Ковачевски: Сметките од престојот на „Винска визија на Oтворен Балкан“ ќе може секој да ги види

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека сметките за учеството на самот „Винска визија на Oтворен Балкан“ ќе може секој да ги види.

Според него, точните суми, штом ќе бидат обработени фактурите, ќе бидат дел од јавните финансии, а кога тоа ќе се случи, како што рече, ќе праша во трезорот.

-Сите фактури, откако ќе бидат процесирани, се дел од системот за отворени финансии во државата и нормално, секој ќе може да ги види. Мене ме зачудува фактот што велите во однос на транспарентноста, бидејќи само пред еден месец Владата, институцијата што јас ја водам, институцијата каде што сме, беше оценета со транспарентност од 100 проценти. Се што требало да биде објавено, било објавено и нормално дека и ова ќе биде објавено. Прво, целата сума што ја кажувате вклучува и поддршка на нашите винарии кои беа на Саемот, бидејќи се работеше за најголем саем во Европа, 42 винарии и три дестилерии учествуваа од Македонија, таму бевте, можевте да видите. Второ, имавме цела рекламна кампања и на македонски и на албански и на српски јазик и која одеше во етерот на социјалните медиуми со оглед на забраната што ја имаме тука за рекламирање и која ги рекламираше македонската храна, македонското вино и македонскиот туризам, рече вечерва премиерот Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања.

Во однос на Македонската вечер на Саемот во Белград, премиерот истакна дека е задоволен што земјава била претставена не само пред земјите од Отворен Балкан, туку и пред многу други.

-Вие бевте сведоци дека таму имаше сигурно над 400 гости од сите држави кои практично се дел од „Отворен Балкан“, меѓутоа и од држави што се надвор од регионот. Имавме навистина успешно претставување на нашата држава, бидејќи во центарот на една соседна земја да направите промоција на се што е македонско за мене е навистина голема работа. Таму беа голем број наши компании од винскиот сектор, меѓутоа дојдоа компании и од други сектори. Постоеше можност за разговор и на политичко и на економско ниво. И сами бевте сведоци дека беа претставници и од ЕУ и од САД и сметам дека тоа беше исто така една успешна промоција, рече Ковачевски.

Новиот претседател на Аргентина: Почнуваме со шок-терапија

Новиот екстремно десничарски претседател на Аргентина вети економска „шок терапија“ за време на неговиот инаугурациски говор.

Хавиер Милеи ги предупреди Аргентинците дека земјата нема пари и повторно се обврза на програма со остри мерки за штедење. Популистичкиот аутсајдер извојува ненадејна изборна победа во ноември со радикални ветувања за реконструкција на болната економија на јужноамериканската нација.

Инаугурацијата се одржа вчера во Буенос Аирес. 53-годишникот на церемонијата рече дека ќе ја смени децениската декаденција со длабоки кратења на трошоците наменети за намалување на огромните јавни долгови и намалување на инфлацијата, која сега е повеќе од 140%. „Заклучокот е дека нема алтернатива за штедењето и нема алтернатива за шок-терапијата. Знаеме дека на краток рок ситуацијата ќе се влоши, но потоа ќе ги видиме плодовите од нашите напори“, рече Милеи, како што е соопштено од Би-Би-Си.

Новиот претседател брзо се издигна од релативна анонимност до највисоката функција во Аргентина на десничарска платформа која се залага за ограничување на правата за абортус, либерализација на законите за оружје и негирање на климатските промени, меѓу другото.

За време на кампањата тој често беше фотографиран како ракува со моторна пила, а неговите изјави многумина ги споредуваа со поранешниот американски претседател Доналд Трамп и поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро.

За време на кампањата, тој рече дека ќе ја замени валутата на Аргентина со долар и ќе ја укине централната банка на земјата, заедно со голем број владини оддели. Иако претседателот на таа земја има големи овластувања, Милеи се соочува со голем број проблеми. Тој најверојатно ќе се соочи со опозицијата во Конгресот на Аргентина, каде што неговата коалиција на мали десничарски и слободарски партии има само малцинска застапеност.

Останува да се види како новиот претседател ќе ѝ пристапи на работата во пракса. Некои политички коментатори забележаа како тој усвоил поумерен тон по неговата изборна победа. Од друга страна, само неколку часа по преземањето на функцијата, Милеи потпиша указ за намалување на бројот на министерства од 18 на девет, исполнувајќи го клучното ветување.

Меѓу гостите на церемонијата на полагање заклетва беше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се состана со неколку латиноамерикански лидери додека се обидува да ја зајакне глобалната поддршка за руската инвазија. Присутен беше и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Бредли Купер продава сендвичи на улица во Њујорк, го посетија неговите славни манекенки (ВИДЕО)

Холивудскиот актер Бредли Купер е снимен како работи и продава сендвичи во центарот на Њујорк.

Актерот во подготовката и продажбата на сендвичи му помогнал на својот пријател Дени ДиЏиампиетро, ​​сопственик на пицерија во Филаделфија, а сите пари отишле во хуманитарни цели.

Пред камионот со храна се појавиле некои познати пријатели на актерот, а меѓу нив и неговата поранешна партнерка Ирина Шајк. Покрај неа го посетила и манекенката Џиџи Хадид со која актерот наводно сега е во врска.

Во Германија почна судењето на мајка на три деца- убила жена од љубомора и избегала во Турција

Во Германија во тек е судењето на Салија К.(50), која е обвинета за убиство на Јасмина Т. со соучесник во 2011 година, бидејќи стапила во романтична врска со тогашниот партнер на Салија, Ибрахим.

По бруталното убиство Салија со двете деца побегна во Турција и дури годинава е предадена на германските власти.

Повеќе од 13 години по убиството на Јамина, Салија, која е мајка на три деца, се најде на суд во Дортмунд.

Таа е обвинета дека го планирала и извршила страшното убиство на младата Јамина со соучесник, кој претходно бил осуден на доживотен затвор, само затоа што тогаш имала односи со партнерот на Салија.

Голото тело на Јасмина било пронајдено на паркинг во Холандија, а две години подоцна за нејзиното убиство на доживотен затвор е осудено нејзиното поранешно момче Адем И.

Утврдено е дека во 2011 година Адем и Салија смислиле план да ѝ се „одмаздат на Јасмина за неверството“. Имено, Јасмина започнала врска со партнерот на Салија, Ибрахим К., кој тогаш имал 35 години. Најпрво за 1.000 евра ангажирале насилници, кои со дрвени стапови во дворот брутално го претепале Ибрахим и му ги скршиле коските.

После тоа имало план да ја киднапираат Јасмина и да ја силуваат, за да ѝ „докажат дека е к**ва“.

„Планирале да ја силуваат за да ја обесчестат и да ја означат како к**ва. Според обвинителството, обвинетиот ја нападнал жртвата, ја врзал и ја одвлекол во продавница. Мажите кои требало да ја силуваат чекале таму. Кога одбиле тоа го направиле пред камери, Адем и Салија ја однеле жртвата во нејзиниот стан“, рече обвинителката денеска на судењето.

Потоа, како што изјавил, решиле да ја убијат Јасмина бидејќи нивниот првичен план за одмазда пропаднал.

Во нејзиниот стан, додека била врзана со сајли, ја претепале, а потоа ја задавиле“, рече обвинителот.

За време на судењето Салија цело време молчела. Треба да сведочи и претходно осудениот Адем И.

притисни ентер