Ковачевски: Сите пратеници да бидат одговорни, блокадите се на штета на граѓаните

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски во одговор на новинарско праша истакна дека е апсолутно неодговорно во услови на криза да се врши бојкотирање и блокирање на Собранието.

„Тоа граѓаните не го заслужуваат. Пратениците треба да бидат одговорни бидејќи нив не ги бираат политички партии туку ги бираат граѓаните. Тие треба да бидат таму 24 часа како што е и наведено во самиот деловник на собранието бидејќи собранието е практично во постојано заседавање и треба да носи одлуки кои што ќе значат подобро за сите граѓани во државата", потенцираше премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека и покрај блокадата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а не од целата опозиција, тоа сепак функционира.

„На последната седница е усвоен дневниот ред и беа изгласани дел од точките за кои што постоеа исполнети услови за нивно усвојување. Потоа гледаме дека на Комисијата за избори и именувања веќе почна расправата за избор на уставни судии, каде што сите политички партии ги предложија своите предлози и според мислења на стручната јавност се работи за лица кои што се предложени од страна на пратениците и за кои што ќе има вредна расправа и за кои што следува избор на уставни судии.

Секоја политичка партија треба да биде одговорна и да даде максимум да се носат мерки и да се носат закони кои што го олеснуваат секојдневниот живот и кои што се грижат за задржување на стандардот на населението", посочи Ковачевски.

„Не постојат закони кои што не влијаат на општествените процеси во позитивна смисла, и тука не може да се смета Собранието за супермаркет каде што некој ќе одлучува кој закон ќе помине кој нема да помине. Секое законско решение содржи во себе или унапредување на одредени процеси или унапредување на одредени права на граѓаните или на компаниите во државата бидејќи не сите закони се однесуваат исклучиво на граѓаните туку има голем дел на законски решенија кои што се однесуваат на подобри услови на деловната заедница во државата", нагласи премиерот Ковачевски.

Ковачевски дополни дека има голем број на одредени групи во општеството на кои што треба да им се излезе во пресрет и дека постојат голем број на законски решенија кои што се важни за напредокот на развојот на општеството и за усогласувањето со директивите на ЕУ.

Претпладне сончево, попладне краткотраен пороен дожд

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне, особено во западниот и северниот дел, ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. 

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Од утре условите за пороен дожд со грмежи краткотрајно ќе се намалат, а поинтензивни процеси повторно се очекуваат од четврток и кон деновите од викендот.

Дневен хороскоп за 6. јуни 2023 година

Дневен хороскоп за вторник, 6. јуни 2023 година. 

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска е убав ден за секаков вид дружење и неврзани разговори на кафе. Прошетајте се , поразговарајте.

Кариера

Можеби ќе ви се јави некоја странка или ќе добиете заостанат меил. Се ќе решавате со леснотија.

Здравје

Радувајте ѝ се на иднината.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои уште бараат сродна душа, ќе се обидат да ја најдат на место касде се собираат со пријателите.

Кариера

Зад себе оставивте се уредно и како што треба и така очекувате да најдете. Сепак , ќе треба да проверите некои ситни работи за кои мислите дека недостасуваат.

Здравје

Веќе не сакате да ве искористуваат.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Премногу зборување не води никаде , искрените прегратки и погледи ќе бидат доволни за да се чувствувате добро и исполнето.

Кариера

Можно е да почнете соработка со една прекуморска земја или со место што е поврзано со вода.

Здравје

Внимавајте на здравата исхрана, пијте повеќе течности.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во секој момент одржувајте пријателски став кон другата страна и не ја наметнувајте својата волја.

Кариера

Една фаза од вашата кариера денеска завршува и почнува нова. Можно е да ви претстават нов план за развој.

Здравје

Слабост и главоболка.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Постојаната стабилна врска ќе ви даде сила да се соочите со предизвиците во другите области од животот.

Кариера

Успешно ќе се борите со барања од кои нема сите да ви се допаѓаат. Ќе ги вртите работите во своја корист.

Здравје

Вежбајте за да зајакнете.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе ги игнорирате грижите и ќе и се посветите на својата најмила личност со полно внимание.Ќе бидете задоволни. Осамените секако нека излезат.

Кариера

Бргу ќе го премотувате филмот целиот работен ден и ќер заклучите дека сте ги решиле сите проблеми онака како што требало.

Здравје

Движете се што повеќе.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Некои ќе влетаат во површна куса врска , во која ќе покажат голема доза на инвентивност.

Кариера

Се наоѓате на чекор до нови предизвици , кои се атрактивни и ви носат нова желба и мотив за работа.

Здравје

Движете се .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

За секој свој љубовен проблем денеска ќе најдете решение. Вашиот оптимизам ќе порасне и покрај емотивните празнини.

Кариера

Се отвора една голема врата низ која наскоро ќе поминете. Тоа е шанса за професионално усовршување.

Здравје

Јадете помалку и патувајте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Многумина најмногу ќе сакаат да излезат меѓу луѓе , без притисок дека мора нешто да се случи. токму таквиот став ќе ви донесе ново познанство.

Кариера

Денеска ќе бидете многу активни во работењето со странки и со луѓе воопшто. Другите ќе го препознаваат вашиот труд околу нив.

Здравје

Не останувајте сами дома, излезете.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во личните односи ќе се фокусирате на што поголемо зближување. Ќе ви биде потребен допир, прегратка и бакнеж.

Кариера

Вашиот стил на работа подразбира ред и континуитет. Неодговорните би можеле да ви се спротистават , но безуспешно.

Здравје

Останете свои.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска би можеле да ја почуствувате грубоста на партнерот , на кого му е доста од вашето лебдење во облаци. Обидете се да бидете позрели и поконкретни.

Кариера

Ќе напредувате во областа на уметноста, но сите конкретни работни задачи тешко ќе ги остварувате.

Здравје

Внимавајте на вируси.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе заклучите дека вашата самодоверба не е толку важна , колку што е важно да сакате , па што ќе биде, нека биде.

Кариера

Ќе ја анализирате својата листа на приоритети и на прво место ќе поставите нешто ново.

Здравје

Верувајте во себеси.

притисни ентер