Ковачевски – Петков: Ќе се посветиме на работи кои беа заборавени последните години

Добрососедството ќе биде на пиедестал и ќе се посветиме на работи кои беа заборавени последните години. 

Меморандумите што денеска беа потпишани имаат еден краен резултат, а тоа е економски развој на целиот регион, порачаа премиерите на Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков на заедничка прес-конференција во Софија.

Двајцата премиери оценија дека е добро што веќе има план за неделни средби на секториските групи и дека брзо може да се постигне сето она што е испуштено во изминатиот период.

– Имаме веќе три реални потпишани меморандуми за многу клучни прашања – прашања од областа на земјоделството, малите и средните претпријатија и развој на железничката врска Софија – Скопје. Тоа е пример за новиот пристап којшто ние го даваме со нова енергија и реални резултати, рече бугарскиот премиер Петков, додавајќи дека има огромна синергија и предности за добрососедство.

Тој најави дека на првите средби на работните групи ќе присуствуваат и претставници од стопанските комори и од образовните и културните институции.

– Добро е што веќе има и план за неделно среќавање на секторските експерти. Меѓутоа, уште поважно е што веќе на првите средби ќе бидат вклучени и претставници од институциите, односно од стопанските комори, образовните институции, културните установи и низ конкретна соработка да можат да ги видат бенефитите од соработката помеѓу двете соседни држави, рече македонскиот премиер Ковачевски.

Работната група во делот на енергетиката, трговијата, инвестициите, туризмот и земјоделието веќе има план на активности што ќе треба да се реализираат во наредните месеци, а групата задолжена за културата и образованието исто така има конкретни проекти коишто ќе значат соработката меѓу високообразовните институции од двете држави и воспоставување на научни конференции особено во делот на природните науки. Во делот на евроинтеграциите, како што посочи Ковачевски, Македонија може да ги примени искуствата од Бугарија која веќе 15 години е членка на Европската унија.

Двајцата премиери изразија задоволство и од историската комисија која, како што посочија, ќе ги интензивира активностите во следниот период.

– Историската група кажа дека ќе има барем три средби следните четири месеци. Многу интензивна работа меѓу средбите и тие имаат оптимистички поглед кон заедничките задачи, изјави Петков.

На почетокот на прес-конференцијата на двајцата премиери, беа потпишани неколку билатерални договори за соработка во различни области меѓу двете држави.

Следната средба на работните групи ќе се одржи за една недела. Работните групи беа утврдени на 18 јануари при посетата на бугарската владина делегација предводена од Петков на Скопје. /МИА

Во чест на Мирко Попов промоција на винил издание - ПОП КУЛТУРА

 Во Eдукативниот културен центар „Лабораториум“ вечер ќе се одржи промоција на првата винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари - ПОП КУЛТУРА, во рамки на платформата „Силата ЕУ Младите“.

Настанот е во чест на неодамна починатиот Мирко Попов, кој ја основа платформата „Силата ЕУ младите“, која ја издаде плочата.

Како што соопштија од тимот „Силата ЕУ Младите“, компилацијата претставува значаен историски документ и запис за времето и квалитетот на македонската поп музичка сцена на докажано најквалитетниот носач на звук и се уште најценетиот во светот на музиката (винил), што е куриозитет на домашната сцена.

Компилацијата опфаќа селекција песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена: Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска (Mia Perevska), Дина Јашари (Dina Jashari), Андреја Салпе (Andreja Salpe), Зи (Zee), Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и веќе признаениот музичар Слаткаристика (Slatkaristika).

Музичкиот избор оваа вечер ќе биде на диџеите на младиот колектив Македонско Улично Радио: Скам, Аудио Цигла и Демиџ Контрол. Промотивниот настан се реализира во соработка помеѓу Силата ЕУ Младите“, Македонско Улично Радио и Лабораториум.

Платформата „Силата ЕУ Младите“, е еден од низата проекти иницирани и програмски уредени од Мирко Попов, кој континуирано и посветено работеше за поддршка на младите и креирање простор за нивно изразување, работа и препознавање како креативна и надоаѓачка сила во музиката и културата. Како продуцент и куратор го реализира и ова, 13-то по ред винил издание за дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“.

- Во издание на „ПМГ Рекордингс“, Попов реализираше 300 изданија македонска музика од македонски автори на македонски јазик. Затоа Мирко Попов е еден од најголемите чувари на македонскиот идентитет. Ако Југославија го имаше „Пакет Аранжман“ во 1981, како пресек на тогашниот нов бран, Македонија денес го имановиот бран на поп музика на компилацијата ПОП Култура, чија историска вредност ќе се покаже во годините што доаѓаат. Голема радост за Мирко беше оваа плоча, чија промоција за жал не успеа да ја дочека, а во негова чест ќе ја промовираме овој петок во Лабораториум, се вели меѓу другото во соопштението од тимот на „Силата ЕУ Младите“.

Битолскиот театар на меѓународен фестивал во Рума, Србија

Актерите на НУ Народен театар-Битола, Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов вечер во Рума, Србија на тамошниот меѓународен театарски фестивал ќе ја одиграат претставата „Кислород“ во режија на Иван Јерчиќ.

Фестивалот е со натпреварувачки карактер и освен македонските актери во конкуренција се и актери на театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија.

Театарската претстава „Кислород“ е фокусирана на проблемите во животот, потребата на човекот да живее, или како што велат битолските актери, да се живее живот полн со љубов, среќа, емпатија и солидарност.

Претставата „Кислород“ почнува во 21 часот и ќе се одигра на сцената на Градски театар во Рума. /МИА

Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања

 Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД.

Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) Стивен Колбер.

Но, настанот неколку пати беше прекинуван од демонстрантите во салата, кои скандираа против политиката на Бајден за поддршка на Израел во војната со Хамас. Еден од демонстрантите извика „Срам да ти е, Џо Бајден“. Тие исто така го прекинуваа и говорот на Обама.

Демонстрантите го прекинаа и настапот на музичарите Квин Латифа, Лизо, Бен Плат, Синтија Ериво и Леа Микеле.

Влезниците за вчерашниот предизборен митинг на Бајден чинеа од 250.000 и 500.000 долари. Дел од донаторите позираа со претседателите, а фотографиите ги направи славната фотографка Ени Лејбовиц. /МИА

притисни ентер