Ковачевски: Секој работник заслужува еден ден да биде слободен и да биде со своето семејство

„Во моето експозе најавив дека уште од првиот ден ќе се зафатам со справување на енергетската криза, пандемијата и животниот стандард на граѓаните, со пензиите и минималната плата", рече во интервју за Канал 5 Телевизија премиерот Димитар Ковачевски.

„Идна недела започнува социјалниот дијалог за износот на минимална плата во државата во кој се вклучени синдикатите и компаниите. Сметам дека во овој процес треба да се востанови соодветна методологија која ќе биде во корелација со продуктивноста на трудот. Притоа сите имаат одговорност - и вработените и менаџерите. Менаџерите треба да ја зголемуваат продуктивноста со воведување нови инструменти, нови технолошки процеси", рече Ковачевски.

Околу реакциите во врска со Законот за недела неработен ден премиерот Ковачевски истакна дека овој закон е донесен низ инклузивен процес во кој беа вклучени и коморите, и синдикатите и социјални партнери и дека тој го поддржува концептот секој работник да има слободен ден.

„Јас сум на страната на работниците. Сите работници заслужуваат да ја имаат недела како неработен ден кој ќе го поминат со своите деца и семејства. Сепак, имавме предвид дека постојат индустрии кои не можат да затворат во недела и постапки кои не можете да ги затворите во недела како царински постапки или логистички процеси, сѐ беше земено предвид, во тој социјален дијалог", подвлече Ковачевски.

Ви интервјуто премиерот Ковачевски најави дека ќе има зголемување на пензиите.

„Колку ќе биде тоа, не можам да лицитирам со бројки, бидејќи сакам тие да бидат прецизни. Веќе ги правиме анализите и ќе ги повикаме здруженијата на пензионери и партија на пензионери и заедно со Министерството за финансии и Пензискиот фонд и согласно расположливите буџетските средствата ќе работиме на зголемување на пензиите. Буџетот е комплетно ликвиден, а Пензискиот фонд има средства со кои располага", вели во интервју за Канал 5 Телевизија, премиерот Димитар Ковачевски.

За оваа болест лек не постои, а може да доведе до неплодност

Симптомите само наизглед се безопасни

Многу жени не се ни свесни колку сериозно може да биде она што го сметаат за обична болка во „оние денови“.

Секоја жена барем еднаш во животот искусила менструални болки, грчеви, надуеност во текот на „оние денови“, а најчеста препорака за ублажување на болките е употребата на аналгетици.

Но, не сите болки за време на менструалниот циклус се безопасни. Честопати, тие се симптом на ендометриоза, недоволно дијагностицирана сериозна медицинска состојба која честопати може да се помеша со менструална болка. Во оваа состојба, ткивото што ја обложува матката расте и се лачи за време на менструалниот циклус. Меѓутоа, со ендометриоза, ова ткиво расте таму каде што не треба, во карлицата и другите делови на матката, предизвикувајќи различни симптоми, вклучувајќи карлична болка, болни менструални циклуси, болка за време на сексуален однос, неплодност и замор.

Како се дијагностицира ендометриозата?

Дијагностицирањето на ендометриозата честопати бара комбинирање на медицинска анамнеза, гинеколошки преглед и анализи како што се ултразвук или МРИ скенирање на карлицата. За време на гинеколошки преглед, лекарите бараат абнормалности како што се цисти или ткиво со лузни, и проверуваат дали има болка и чувствителност или знаци на сериозна болест. Во некои случаи, се користи лапароскопија за да се потврди дијагнозата. За време на оваа процедура, хирургот може да ги отстрани ендометриозните ткива и ткивото со лузни.

Како се лекува ендометриозата?

Во моментов не постои лек за ендометриоза, но третманот се фокусира на ублажување на симптомите, справување со болката и подобрување на квалитетот на живот. Третманот зависи од пациентот и ги зема предвид факторите како што се сериозноста на симптомите и репродуктивните цели на пациентот. Во некои случаи, се препорачуваат минимално инвазивни хируршки процедури. Исто така, хормонската терапија и лековите за ублажување на болка може да помогнат во олеснување на симптомите на ендометриоза.

Ендометриоза и неплодност

Ендометриозата може да доведе до неплодност на неколку начини, вклучително и блокирање на јајцеводите и лачење на токсини кои можат да спречат имплантација на оплодената јајце клетка. Во случаи кога другите терапии не се успешни и пациентката не сака да ја зачува својата плодност, може да се разгледа хистеректомија, хируршко отстранување на матката, заедно со ексцизија на ендометриозата.

Извор: srecna.republika.rs

Секојдневна рутина на 80-годишна баба за порцелански тен (видео)

Една повозрасна дама од Кореја стана популарна на Интернет по својата блескава и свежа кожа, откако нејзината внука сподели видео со трикови за нега на кожата.

Брчките, старечките дамки и губењето на колагенот се природен дел од стареењето на кожата, но многу луѓе тешко го прифаќаат овој процес, обидувајќи се да најдат начини за да го задржат свежиот изглед на кожата што е можно подолго. 80-годишната Тошико Ето стана позната откако нејзината 36-годишна внука Јури Ли од Лос Анџелес објави видео на кое бабата се појавува со блескава кожа.

Нејзината внука тврди дека баба ѝ сето тоа го постигнала без ботокс и филери, а нејзините придружници беа љубопитни да слушнат како оваа баба го одржува својот младолик и свеж изглед.

Ли за локалните медиуми открила дека нејзината баба се грижи за својата кожа уште од својата 20-та година, што е потсетник за тоа дека нашата кожа ни возвраќа во позрелите години доколку сме ја негувале уште од раната младост, кога сè уште изгледала беспрекорно.

Бабата ја има својата секојдневна рутина за нега

Во изминатите 60 години, Ето следи дневна рутина за нега на кожата, користејќи некои производи на кои останала доследна со децении. Еден од нејзините вообичаени производи е лосионот за навлажнување, што таа го прска на лицето. Дерматолозите велат дека овој лосион содржи активна состојка дикалиум глициризинат, кој го изедначува тонот на кожата и помага во одржувањето на хијалуронската киселина, пренесува Business Insider.

Друг производ кој е незаменлив во секојдневната рутина за нега на кожата на oваа баба е серумот со витамин Ц, специјална есенција за избелување. Дерматолозите истакнуваат дека формата на витаминот Ц во овој производ помага да се поправат оштетувањата од УВ зраците, го поттикнуваат создавањето на колаген и помалку ја иритираат кожата. Витаминот Ц помага и при хиперпигментација и го изедначува тенот на кожата. Покрај тоа, г-ѓа Ето нанесува уште еден серум кој содржи транексамична киселина која го подобрува тенот. Оваа баба користи и хидратантна крема против брчки, како и подлога која содржи церамиди кои помагаат во обновување на кожната бариера. По миењето користи ноќна крема.

Не се изложува на сонце

Ли открила дека нејзината баба не излегува често надвор и дека ја штити кожата од сонцето. Од друга страна, за Business Insider, дерматологот д-р Тина Алстер изјави дека генетиката и заштитата од сонце се двата најважни фактори кои придонеле за младешкиот изглед на кожата на г-ѓа Ето.

Алстер изјавила дека секојдневната рутина за нега на кожата на оваа баба веројатно минимално придонела за нејзината кожа без брчки. Таа додала дека, на пример, ако витаминот Ц е со соодветна јачина и формулација, тој е најдобриот производ во нејзината програма.

Додатоци и протеини

Исто така, Ето 20 години секојдневно пиела протеински прав од соја и витамин Ц во прав измешани со екстракт од суви сливи. Освен тоа, таа додала дека и маслото од авокадо е исклучително заслужно за нејзиниот беспрекорен тен.

Истражувањата покажаа дека доволниот внес на протеини позитивно влијае на здравјето на кожата. Витаминот Ц помага да се заштити кожата од сонцето и е поврзан со намалување на брчките.

@yurileeeee She has literaly the most beautiful skin i’ve ever seen!! #grandma #grandmatiktok #beautifulskin #flawlessskin #skincarevideo #glassskin #skincarroutine ♬ Cartoon Eye Blinking Sound - Anna

Моќта на ферментираната храна

За корисниците на Тикток, оваа баба открила дека можеби храната што ја внесува е позаслужна за нејзината кожа отколку гелот против брчки. Таа изјавила дека има обилен појадок и дека оброците најчесто ги приготвува дома. На нејзината трпеза доминира зеленчукот и ферментираната храна, вклучувајќи ја и традиционалната јапонска кујна која вклучува ферментирана соја.

Ферментираната храна, според експертите, е поврзана со здравјето на цревата, кое пак е поврзани со здравјето на кожата. Иако сите овие фактори се важни за убава кожа, генетиката и заштитата од сонце играат најголема улога, тврдат експертите.

Извор: srecna.republika.rs

Полицајци добиле повик на гробишта- таму затекнале жена, која ги „замрзнала“ (ВИДЕО)

Гратчето Лулес, во аргентинската провинција Тукуман, го „потресе“ необичен настан кој е снимен пред неколку дена.

Полициската патрола добила дојава дека „непознато лице ноќе се шета во близина на гробиштата“, па решиле да проверат за што се работи. Видеото од интервенцијата се појави на мрежите и започна дебата за постоењето на паранормалниот свет.

Кога пристигнале на гробиштата, полицајците затекнале непозната жена со долга црна коса како бесцелно одела, облечена во „излитена“ облека.

„Таа не сакаше да комуницира со нашите полицајци. Испушташе чудни звуци и во еден момент клекна пред нив“, соопштија властите.

Жената продолжила да си зборува, а потоа почнала да вреска. Таа потоа тргнала во правец на локалниот каменолом, пишува Мендоза пост.

Медиумите објавија дека полицијата на крајот успеала да воспостави комуникација со жената која наводно рекла дека „го бара синот“.

Локалните власти остануваат цврсто затворени за информаци додека не заврши истрагата. Во исто време, локалните гробишта во Лулес се најдоа во центарот на вниманието на корисниците на социјалните мрежи.

Како што можете да замислите мислењата се поделени.

Додека некои веруваат дека се работи за дух, или некаков вид привидение, други се прашуваат од кога духовите имаат сенка и заклучуваат дека на жената ѝ е потребна медицинска или психијатриска помош.

притисни ентер