектот „ЕУ за општините” во надлежност на Министерството за локална самоуправа, во наредните три години во општините Велес, Радовиш, Тетово, Аеродром, Врапчиште, Охрид, Струмица и Градот Скопје ќе се реализираат големи иновативни проекти во вкупна вредност од 5,5 милиони евра“, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски посочи дека голем успех во реализацијата има и Проектот за подобрување на општинските услуги, наменет за над 35 општини во државата.

„Овој проект помина низ сите филтри на Собранието, јас тогаш бев вклучен во неговото одобрување во Собранието како заменик министер за финансии, тука е и градоначалникот на Аеродром, тој беше претседател на комисијата за финансирање и буџет - така што многу добро ни е познато колку е значаен овој проект, чијашто реализација ќе изгради не само енергетски ефикасни објекти во општините, туку ќе направи и производство на електрична енергија која што во моментов сите знаеме колку е значајна. Тоа значи дека апликацијата на државата за овој проект била далековида со оглед на кризата во која се наоѓаме и која што практично ги зголемува трошоците за електрична енергија на сите субјекти па и на општините. Во 2021 година, преку овој проект се реализираа капитални инвестиции во износ од 800 милиони евра додека во 2020 година проектот е реализиран со 99% од износот на финансиски средства кои беа одобрени. Во рамки на годинашниот буџет за МСИП проектот пак, предвидена е реализација на повеќе проекти, меѓу кои и проектот за подобрување на енергетската ефикасност во државата во вкупна вредност од 25 милиони евра, од кои 10,5 милиони евра се за проекти за општините“, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски дополни дека, уште еден крупен проект кој се реализираше изминатите години е „Водоснабдување и одведување отпадни води“.

„Со средства во вредност од 100 милиони евра поддржани се сите општини за изградба на подобра инфраструктура за водоснабдување и за пречистителни станици. Овој проект ќе продолжи и во иднина со дополнителен фонд средства за поддршка на унапредување на локалната инфраструктура. Навистина има уште многу вредни проекти кои се реализираат во општините, ќе има и во иднина и верувам дека заеднички со сите капацитети ќе ги искористиме механизмите кои се на располагање за подобрување на животот на граѓаните“, рече Ковачевски.

Тој подвлече дека и во услови на најголемата економско-енергетска криза, Владата силно поддржува реализација на трајни добра, на инфраструктурни инвестиции, кои значат развој за општините, за граѓаните, за нови инвестиции, вработувања и економски развој на целата држава.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер